Вчера инсталирав McAfee LiveSafe. Еве првични впечатоци и мислење...
- Фалат опции за подесеување. На пример, exclude може само за фајл ама не и за фолдер/и.
- При on-demand или real-time скенирање не може да се подеси акција за најдениот „престапник“. Може само после од карантин да се вратат - ама притоа не се автоматски креира exclude правило, ова посебно е ретардирано пошто на следниот скен ќе се деси истото. Кастом скенови се достапни од фајл менаџер, десен клик и скен на ресурс.
- Во schedule не може да се креираат кастом или брзи скенови, секогаш се прави фул скен (во мојот случај тоа значи нема да ја користам оваа опција).
- Firewall-от има неколку модови на работа: Ништо да не прашува и сам да одлучува што ќе излага влегува од нет, за се да прашува, и некоја помеѓу опција каде што прашува за само некои понепознати софтвери. Се на се излгеда употребливо, но јас лично би сакал повеќе производители да вклучуваат и опција на работа како методот на Tinywall: Не замарај за ништо, едноставно затвори СЕ освен за тоа што јас рачно ќе подесам дека треба да излегува надвор. Полесно ми е да подесам еднаш што треба да излегува, и да знам дека НИШТО друго нема да излезе освен ако јас не го дозволам тоа. Полесно е пошто во спротивно немам контрола што излегува надвор, и секогаш треба да проверувам дали некој нов/стар програм има такви привилегии.
За крај лично согледување за одразот врз перформансите на системот... Прилично добро, навистина изгледа дека нема голем импакт врз работата на ОС-от и програмите. Всушност 4-5 години немам преинсталирано ОС и баш се мислев дека е време, пошто некако успорено ми делуваше работата на системот. Но откако го сменив Битдефендер со МекАфи, голема е разликата. Битдефендер има подобар скор на AV-Comparatives ама изгледа дека резултатите за одразот врз перформансите на системот, не се баш реални. Сега гледам колку успорувал. :-/
Во секој случај, McAfee LiveSafe засега од мене има thumbsUP.
Еве една рецензија: McAfee LiveSafe
И еве како изгледа корисничкиот интерфејс:
Рецензија за McAfee Total Protection: McAfee 2018 Review: Malware Protection Much Improved
Споредба меѓу разните верзии на McAfee:
edit: Не спомнав дека лиценцата дозволува инсталација на неограничен број уреди, што значи дека може да го инсталирате на сите компјутери, лаптопи, а богами и андроид телефони. Инаку моментално имате шанса да ќарите бесплатна едногодишна лиценца, како што објаснив овде:

Моментално има бесплатно McAfee LiveSafe 2017 (повеќекорисничка) лиценца со година дена претплата. :
Free McAfee LiveSafe (100% discount) | SharewareOnSale
Jaс си земав, пар совети: На sharewareonsale.com бапнете некоја [email protected] лажна маил адреса (освен ако не сте љубители на спам). Потоа добивате линк кон home.mcafee.com каде ќе бара кредитна картичка ама нема ништо да наплати .Тоа е за авто претплата после една година, што може веднаш да се исклучи на Auto-renewal сетирањата. Инаку кај мене првиот пат нешто заглави „купувањето“, потоа прво направив акаунт па ја завршив постапката.
Ривју: McAfee LiveSafe