1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Max ADSL Optic прашање

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од washburn, 11 Август 2010.

  1. washburn

    washburn
    Intern

    33
    0
    9 Декември 2009
    Сакам да прашам дали се достапни овие пакети во сите градови низ Македонија и колку се добри.. Сакам да слушнам искуства од корисниците. Поз..
     
  2. hromdesign

    hromdesign
    Intern

    58
    1
    12 Јули 2010
    Не верувам дека е достапен во сите градови ни во Скопје не е достапен на некој места пр Хром, драчево аз другите незнам:rolleyes:
     
  3. IT Boss

    IT Boss
    Intern

    194
    15
    2 Јуни 2010
    T-Home: "Засега оптички интернет нудиме само во Скопје и тоа во населбите Центар и Карпош. Се надеваме дека до крајот на наредната година ќе бидеме во можност оптички интернет да понудиме во сите градови во Република Македонија."
    (Информацијата јас лично ја добив пред околу две недели кога се јавив на телефонскиот број 171).

    А во Optic достапност на нивната официална веб страна пишува дека оптички интернет е достапен само во Скопје и тоа во Капиштец, Градски ѕид, Карпош 4 (Партизан) и Педагошка.
    (Сепак оваа информација сметај ја за повалидна. На линкот погоре можеш и да превзедеш и пополниш формулар за согласност за поставување на оптика во твојата зграда, дали во овој момент на твојата адреса има можност за оптички интернет и слично).

    Според мене оптичкиот интернет е одличен бидејки за иста/речиси иста цена добиваме многу, многу побрз интернет. Мислам дека нивниот најголем пакет (Max Optic Comfort +) е најбрз интернет пакет во државата со брзина од (D/U): До 40 Mbps / 40 Mbps. Вклучен месечен сообраќај имаш 300 GB што е сосема доволно за мене, па и многу е. Тој пакет кошта 1.999 денари што е за само 200 денари поскап од нивниот најдобар MaxADSL пакет (MaxADSL 120) кој има брзина (D/U): До 10 Mbps / 768 Kbps и вклучен месечен сообраќај од 120 GB. Мислам дека ова е добра споредба од која може да се забележи огромната разлика во брзината и вклучениот месечен сообраќај и не толку големата разлика во цена.

    Но сепак има и еден недостаток. Најефтиниот пакет за оптички интернет е 1.499 денари што е доста скапо доколку интернетот е за во домашна употреба, додека најефтиниот MaxADSL пакет е 900 денари поефтин. Но сепак ти си знаеш колку ти е длабок џебот.

    Според мене било да зимаш оптички интернет, било да зимаш MaxADSL, подобро е да земеш 3 Max или барем Call & Surf бидејки така заедно ти излегува доста поефтино.

    Доколку сакаш да знаеш повеќе околу оптичкиот интернет во Македонија и пошироко прашај го чичко Гугл и тој ќе ти даде стотици резултати од портали, форуми и блогови кои постирале или дискутирале на таа тема.

    Поприлично се изнамачив да го напишам ова, но се надевам дека ќе ти помогне на тебе и на другите кои ѓи засега оваа тема. Поздрав!
     
  4. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,323
    24,889
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    И во капиштец има оптички кабел.
     
  5. IT Boss

    IT Boss
    Intern

    194
    15
    2 Јуни 2010
    Да, да. Така пишува ма нивната официална веб страна. Покрај тоа можеби ти не си видел, но јас го напишав Капиштец (читај 7-ми ред, втор збор).
     
  6. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,563
    3,480
    11 Декември 2008
    Машко
  7. IT Boss

    IT Boss
    Intern

    194
    15
    2 Јуни 2010
    Брат кажав јас погоре и за тоа (читај 9-ти ред).
     
Слични теми
  1. Drash
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    954
  2. sajd
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    981
  3. olikomerc
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,353
  4. Can4sta
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    678
Вчитување...

Сподели

Вчитување...