• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Матичните броеви на директорите на „Окта“ на Интернет

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
Матичните броеви на Михаил Мириантис и групата извршни и неизвршни членови на Одборот на директори на „Окта“ се објавени на Интернет на веб-страницата на Комисијата за хартии од вредност (КХВ).

Од Дирекцијата за заштита на лични податоци велат дека публикувањето на матични броеви во овој случај е непотребно и дека ќе испратат писмен указ до Комисијата да ги тргнат податоците од сајтот.

Станува збор за доставување на годишен извештај до КХВ, кој содржи информации за друштвото меѓу кои се „провлекле“ и матичните броеви на бордот на директорите на „Окта“.

-Обично во вакви случаи кога станува збор за т.н. пдф-документи, податоците ги ставаат без да ги проверат, по инерција . Дирекцијата за заштита на лични податоци ќе испрати указ до Комисијата за хартии од вредност за да ги тргнат тие податоци - вели Маријана Марушиќ, директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци.

Таа вели дека фактот дека станува збор за странски државјани не прави никаква разлика во однос на заштита на личните податоци.
Марушиќ посочува дека ваквите грешки се ненамерни и дека обично институциите веднаш ги поправаат по указот од дирекцијата. Сличен случај имало и со Министерството за земјоделство кое веднаш ги тргнало матичните броеви откако реагирала дирекцијата.

Од Комисијата за хартии од вредност велат дека за содржината на материјалите кои се објавуваат на веб-страницата на КХВ се одговорни исклучиво фирмите кои ги доставуваат документите.

-Како што ни ги доставуваат документите од компаниите така „МТ-Нет“, нашиот провајдер, ги става на нашата веб-страница. Тоа е вообичаена процедура, ние не им ги баравме матичните броеви - вели Габриела Јовева, портпаролка на КХВ.

Од „Окта“ пак, велат дека тоа што им го бара КХВ тие го доставуваат како документ до нив. Оттаму велат дека досега процедурата била таква и тие дејствувале како што им било наложено.

Инаку, Миријантис и е познат на македонската јавност по своите контроверзни изјави во однос на проблемите кои грчките газди на „Окта“ ги имаат со Владата. Кога Владата најави преговори со „Хеленик петролеум“ за отштетата која треба државата да и ја плати на „Окта“, Миријантис им порача дека ќе преговара кога тој ќе смета дека е потребно.

Новиот Закон за заштита на лични податоци стапува на сила од 19 декември оваа година, според кој за објавување на лични податоци ќе може да се поднесе и прекршочна пријава. Досега Дирекцијата за заштита на лични податоци можеше на прекршителите да им достави само указ, а од декември прекршокот и ќе се казнува. За правни лица казната ќе изнесува од 200 до 300 илјади денари, додека за физички од 40 до 50 илјади денари. Во двата случаја може да се изрече и забрана за обработка на лични податоци.

Автор: Ивана Билбиловска, Време, број 1247, 12.12.2007
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,590
Мислења
824,134
Членови
28,086
Најнов член
martinivs
На врв Дно