- Ја почнал/а темата
- #1
D
Администратор
МАСИТ против „Компјутер за секое дете“
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) бара од Владата да ги поништи отворените повици за набавка на „Компјутер за секое дете“ и за доделување фреквенции за фиксен безжичен пристап - вајмакс. МАСИТ и' препорачува на деловната заедница да не ја признава дипломата што ќе ја добијат посетителите на бесплатната обука во организација на Генералниот секретаријат на Владата.
- Владата треба да одговори дали има неправилности во процедурата на повикот за набавка на компјутери. На повикот за вајмакс-фреквенции беа извршени промени во условите надвор од предвидениот рок со документацијата. Дипломата од бесплатната обука не може да се смета како доказ за информатичка писменост зашто 16 часа е премал фонд за квалитетно да се покријат темите предвидени на курсот. Не се соодветни критериумите за избор на компании и предавачи што ја изведуваат обуката - вели Иван Митревски, извршен директор на МАСИТ.
Владиниот портпарол Ивица Боцевски изјави дека за Владата е нејасна оваа реакција, бидејќи овие проекти биле најавени пред една година и деловната заедница имала време да се подготви.
- Единствената причина за избор на кинеската фирма „Хеиер“ за набавка на компјутерите беше тоа што вториот понудувач нудеше пониска цена од 12 милиони евра - рече Боцевски.
(М.Б.)
Дневник петок, 13 јули 2007
И добро, зошто да не се признаат дипломите на луѓето кои во најголеми вруќини земале часови по информатика!?!?! Искрено, кога излезе МАСИТ мислев дека навистина нешто добро ќе се случи на македонскат а ИТ сцена, но МАСИТ упорно докажува спротивно. Директори се се` луѓе кои се сопственици на приватни ИТ компании и седнуваат во фотелјата за личен интерест, да се прошетаат и слично...
Не знам, можеби грешам, но ова е моето мислење.
Сепак не ми е јасно затоа што Владата направила некои дубари зошто секогаш треба да го јадат граѓаните? Зошто МАСИТ дрско повикува на ваква лоша постапка?