• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Рецензија Marshall Acton II Bluetooth

  • Ја почнал/а темата
  • #1

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4,619
5,197
Многу често кога разговараме за музика, свирки, аудио опрема и кога ке се спомне англискиот бренд "Маршал" не асоцира на нешто моќно и сериозно. Сите познавачи на аудио опрема многу добро знаат кој е еден од најдобрите лидери во аудио индустријата, посебно кога станува збор за професионална опрема за озвучување на концерти, големи настани и пред се производство на музички инструменти и опрема.
Благодарение на Анхоч, имавме можност да уживаме во Marshall Acton II Bluetooth звучник претходниве неколку денови.
Како што може да се види и од името, станува збор за блутут звучник кој што на прв поглед делува како да е мало уметничко ремек дело. Компанијата не само што произведува музичка опрема, туку обрнува и големо внимание на квалитетот и дизајнот на производите. Кога го гледаме Marshall Acton II можеме да видиме еден класичен маршалов засилувач кој е перфектно смален во канцелариски димензии се со цел идеално да биде сместен во работните простории и домот. Но не само уметничко дело во компактни димензии, туку многу моќност во компактни димензии.

Класично пакување во кое се наоѓа звучникот, кабел за напојување и брошура со кратко упатство за употреба со насоки за преземање на мобилна апликација.





Спецификации:

  • Димензии: Ш: 260mm, В: 160mm, Д: 150mm
  • Тежина: 2,85 kg
  • Мрежно напојување: 100-220 V
  • Фреквентен опсег: 50 Hz - 20 kHz
  • Максимално ниво на звучен притисок: 98 dB @ 1 m
  • Засилувач: 2 х 15W Class D (високи), 1 х 30W Class D (бас)




На почетокот рековме дека Marshall Acton II претставува моќно уметничко дело.
Изработката е на највисоко можно ниво, почнувајки од "leather style" , металните делови од гребен алуминиум и ретро дизајнот на препознатливиот изглед за гитарски засилувачи.



На горната страна од звучникот се наоѓаат потенциометрите кои во стилот на аналогна контрола му даваат еден вистински шарм на целокупниот изглед на Marshall Acton II. Со тастерите изработени од гребен алуминиум вршиме селекција помеѓу Aux и Bluetooth конекцијата, а на десната страна се наоѓа и прекинувачот за вклучување и исклучување. Нивото на јачина и положбата на потенциометрите за регулација на тонот се обележени со црвени лед диоди.





Самиот звучник има тежина од приближно 3 килограми што му дава стабилност и делува масивно. На долниот дел има гумени ногарки. Предниот дел е направен од фина мрежеста ткаенина која завршува со метална лајсна во бронзена боја, а на средишниот дел се наоѓа логото на Маршал.





На задниот дел се наоѓа "бас рефлекс" отворот, сервисен приклучок и приклучокот за мрежниот кабел.



Што се однесува до останатиот дел, односно оној што е интересен за нас, станува збор за музичка кутија која што е опремена со засилувачи во класа Д и тоа со засилувач и звучници од 2 х 15 вати за високите тонови и еден засилувач и еден звучник од 30 вати за ниските тонови. Изненадувачки е тоа што звучна кутија со вака мали димензии испорачува толку добар опсег на ниски тонови и е особено гласна.
За време на користењето звучната кутија беше тестирана со повеќе различни типови музика, извори на звук и местоположби. Со еден збор може да се каже дека е добар за слушање на секој тип музика. Особено доколку е сместен во некоја канцеларија каде што е потребно музиката да биде пуштена на дискретно ниво, а притоа просторот да биде исполнет со квалитетен и "не нападен" звук.
Доколку сакаме да видиме до каде може да се оди со квалитетот на звукот, ќе забележиме дека перформансите се намалени во опсегот на средните тонови, особено кога сакаме да слушаме малку поспецифична музика каде што има одредени инструменти кои го покриваат тој опсег. Доколку сакаме да извлечеме максимален звук, односно го одвртиме гласот до крај, ке забележиме дисторзија и изобличување во секој поглед. Така да не препорачуваме пуштање на гласот до крај, бидејќи и со ниво или две пред крајот, звукот е доволно гласен и квалитетен.
Што се однесува до поврзувањето имаме две можности. Едната е преку AUX конекторот од 3,5mm кој се наоѓа на горниот дел од звучната кутија, а другиот е преку Bluetooth, кој верувам дека сите ке го користиме.
Последната генерација на Bluetooth 5.0 е имплементирана во овој систем. Имаме можност за поврзување со повеќе извори за музика односно "Multi Host" што претставува исто така добра и корисна опција било да станува збор за домашна употреба или пак во канцеларија.
Доколку ја симнете апликацијата на Маршал, ќе имате многу повеќе можности за менаџирање на звучната кутија. Почнувајќи од софтверски надградби, па се до контрола на бојата на звукот и подесување на јачината на светење на положбата на потенциометрите. Апликацијата може да се инсталира и на Android и на iOS оперативен систем.



Една од интересните работи е и звукот на гитара при вклучување и исклучување на звучникот. Тоа дава една доза на шарм која што ја заокружува целокупната слика на звучната кутија.

Генерално мислење

Marshall Acton II претставува зачудувачки моќен звучник со многу рамнотежа во звукот, прекрасен ретро изглед, подржан и контролиран преку одлична мобилна апликација. Поврзан со Bluetooth уред може да биде одличен џубокс во секоја прилика. Можеби како негативност би ги спомнале: нема USB/TF приклучок за дополнително уклучување на USB или SD картичка, нема ФМ радио, што во даден момент би било корисно, и нема батерија. Со оглед на изгледот и тежината од скоро 3 кг, недостатокот на батерија можеме и да не го оправдаме бидејќи оваа звучна кутија не е предвидена да биде мобилна.
Како позитивности би ги нагласиле квалитетниот звук со длабок бас, мануелните ретро контроли на звук, одличниот изглед и пред се перфектната изработка.
Доколку сте љубител на квалитетни "гаџети" и квалитетен звук дефинитивно Marshall Acton II треба да биде вашиот избор. Доколку и сакате погласен звучник, одберете го поголемиот брат Woburn II Bluetooth.
Дизајнот е безвременски и се вклопува во секој простор.
Ви посакуваме уживање доколку се одлучите да го имате.





Повеќе детали можете да најдете на следниот линк:

Bluetooth
 
Последна промена:

Pane24

Unbeatable
31 октомври 2012
4,976
4,439
Ethermine
www.facebook.com
Нема никаква естетика во било кој домашен амбиент ( монотона реклама на Маршал у мојата соба бљак , името барем можеле колку звучникот да го направеле).
Нема никакви дисплеј индикатори за статус на уредот ( пазарскине копии ) на ретро радиа повеќе опции имаат и додатоци а вредаат 500денари , наспорти овоа што предност му е квалитетот на звукот.
И пред све ми асоцира на школскине југословенски разгласи :D
 

SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
2,719
4,612
У строК центар!
Нема никаква естетика во било кој домашен амбиент ( монотона реклама на Маршал у мојата соба бљак , името барем можеле колку звучникот да го направеле).
Нема никакви дисплеј индикатори за статус на уредот ( пазарскине копии ) на ретро радиа повеќе опции имаат и додатоци а вредаат 500денари , наспорти овоа што предност му е квалитетот на звукот.
И пред све ми асоцира на школскине југословенски разгласи :D
Пане, од кога ти се разбираш за естетика?

Маршалов има само една маана, нема батерија. Другото е на нивоу.
 

Pane24

Unbeatable
31 октомври 2012
4,976
4,439
Ethermine
www.facebook.com
Пане, од кога ти се разбираш за естетика?

Маршалов има само една маана, нема батерија. Другото е на нивоу.
Не ми треба да се разбирам од естетика :)
Едноставно кажано ако е за естетика има по тезгине ретро радиа со 300 глупости со усб и сваштарија за по 500-700 денари ама па ретро без никаков вкус како овоа.
Повеќето ми личе да му плаќам јас реклама на Маршалот со тоа нивното 80% големо лого наспорти целокупната големина и тоа во мојот дом .
 

Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3,238
4,455
Skopje
Banjifiko's setup  
Processor & Cooler
i7-4790/TT Contac 29
Motherboard
Gigabyte GA-Z97M-DS3H
Storage
SSD Samsung 840 Evo 120 GB + Toshiba DT01ACA300
PSU
CM 700 W Silent Pro
RAM
Kingston HyperX DDR3 1600MHz 24GB
Video card
Asus Strix GTX970
Case
TT Commander Blue LED
Mouse
A4 Bloody V7
Keyboard
Modecom MC-800W Volcano
Audio
Samson SR850 & JVC HAM55X
Monitor
Dell U2414h
OS
Windows 8.1
Маршалов има само една маана, нема батерија. Другото е на нивоу.
И нема aptX, а и малку ми е out of range како за BT звучник, ама сепак е Marshall. Го има тој легендарен изглед на музичко (гитарско) појачало, што го прави неодолив. :) Кој не киснел во МКЦ не знае на што мислам...
И еден flashback за мојата генерација. Ријека, 1983 и неповторливиот д-р Неле Карајлиќ: Цркна Маршалот, луѓе...

П.С. Рецензијата е врв! Но, една корекција ако може до др Сале. Името на звучникот е Marshall ACTON II Bluetooth...
 
Последна промена:

SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
2,719
4,612
У строК центар!
И нема aptX, а и малку ми е out of range како за BT звучник, ама сепак е Marshall. Го има тој легендарен изглед на музичко (гитарско) појачало, што го прави неодолив. :) Кој не киснел во МКЦ не знае на што мислам...
И еден flashback за мојата генерација. Ријека, 1983 и неповторливиот д-р Неле Карајлиќ: Цркна Маршалот, луѓе...

П.С. Рецензијата е врв! Но, една корекција ако може до др Сале. Името на звучникот е Marshall ACTON II Bluetooth...
Ајјј не го видов ни јас "i"-то.
ЕДИТ: Каде пишува каков кодек користи? @Banjifiko
 
Последна промена:

Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3,238
4,455
Skopje
Banjifiko's setup  
Processor & Cooler
i7-4790/TT Contac 29
Motherboard
Gigabyte GA-Z97M-DS3H
Storage
SSD Samsung 840 Evo 120 GB + Toshiba DT01ACA300
PSU
CM 700 W Silent Pro
RAM
Kingston HyperX DDR3 1600MHz 24GB
Video card
Asus Strix GTX970
Case
TT Commander Blue LED
Mouse
A4 Bloody V7
Keyboard
Modecom MC-800W Volcano
Audio
Samson SR850 & JVC HAM55X
Monitor
Dell U2414h
OS
Windows 8.1
Ајјј не го видов ни јас "i"-то.
ЕДИТ: Каде пишува каков кодек користи? @Banjifiko
Колку што најдов, користи најнов 5.0 BT протокол (SBC and AAC, no multipoint connection), за разлика од неговите поголеми браќа: Marshall Stanmore II и Marshall Woburn II кои имаат и RCA приклучок и Qualcomm aptX поддршка. Како и да е, тоа е звучник за забава, со малку посиров тон и дисторзија за пореален филинг, а не за hi-fi уживање...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4,619
5,197
П.С. Рецензијата е врв! Но, една корекција ако може до др Сале. Името на звучникот е Marshall ACTON II Bluetooth...
Поправено. Грешка у наслов и после си иде copy/paste и не обрнуваш внимание
BTW наскоро ќе имаме уште неколку слични вакви уредчиња на тест, добро е да слушнеме повеќе различни звучни кутии


Sent from my SM-G973F using Tapatalk
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4,619
5,197
Маршалов има само една маана, нема батерија. Другото е на нивоу.
Јас одма тоа го реков, нооо, одкако ке подразмислиш малку повеќе, уствари испаѓа и дека не е толку голема маана. Прво по мене е придобивка. За да биде доволно моќен треба да има добро појачало. Добро појачало треба да има и добро напојување. Не дека не може да се направи, но зошто да се комплицира кога може да биде едноставно. Плус дизајнот на звучникот и не ми е баш да биде транспортибилен, така да :) Ке речам, тоа што нема батерија по мене е и добро :D
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,804
Мислења
850,745
Членови
29,490
Најнов член
cadi1
На врв Дно