- Ја почнал/а темата
- #1
D
Администратор
Седумгодишниот Марко Чаласан, добитник на добитник на две светски признаени сертификати на “Мајкрософт“ денеска доби стипендија и 15 компјутери од Владата. Компјутерите денеска ги донираше премиерот Никола Груевски за потребите на Марко во неговата комјутерска лабораторија.
Марко денеска му покажа на Премиерот како се креира кориснички налог. Тој се подготвува да полага за трет сертификат, за креирање на компјутерски мрежи. Марко мрежно ќе ги поврзува 15 компјутери.
“Денеска на премиерот му покажав како се креира кориснички налог и креирав еден за него. Добив два сертификати од Мајкрософт. Првиот е за поддршка на Њиндоњс ЏП оперативниот систем, а вториот е за поддршка на веб апликации. Сега се подготвувам за Виндоус Администратор, за креирање на мрежи“, изјави Марко.
“Марко е високоталентирано дете кое што достигнало високи резултати невообичаени за седум години, разултати кои ги постигнале многу малку луѓе во светот. За поребите на Марко, разговарав со неговите родители и тие кажаа дека му е потребна лабораторија од 15 комјутери и сметам дека државата мора да направи нешто за вакво талентирано дете. Обезбедив и една стипендија за да му помогне на него и на неговите родители. Тој за две години ќе полага за уште еден сефтификат. Ја претставува нашата држава и ние како Влада на вакви таленти ќе се обидеме да им помогнеме“, рече премиерот Груевски.
Марко е ученик во второ одделение во основното училиште Блаже Конески во скопската населба Аеродром и е најмладиот добитник на вакви сертификати од Мајкрософт. Тој со компјутерите ќе работи во училиштето и има желба еден ден да работи за “Мајкрософт“.
Не се секава кога точно започнал да работи на компјутер. Рече дека бил многу мал.
“ На комјутер работам два часа дневно, а еден час читам многу книги за Виндоус“, додаде тој.
Веста е превземена од НетПрес
П.С. За печатните грешки кои се наоѓаат во текстот, погледнете тука