Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Маркетинг стратегија за веб-страна

Scofield

Intern
23 август 2019
43
32
Скопје, Македонија
Здраво, нов сум на овој форум.
-->Ако мислите дека темава е веќе почната на друг линк, слободно пишете - ќе ја избришам. <--
Имам веб-сајт и го водам околу 10 месеци. Се работи за WordPress сајт за забава, квизови, малку култура и нешто новости(немам политика). Маркетингот главно ми е преку Фејс и имам приметено дека лајковите се зголемуваат, и ричот е зголемен во зависност од објавата, но прегледите се скоро исти.
Незнам што прават другиве сајтови и како стигаат до 40-50к лајкови, но за да стигнам до 3500 лајкови уложив околу од 50-60 евра и преку 12к луѓе се поканети.
До сега моја практика е да спонзорирам слика или видео, и тие што ќе лајкнат да ги поканам. Исто така од другари/пријатели ги поканувам сите одеднаш. Пробав и финтата "тагни го пријателот" но некако слабо...

Некоја сугестија? На што да се посветам внимание и труд?
Дали дизајнот и функционалноста мењава во посетите?
Прво да исфорсирам и да изградам публика на Фејзбук, па после да шерувам линкови?
Да сменам конктент?
Да ги уложам парите во Инстаграм?

Секое мислење е добредојдено
 

Futurelakimens

Practice makes perfect
12 април 2017
1.908
1.245
Незнам дали е дозволено на форумов, ама убаво би било да го објавиш сајтот.

Пример, ако ти е бавен на мобилен, може да губиш посетители.

Ако не ти е добро подреден, лоша навигација и слично, пак може да губиш посетители.

Има многу сценарија.
 

TylerMkD

Guru
7 ноември 2014
4.444
9.398
Здраво, нов сум на овој форум.
-->Ако мислите дека темава е веќе почната на друг линк, слободно пишете - ќе ја избришам. <--
Имам веб-сајт и го водам околу 10 месеци. Се работи за WordPress сајт за забава, квизови, малку култура и нешто новости(немам политика). Маркетингот главно ми е преку Фејс и имам приметено дека лајковите се зголемуваат, и ричот е зголемен во зависност од објавата, но прегледите се скоро исти.
Незнам што прават другиве сајтови и како стигаат до 40-50к лајкови, но за да стигнам до 3500 лајкови уложив околу од 50-60 евра и преку 12к луѓе се поканети.
До сега моја практика е да спонзорирам слика или видео, и тие што ќе лајкнат да ги поканам. Исто така од другари/пријатели ги поканувам сите одеднаш. Пробав и финтата "тагни го пријателот" но некако слабо...

Некоја сугестија? На што да се посветам внимание и труд?
Дали дизајнот и функционалноста мењава во посетите?
Прво да исфорсирам и да изградам публика на Фејзбук, па после да шерувам линкови?
Да сменам конктент?
Да ги уложам парите во Инстаграм?

Секое мислење е добредојдено

Има премногу варијабли и фактори. Доколку целта ти се посети на веб-страна, тогаш накратко:

1. Инстаграм не ти е опција, бидејќи освен интеракција (лајкови), не е практично за веб-страна - не можеш да ставаш hyperlinks, а дури и да најдеш начин, нема доволно конверзии
2. Градење на публика преку слика за веб-страна не е паметно - целта е да ја привлечеш правилната публика која ќе ти ги клика статиите потоа.
3. FB Reach на органско ниво е многу низок, водам страни со 250,000+ фанови и пак мора да промовираш инаку не го добиваш посакуваниот ефект

Погледни ги најуспешните во МК и ќе сфатиш дека штанцаат статии на социјални мрежи, но немаат голема интеракција и покрај 100к+ фанови. Целта треба да ти биде да го продадеш брендот/порталот и потоа да створиш директни посети на дневна база. Јас би одел со carousel промовирани линкови и custom audiences градење преку FB pixel.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.708
Мислења
984.303
Членови
35.900
Најнов член
Gj0rgiew
На врв Дно