D
Администратор

Стевче Дачев, Чарлс Марвин-Тафи и Тоше Проески
Фондација „Тоше Проески“
Претседателот на седиштето на Фондацијата „Марита“ во Скопје, Стевче Дечев, пред трагичната смрт на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески предложи да се организира фондација што ќе го носи неговото име. Но, за жал, овој голем план пропадна со смртта на нашиот најголем пејач и хуманист.
„Во вторникот наутро, кога одев на работа, со такси поминав покрај Католичката црква и малку подолу како глас да ми довикна, како некое претчувство да ме тераше да се завртам кон канцеларијата на ’Аворд продукција‘, продукцијата на Тоше Проески. Се завртев, во канцеларијата имаше некој и во мислите се потсетив дека деновиве треба да се видам со Тоше и со Лилјана. Договорот беше веднаш по гостувањето во Австралија и концертот на Градски стадион да се видиме и да го договориме дуетот меѓу Тоше Проески и Чарлс Марвин-Тафи (Афроамериканец од Норвешка), како и промоција на Тоше во Норвешка преку пријателите на Фондацијата ’Марита‘.
Видео и аудиоцедињата од Тоше ми ги даде Лилјана следниот ден по промоцијата на ’Игри без граници‘. На повидок беше нов дует меѓу вокали од светски рамки - Тоше и Тафи. Нивното запознавање како да беше вчера. Седевме на иста маса и заедно се молевме на Молитвената вечера организирана од Фондацијата ’Борис Трајковски‘.
По вечерата клекнав до Тоше и му реков: Бог бара срце кое е целосно посветено на него. Бог ги создава луѓето за одредени цели и мисии. Бог те љуби, Тоше, преку Исус. Бог те даде да бидеш светлина. А светлината не се става под капак, светлината се става на видно место да им свети на луѓето. Тоше ми го даде бројот од својот мобилен и сакаше да ја продолжиме темата. Тоше го сакаше Бог со сето свое срце, сета своја душа и со сиот свој разум. Тоше ги сакаше и сите други како самиот себеси. Тоа се двете најголеми заповеди според Библијата. Тоше ги практикуваше.
На Молитвената вечера, на разделување, му реков: Тоше, правиш хумани дела и големи дела. Допираш до многу луѓе. Бог има прекрасен план за тебе. Мислам дека е време да формираме Фондација ’Тоше Проески‘ преку која твоите дела ќе се дуплираат. На Тоше му се допадна идејата.
Ден по промоцијата на „Игри без граници“ идејата ја презентирав и во ’Аворд‘ и пред Лилјана.
Договорот беше да се видиме по концертот на Градски стадион.
Токму пред два дена идејата ја доби својата форма и завршната верзија. Со голем фан на Тоше од Хрватска - Лена дури се договоривме дека е добро да има и музеј на фановите на Тоше. Лена ја отстапи и својата куќа во Задар за оваа идеја. Трета идеја како составен дел на фондацијата беше и академија што ќе го носи неговото име и ќе им помага на младите таленти.
Се' беше подготвено. Идејата беше Тоше да биде претседател на фондацијата. Деновиве требаше да се случи и состанок. Деновиве. Но, Тоше, деновиве ти веќе не си со нас. А беше договорот за деновиве.
Почивај во мир, Тоше. Бог ги сака ангелите во своето царство“, вели Дечев.
--
Превземено од Утрински Весник... 19.10.07
-------------------------------------------
Голем минус за фондацијата Марита.... како бе вака на туѓа несреќа ќе сакате да останете забележани и да се промовирате? Срамота!
Ако сакате да формирате фондација коja ќе го носи името на Тоше и ќе ги прославува неговите дела и ќе ги, не дуплира туку што повеќе од тоа, направете го тоа сега! Зошто да ви пропадне планот!
Бај д` веј, не ми е јасно како се создава таква фондација само за неколку дена? "Се' беше подготвено." по само неколку дена... хм!
На ваква статија, во вакво време - не и е место во весник... Не требало ни претседателот на фондацијата Стевче Дачев да ја напише воопшто доколку имал мала совест во него.
Целата статија е за него и неговата фондација... што направил тој, како нему му текнало, како се сретнал со Тоше и Лилјана, како бил на свечена вечера организирана од Фондацијата Борис Трајковски, како преку пријателите на неговата фондација Тоше ќе станел славен и во Норвешка, за "познатиот" Тафи, како Тоше нему му го дал бројот од мобилниот.... како тој и неговата фондација ова она...
Неам ништо против, нека си прават што сакаат, но ми се гади од народ кој профитира на туѓа несреќа, деновиве гледам и домените tose4ever.com, toshe4ever.com се купени моментално по веста. Еден од нив веќе има AdSense на сајтот... Не знам ок бизнис е бизнис некој ќе рече, но како што самиот Тоше велеше "Јас никогаш нема да газам по лешеви за да стигнам до целта"... луѓето треба да имаат бар каква таква почит!
Неам ништо лично ни против Утрински Весник.... гледам што се случува и коментирам... ако на некого му смета - so be it!