D
Администратор
Превземено од Утрински Весник/18.10.07:
Интернет-изданието на „Утрински весник“ претходните два дена беше речиси недостапно поради големиот број обиди да се стигне до содржините поврзани со ненадејната смрт на нашиот Тоше Проески.
Тоа се случи и со многу други медиуми што имаат Интернет-издание, но најзабележително беше кај нашата веб-страница поради тоа што најрано он-лајн ја објавивме тажната вест, а меѓу другото и поради тоа што сајтот на „Утрински“ е единствен медиум во Македонија кој објавува коментари и реакции на читатели.
До веб-страницата пристигнаа илјадници изрази на сочувство и жалење и тие може да се прочитаат на нашата Интернет-адреса .
--
За време на ваква трагедија тие се обидуваат да остварат маркетинг поени со објавување на ваква вест во нивната најактуелна секција "На прво место"....
Каква глупост!
Ок, имаше преголемо барање на содржини за Тоше, сите сакаа да прочитаат во разни весници што пишува, но како му текна на некој да објави ваква глупост... најрано ја објавиле - булшит!
Веста најрано беше објавена на некоја од хрватските страни...
Најзабележително било дека страната е преокупирана!? Зошто!? Затоа што најрано објавиле... Хмм... се работи за минути пред другите да објават, каква разлика е тоа!?
Утрински единствен медиум во Македонија што објавува коментари од читатели? Не е точно... сите медиуми го имаат тоа, имам читано многу коментари на Vreme.com.mk, додека мислам дека на Dnevnik.com.mk опцијата им е оневозможена бидејќи добиваат многу глупи коментари.