• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Мануелна мрежна конфигурација на ГНУ/Линукс - Почетничко ниво

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Мануелна мрежна конфигурација на ГНУ/Линукс - Почетничко ниво

Денеска без компјутерските мрежи ИТ светот не би бил каков што е денес. Од создавањето на првата компјутерска мрежа па се до денес секој оперативен систем има подршка за работа во/со мрежа. ГНУ/Линукс оператиниот систем не е исклучок. Во овој туторијал ќе претпоставам дека имате некое минимално знаење за компјутерски мрежи т.е. да знаете што е IP адреса, gateway, DNS сервери итн. Во овој туторијал ќе објаснувам како да го конфигурирате вашиот ГНУ/Линукс оперативен систем да се приклучи на некој мрежа преку терминал. Туторијалов ќе го организирам во неколку подсекции како конфигурирање на мрежен интерфејс, доделување на ИП адреса, поставување на gateway, поставување на ДНС сервери.


Мрежен интерфејс, уклучување/исклучување на мрежен интерфејс.

Што е тоа мрежен интерфејс? Ако некој компјутер сака да биде дел од некоја мрежа (добро де, сопственикот на компјутерот) мора да има мрежна картичка, т.е. хардверски уред преку кој компјутерот ќе може да коминицира со мрежата. Поради постоењето на многу разлишни компјутерски мрежи има и многу разлишни мрежни картишки. Една од најупотребуваната метода за вмрежување е ethernet мрежата. Овие хардверски компоненти на оперативниот систем преставуваат мрежни интерфејси кои можат да се конфигурираат/уклучуваат/гасат/дуплицираат итн.

Во ГНУ/Линукс оперативниот систем, овие мрежни интерфејси се ппретставени со скратеница + број на интерфејс, на пример за мрежната картичка која ја имаме на компјутерот и која е за ethernet мрежа, нејзиниот мрежен интерфејс ќе биде eth0 (Да се запазе дека бројот на интерфејси СЕКОГАШ започнува со 0). Освен ethX може да постојат и други мрежни интерфејси како lo кој е секогаш присутен и го претставува loop-back интерфејсот и секогаш ја има ИП адресата од 127.0.0.1, потоа може да има wlanX интерфејси за бежични мрежни картички, sitX интерфејси за IPv6 трафик итн.

За вклучувањ/исклучување на мрежни интерфејси во Линукс постојат неколку команди, јас ќе објаснам за 2. Прво со ifconfig командата која може да се смета како неизбежна алатка при секоја конфигурација на мрежен интерфејс, исклучувањето на мрежниот интерфејс е премногу лесно, синтаксата за остварување на тоа е :

ifconfig <има на мрежниот интерфејс> down

Пример :

ifconfig eth0 down

Со претходниот пример ќе ја исклушиме мрежната картичка од користење која ни е ставена на прво место во компјутерот и/ако е единствена само таа :). Вклучувањето на некоја прежна картичка се постигнува со истата синтакса сано на крајот наместо down се додава up. Пример за повторно да го вклучиме (подигнеме) првиот мрежен интерфејс на нашиот компјутер користиме :

ifconfig eth0 up

Второ, со користење на командите ifup <име на интерфејс> / ifdown <име на интерфејс> за соодветно. Пример :

ifdown eth0 <--- Истиот резултат го имаме како и со ifconfig eth0 down

ifup eth0 <--- Истиот резултат го имаме како и со ifconfig eth0 up



Конфигурирање на ИП адреси. Овде ќе ја користиме алатката/командата ifconfig. Синтаксата за менување/додавање на ИП адреса на некој мрежен интерфејс е следната :

ifconfig <име на интерфејс> <тип на адреса> <саканата адреса>

Поради постоење на различни мрежни конфигурации така постојат и различни видови на мрежни адреси. Нас не интересира само стандардниот вид т.е. inet кој е повеќе познат како IPv4 тип на ип адреса. На пример ако сакам да му ја доделам ИП адресата 192.168.1.110 на мојот компјутер јас ќе користам :

ifconfig eth0 inet 192.168.1.110

За модифицирање на веќеконфигуриран интерфејс со ИП адреса, може да се користи апсолутната истата синтакса како за додавање на ИП адреса. На пример ако сакам да ја сменам мојата адреса од 192.168.1.110 во 192.168.1.111 јас ќе направам :

ifconfig eth0 inet 192.168.1.111



Подесување на default gateway. Доколку сте конектирани на интернет преку рутер или сервер, тој рутер/сервер треба тој рутер/сервер да го наместете како ваш gateway за да можете преку него да пристапувате на интернет или пак на некоја друга мрежа. За ова ќе ја користиме route (рутирај) командата. Синтаксата е :

route add default gw <ИП адресата која сакаме да биде наш hateway>.

Што прави горенаведената команда? Прво, за аргументот add мислам дека нема многу недоразбирања, служи да потенцира дека додаваме нешто во вовј случај дека додаваме нова gateway т.е. ново правило за рутирање на нашиот сообраќај, default - ова ни означува дека ова правило за рутирање ќе ни биде она дифолт правило т.е. основното, gw е стракеница од GateWay и означува дека додаваме правило за рутирање на сообраќајот низ gateway сервер/рутер. Еве пример како јас ако имам рутер кој ја има ИП адресата од 192.168.1.100 ќе го ставам да ми биде дифолт gateway :

route add default gw 192.168.1.100


Додавање на примарен/секундарен/терцијаен.... ДНС сервер

За да не памтиме ИП адреси за да можеме да посетуваме страни ние користиме таканаречени именски сервери кои името на некоја страна го преведат во соодветно одговарачката ИП адреса. Овие ДНС сервери се ништо повеќе од копмјутери кои работат и имаат табели со именски информации. Ние само треба да знаеме некоја ИП адреса на некој именски сервер и готова е работата. На пример ако сме нашле 2 именски сервери - 4.2.2.2 и 4.2.2.3 нив може да ги додадеме на нашиот оперативен систем со едноставно едитирање на фајлот /etc/resolv.conf и да додадеме една линија која би изгледала :

nameserver <ип адреса на именскиот сервер>

за секој сервер соодветно. За едитирање на тој фајл можете да користите било кој едитор како vi,pico,nano etc... и да ги додадете рачно, или пак можете да се послужете со една линукс команда и редиректирање на нејзиниот излез т.е. да користиме echo. Пример :

echo "nameserver 4.2.2.2" >> /etc/resolv.conf

Оваа команда ќе го додаде стрингот "nameserver 4.2.2.2" во конфигурацискиот фајл благодарение на редиректирање на излезот на echo командата која не служи за ништо друго освен за поќажување на наши-наведени стрингови на конзола т.е. на екран.


Толку од туторијалот, побнатаму ќе напишам еден за понапредно конфигурирање на мрежа под ГНУ/Линукс со едитирање на конфигурациски фајлови, правење на конфигурациски скрипти и правење/додавање на други типови на адреси. БТЊ, треба да сте логирани под јузер root за да можете да вршете мрежна конфигурација .)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,505
Мислења
822,110
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно