• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Маленко и Татјана Михајловна Фјодорова Полетаева Маленко

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,908
www.iwmnetwork.com
Најпознатиот македонски пливач Александар Маленко (29) се ожени по третпат, со Русинката Татјана Михајловна Фјодорова (35). Се венчале пред десет дена во црквата "Св. Софија" во Охрид, а се уште во процедура е склопувањето на граѓанскиот брак, за што чекаат документи од Русија.

Маленко и Татјана вчера ги сретнавме во Охрид. Изгледаат многу вљубено, цело време се држат за раце и се бакнуваат. Маленко зад себе има два брака и две деца, со пејачката Сузана Турунџиева и со актерката Јелена Жугиќ. За Татјана ова е четврт брак, а од претходните има две деца.

Татјана се смее на вестите што деновиве се објавени во дел од македонските медиуми дека таа била бивша сопруга на рускиот милијардер Роман Абрамович. Вели дека не само што не никогаш не била мажена за Абрамович туку не го ни познава.

Маленко и Татјана велат дека по брачните бродоломи конечно и едниот и другиот си ја нашле својата втора половина. Маленко, кој неполна година живее во Русија, со Татјана е во врска 4 месеци. Вели дека уште од првиот момент кога ја здогледал знаел дека меѓу нив ќе се случи нешто поголемо.

- Се запознавме во Москва. Соседи сме. Мојата канцеларија е во близина на нејзиниот стан. Речиси секој ден пиевме кафе во истата француска кафетерија и јадевме кроасани, но не се познававме, раскажува Маленко. "Таа секој ден доаѓаше со нејзините ќерки и со мајка си на кафе. Пет недели само се гледавме, се до еден момент кога таа на персоналот на кафулето му забрани да ги честам кафе. Еден ден дојде сама, на некој службен состанок и јас и пријдов и и реков - или сега ке бидеш со мене или никој нема да биде со тебе. Таа само ми рече: вечер во 20 часот на вечера. Се договоривме во кој ресторан да се најдеме и јас, иако шоферот ме зеде навреме, поради дождот и гужвата во сообраќајот задоцнив 15 минути, за кои таа вели дека нема да ми ги прости. Но за тие 15 минути се јавив во ресторанот да го зготват нејзиното омилено јадење, додека ме чека. Тогаш и кажав дека таа е мојата идеална половина", вели Маленко.

Но, вели тој, освојувањето на срцето на Татјана не одело така лесно. Во моментот додека и се додворувал, таа веќе се разведувала од третиот сопруг. Татјана вели дека била многу разочарана од машкиот свет. По три пропаднати бракови, не им верувала на мажите. Таа од првиот брак ја има 18-годишната ќерка Оксана, а од последниот седумгодишната Софија.

- По последниот развод не им верував на мажите. Сите лажат. Едно зборуваат друго прават. Затоа и кога вечеравме јас му реков на Александар да не се надева на ништо. Така и беше пет недели, се додека не попуштив на неговата упорност. Ми се допаѓаат неговите очи. Тие зборуваат се. Тој е човек со големо срце, човекот на мојот живот. Се што имав порано не беше живот. Сега со него имам и живот и свет, вели вљубено Татјана.

Тие велат дека за да си докажат самите на себеси дека се еден за друг заминале на одмор во Доминиканска република. Кога се вратиле од таму, решиле да дојдат во Македонија, и да се венчаат во Охрид. Александар вели дека новата снаа на Маленкови не се вљубила само во него, туку и во градот, во Охридско езеро, во ајварот и во охридската рибја чорба.

- Дојдовме во Охрид со намера да се венчаме, но поради бирократски работи не можеме да го склопиме граѓанскиот брак. Од него зависи дали, по желба на Татјана ќе останеме да живееме во Македонија или ќе се вратиме за Русија. Се венчавме скромно. Кум ни е Тодор Петров, а не венчаа попот Диме во црквата "Св. Софија", со благослов од владиката Тимотеј, вели Александар.

Татјана вели дека многу и се допаѓа Охрид и би сакала да останат тука.

- Но, не можам да верувам што се треба да се направи за да се венчаш. Им прават забуна моите презимиња, што кај нас не се никаков проблем. Се знае кој си по извод од матична книга на родени, а после колку презимиња сакаш толку имаш. Јас сум Михајловна по семејство, Фјодорова по татко, Полетаева во пасош, а сега покрај моминското го додадов и Маленко, вели Татјана. [Значи, Татјана Михајловна Фјодорова Полетаева Маленко]

Младенците велат дека засега им е супер. Велат дека им останува само да се сакаат. Маленко нагалено ја вика Тањушка или бебушка, а таа него Сања или Сашенка. Ама велат дека тоа им се прекарите преку ден, зашто навечер се нарекуваат бенгалски тигар, односно тигрица.

Во моментов ниту Татјана ниту Александар не работат ништо. Татјана неколку години била директор на кредитен сектор во "Пром строј" банка во Москва, потоа на националната руска телевизија била уредник и водител на сопствена емисија за економија, а четири години била и дизајнер и сопственик на модна линија "Моден дом". Била и руски првак во пливање, а во 1995 година била и мис на Русија.

Маленко, пак, во Русија замина пред седум месеци. Едно време велеше дека е тренер по пливање во Москва и Киев во ексклузивни хотелски комплекси. Велеше и дека е претседател на организацијата на Македонци во Русија. Сега вели дека пред извесно време отворил сопствена агенција за посредување на документи на Македонците.

"Но, нашите иселеници ме обвинија дека буџетот од заедницата неправилно сум го распоредил, односно сум го потрошил на Татјана. Ми го одземаа пасошот, но Татјана се налути и се што тие мислеа дека сум потрошил извади од џеб и им врати. Беа љубоморни оти имав своја агенција, а тоа значи дека за да имаш агенција мораш да имаш руска фирма. А јас имам", вели Маленко.

Тој вели и дека со Татјана се искрени еден кон друг. Уште од почеток и кажал дека зад себе има два брака и две деца. Вели дека кога поранешните сопруги ќе му дозволат ќе ги запознае ќерката Лора и синот Ахил со новата сопруга.

Извор: Вест

:LOL::LOL::LOL::LOL::LOL::LOL::LOL::LOL::LOL::LOL::LOL::LOL::LOL::LOL:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,908
www.iwmnetwork.com
И еден коментар оставен на ИдиВиди од посетителите во врска со статијата:

joo
12/26/2007 2:28:05 PM
malenko - makedonska britni

:LOL::LOL::LOL::LOL:
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Јас искрено им посакувам долг и среќен брак ама како им тргнало со брако-разводите мислам дека допрва ќе има уште вакви сензации по весниците. :LOL::LOL::LOL:
 

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
Хахахаха навистина каква вест .... Маленко од стално ме смеел супер е човекот си живее како сака .
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Абе човекот е шала!
А како за промена да живее малку со жениве и да не прави деца одма, па да види дали ќе му оди. Ќе го стигне султанот од Брунеи уште малку.
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Имам само едно прашање дали Маленко е повторно домазет односно дали повторно го земал презимето од сопругата?
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
А бе тоа е нормално за познатите фаци, спортисти, пејачи, актери.... На овој начин стекнуваат слава, со секој нов брак одма се на насловна страна на сите таблоиди, новинарите се тепаат да стигнат до нив и да земат изјава и сл. Работава дојде кој повеќе жени имал поголем фраер е :LOL::LOL::LOL:
Само штета за децата што ги оставаат во претходните бракови. :ua:
 
M

Mr.Alien

Гостин
Морееее, како ми се чини ќе се опари Маленко и тоа добро.....:wohoo:
 

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
Абе човекот е шала!
А како за промена да живее малку со жениве и да не прави деца одма, па да види дали ќе му оди. Ќе го стигне султанот од Брунеи уште малку.
Колку деца има Маленко ? Па добро он си знае може сака многу деца :LOL:
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Колку деца има Маленко ? Па добро он си знае може сака многу деца :LOL:
Абе ако е „дечар“ нека ги прави со една или нека донира сперма, ова го може само тој фраерот од Брунеи :)) (колку се смеев кога го гледав на неговата „фамилијарна“ фотографија со сите жени околу него а он седнат на тронот) :LOL::LOL:

Неможам да му ја скопчам стратегијава на Маленко значи: ја мажиш, и го зимаш презимето, и склепаш дете и....ФАЌАШ МАГЛА! па го ресетираш бројачот и од поново..........
ЦАР!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,511
Мислења
822,321
Членови
28,048
Најнов член
milesp
На врв Дно