• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Мала wireless мрежа

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Teget

Gaining Experience
18 март 2015
135
82
Chicago, Illinois
Ми треба било каков податок/литература на оваа тема (Пожелно е да биде од потврден source). Може по ПП или тука, сеедно е.

Благодарам однапред :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Teget

Gaining Experience
18 март 2015
135
82
Chicago, Illinois
Отприлика кои елементи да ги има мрежата? Еден рутер и еден клиент е најмалата.
Ова е моменталниот план:

• Да имам еден рутер на кои ќе бидат закачени неколку клиенти (Највеке 5-6 уреди), додека на другиот ќе бидат закачени 15тина клиента at peak (guest access).

• Двата рутера ќе бидат AP:
- На првиот ќе може да се конектират само одобрени уреди (филтрирање преку MAC адреса најверојатно)
- Вториот ќе нема таква рестрикција, но најверојатно ќе има ограничување на брзината per device или тотално на целиот рутер (пример на 800 KB/s)

• Мрежата да се управува со помош на DD-WRT или друга алатка. А и помош со DD-WRT ќе ми треба.

• Целта ми е да имам побезбедна домашна мрежа која што нема да можат да ми ја пробијат и да ме кочат, и секако, да имам занимација одредено време :D

• НО, Проблемот е што незнам како да ги поврзам софтверски (во принцип знам дека треба: модем -> главен рутер -> под-рутер, но натаму незнам.)

Истотака, ако може да ми препорача некој добра програма за realtime monitoring на inbound & outbound traffic низ целата мрежа (за секој рутер засебно). Истотака, сакам да ме известе ако одеднаш некој клиент надмине некој threshold кој го имам поставено (пример почне да симнува некој филм со голема брзина, или има искористено повеке од x GB во еден месец (А и начин да можам да ја лимитирам брзината, слично на тоа што го прават мобилните оператори)

Once again, благодарности до секој што ќе се нафане да помогне :carefree:
 
Последна промена:

kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,314
3,671
Скопје
Рудиментарно решение, од денес да го пуштиш во употреба, додека мислиш што ќе правиш:

0. Заборави на филтрирање по MAC адреса. WPA или WPA2 е единствен начин да се обезбедиш.
1. Двата со DD-WRT.
2. Првиот со една интерна мрежа WLANINT (со WPA/2) за тебе и одабрано дрштво.
3. Вториот рутер ќе го закачиш со кабел на првиот и ќе направиш "гостинска" мрежа WLANGST . Ич не се мисли, на тој рутер бутни му го протоколот од 802.11n на 802.11b и нема да можат појќе од 1mbps да повлечат по конекција. Ако не ти се свиѓа така, можеш да го оставиш на 802.11n а да зголемуваш/намалуваш проток, пак за сите одеднаш.

Сега уште кафе да пијам може ќе ми текне и појќе. Инаку терај со рутери што поддржуваат DD-WRT и мислам нема да згрешиш, доволно се флексибилни за да се надмине било кој проблем, башка скалабилни ако ти е некој рутер преслаб ќе најдеш замена пак со DD-WRT ама подобар.

(микротик има појќе решенија, особено за она второто)
 

dimsa

Gaining Experience
9 јануари 2015
246
272
Не сум користел DD-WRT но со Микротикот го можеш сево ова со еден уред. А литература имаш колку ти душа сака за микротик.
Мој совет е да направиш сценарио за имплементација, наједноставно на почеток па билдај го како читаш повеќе и се надградуваш (Visio diagram за лесен преглед).
Ако немаш повеќе од 4-6 уреди истовремено на двете мрежи и hap lite ќе заврши работа, за повеќе можеш и со hap (ac lite/ac).
Во врска со bandwidth мониторинг, самиот RouterOS има вграден механизам за мониторинг а плус подржува и netflow и пакет снифер (ќе можеш да гледаш што глупости летаат низ мрежа :) ).
 

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,648
6,642
www.mikrotikmacedonia.net
Нoвиoт стaндaрд AC е тешка глупoст aкo не си вo непосредна близина нa рутерoт, пoрaди ограничениот спектaр нa 5 ghz мрежaтa. Истотака aкo немaте AC кoмпaтибилнa кaртицa вo компјутерот, немa пoтребa дa се инвестирa вo AC рутер. Микрoтикoт зa вакви сценaријa и сетирaњa е нaјдoбрaтa опција.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,556
Мислења
820,426
Членови
28,214
Најнов член
vanadi
На врв Дно