• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Мала помош во ActionScript

  • Ја почнал/а темата Nina
  • Време на почнување
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Nina

Intern
14 мај 2008
3
0
Имам еден проблем со флеш игричка. Не е нешто страшно и знам дека
решението е најверојатно мн. просто,
но нова сум во ова, па не сум сигурна што точно треба да барам.
Проблемот е што имам movie clip(играч) кој се движи со помош на стрелките од
тастатура и јаде објекти. Кога ќе ja допре буквата таа исчезнува.
Е сега проблемот е тоа што треба да се појави долу на сцената и да остане таму. Ова треба да се повтори за 7 вакви објекти (movie clip-ови)
кои треба да формираат целина (збор). Значи, објектите (буквите) исчезнуваат(се поместуваат), но незнам како да се поместат и да останат таму каде ке ги поместам. Ова е кодот кој го имам на буквата - вгнездениот movie clip, вгнездената буква:) :


onClipEvent (enterFrame) {
if (this.hitTest(_root.fish)) {
_root.score= _root.score + 10;
_parent.play ();
}
}

Што треба да додадам во if циклусот? Мислам дека тука треба да се додаде нешто,
при true вредност za hit.Test така што ќе ја прикажува буквата на сцена.

Однапред ви благодарам на сите кои ќе ми помогнете.

Поздрав...
 

loverboy

Intern
6 февруари 2008
147
11
Здраво Nina,
овој дел не го разбрав баш
Значи, објектите(буквите) исчезнуваат, но незнам како да се појават долу на сцената по исчезнувањето
Од она што го прочитав, имаш играч (movie clip, рипка препоставувам _root.fish :D ) и 7 букви (movieclip) и играчот ги јаде буквите. Е сега по исчезнувањето дали сакаш буквите да се појавуваат на различно место, хмм, исто така не гледам тука дека користиш некоја команда од типот _x и _y која ја менува местоположбата на movieclip-от. На неколку начини може да се реализира ова, но не разбрав баш на кој начин ја имплементираш играта... Дали во movieclip имаш посебни фрејмови (frames) каде што се случува анимација...
Извини, но со овие информации не можам многу да ти помогнам... :ermm:Можеби ако дадеш малку повеќе детали околу проблемот. А инаку сета "маѓија" на flash ја има во help менито, претпоставувам дека веќе го знаеш тоа :) АКо не си го решила проблемот до сега дај уште некое деталче во техничка смисла и ќе пробам да ти помогнам :)
Поздрав! :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Nina

Intern
14 мај 2008
3
0
loverboy, фала за обидот да ми помогнеш!:)

Вака сега, играчот се движи на сцената и при колизија со буква (MovieClip) таа исчезнува од таа позиција, со помош на следното кодче коее ставено на главниот (или како и да се вика-основниот) movie clip (буквата):

onClipEvent (enterFrame) {
this._x = this._x - 5;
if (this._x<0) {
this._x = 640;
}
}
и се појавува полево на сцената. Јас сакам кога ќе исчезне буквата да се појави на друга позиција, но да остане таму, а не да се повторува нејзиното движење по сцената и поместување при колизија со рибата. Значи, кога ќе ја фати буквата, таа да се тргне од просторот на движење на рибата и да остане во една позиција - фиксна.
Реков главниот, затоа што во него има вгнезден movie clip на кој се наоѓа кодот од претходниот пост. Што треба да додам во ова кодче за да ја помести буквата во долниот лев агол на сценатаи да ја фиксира таму.
Незнам дали ти дадов доволно информации:) , се надевам ќе ме разбереш што точно сакам да постигнам.
Фала уште еднаш,
Поздрав!
 

loverboy

Intern
6 февруари 2008
147
11
Здраво пак Nina :)
Мислам дека сега ја разбрав основата на проблемот.
Јас сакам кога ќе исчезне буквата да се појави на друга позиција, но да остане таму, а не да се повторува нејзиното движење по сцената и поместување при колизија со рибата. Значи, кога ќе ја фати буквата, таа да се тргне од просторот на движење на рибата и да остане во една позиција - фиксна.
Значи вака, кога ќе се судри рибата со буквата, ти треба некоја команда која ќе носи информација дека "сударот" се случил. Ова потсетува дека треба да се употреби некоја да/не променлива ;) Значи имаш по една boolean променлива за секоја буква, која во почетокот е наместена false (настанот, колизијата, не се случил). Кога ќе се случи колизијата се променува поменливата во true. Ова:
Код:
onClipEvent (enterFrame) {
this._x = this._x - 5;
if (this._x<0) {
this._x = 640;
}
}
треба малку да се измени така што овие команди ќе се извршуваат се додека променливата има вредност true. Значи во основа кодот ове би бил од типот
Код:
onClipEvent (enterFrame) {
  if (nastan==false) {
    this._x = this._x - 5;
    if (this._x<0) {
      this._x = 640;
    }
  }
}
ако променливата се вика nastan. Треба да го прилагодиш малку кодот на твојата програма. Значи воглавно ќе извршуваш некои команди ако е исполнет некој услов :) Значи ако те разбрав добро, ова би бил еден начин на решение на проблемот. Ако има некој проблем повторно feel free to write :D
Инаку добра замисла имаш за играта ;)
Ти посакувам многу среќа!
Поздрав! :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

Nina

Intern
14 мај 2008
3
0
loverboy :bravo: фала многу на помошта. Ми помогна многу, проблемот е решен!:) Фала уште еднаш...Поздрав
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,562
Мислења
823,369
Членови
28,067
Најнов член
Dacmac92
На врв Дно