• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Mala pomos

Ata

Intern
21 април 2007
403
1
Ако не знаеш C, ќе ти биде малце тешко.
Подобро е прво C да научиш.
 

the G man

Intern
20 јули 2007
44
1
Абе , не е толку битно да научиш прво C зашто и двата имаат исти ствари само различни принципи. Ја научив прво C++ а после на факултет научив C и немав проблеми со ништо од C, освен со покажувачите кои ги има и во C++(па и уште ги имам). Кога учиш C++ учиш прво структурирано програмирање(значи C), а после учиш Објектно Ориентирано Програмирање(C++), На крајот на краиштата не е толку битно кој програмски јазик ќе седнеш да го учиш туку да ги знаеш принципите на работа на разноразните алгоритми и да знаеш да ги имплементираш кај што треба (patterns, frameworks и сл.) што ќе ти помогне да бидеш продуктивен и цар у било која околина и да кодираш. Твој е изборот што и како ќе користиш!
 

Fatihh

Gaining Experience
14 април 2007
372
50
Скопје
Fatihh's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7 - 6700
Motherboard
ASUS TUF
Storage
2TB Western Blue + 480GB SSD A-DATA
PSU
SPIRE SILENTEAGLE 550W REAL
RAM
4x 8GB DDR4
Video card
STRIX GTX 1050Ti 4GB
Case
Case Cooler Master K380
Mouse
Mouse Genesis kypton 500
Keyboard
A4 TEC B318
Monitor
Samsung 27" 4K
OS
win10
Софтверските инженери секогаш велат дека за почеток е најдобро PASCAL...а книги за програмирање можеш да најдеш на ПМФ... или ЕЛЕКТРО ..поздрав
 

loverboy

Intern
6 февруари 2008
147
11
Алгоритми

Не е тешко да се научи програмски јазик. Овде се мисли на синтаксите и правилата кои можат да се најдат на Интернет и во многу литература. Дури и не мора претерано да си експерт во некој програмски јазик за да бидеш програмер. Вистинското програмирање е во ПОЗНАВАЊЕТО на алгоритмите и во нивна примена. Затоа пред се најдобро е да се учи алгоритми иако се тие потешки, со тоа се вежба логиката која е клучна работа во програмирањето. Голем поздрав! Се надевам дека ќе постигнеш успеси во програмирањето, и веднаш по учењето на неопходните познавања на C++, C, Pascal, Java или на кој и да е друг јазик ти советувам да се позанимаваш со алгоритмите кои значат пред се решавања на вистински проблеми. Алгоритмите се компјутерската наука, а да се биде кодер значи само да се знае да се пишува кодот во C++. Еве ти една страна за алгоритми www.z-trening.com (нешто има проблем со серверот овие денови), www.spoj.pl, а тука на врв ќе го ставам www.topcoder.com.
Ако ти требаат други страни за програмирање пиши.
Поздрав уште еднаш! :bye1:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,557
Мислења
823,254
Членови
28,063
Најнов член
Vektor666
На врв Дно