• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Македонско „роуд-шоу“ во САД

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Една од главните поенти со кои Владата ќе ги кани ИТ-инвеститорите од САД да дојдат во Македонија е дека сме прва земја во светот со целосна покриеност со безжичен интернет

Владино-стопанската делегација ќе престојува во центарот на американската и на светската ИТ-технологија, Силиконската долина, и ќе ги посети компаниите „Гугл“, „Циско“ како и универзитетите за информатичка технологија

Македонија е успешна бизнис-дестинација, е пораката што владиниот „Тим Македонија“ од денеска па во текот на целонеделното инвеститорско промовирање, „роуд-шоу“, ќе се обиде да ги убеди потенцијалните инвеститори од Соединетите Американски Држави. „Дневник“ дознава дека во рамките на посетата ќе се потпишат два меморандума за соработка - со „Интел“ и за четиригодишна соработка со американската агенција за инвестиции и развој УСАИД.

Висока владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски на неколку бизнис-форуми во Сан Франциско и во Чикаго ќе им ги презентира на американските стопанственици можностите за инвестирање во македонската економија, а особено во информатичкиот сектор, соопштуваат од кабинетот на премиерот.

македонската приказна

„Тимот Македонија“ го сочинуваат вицепремиерот Зоран Ставрески, министрите Фатмир Бесими, Веле Самак и Иво Ивановски, како и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо. Заедно со владината делегација на презентациите на Македонија како бизнис-дестинација ќе присуствува и 23-члена бизнис-делегација.

Премиерот Груевски и министрите на бизнис-форумите во Чикаго и во Сан Франциско ќе им ги претстават главните причини поради кои сметаат дека Македонија може да биде добра дестинација за инвеститорите од САД. Главните поенти во владиното рекламирање на Македонија ќе бидат поволни услови за инвестирање, гаранцијата на странските инвестиции што ја нуди државата, добрата инфраструктура, потенцијалите за развој и стопанисување на микробизнисот, високоедуцираната и мотивирана млада работна сила, даночните бенефиции. Македонскиот премиер ќе ги претстави условите за развој и инвестиции во фармацијата, индустријата за производство на автоделови, агробизнисот, производството на храна, текстилниот сектор и туристичката понуда на земјава.

- Приказната за Македонија како успешна бизнис-дестинација македонскиот владин тим ќе ја презентира пред повеќе од сто претставници на моќни американски компании и на бизнис-форум во Чикаго, под наслов „Македонија - новото чудо во Европа“. На форумот ќе се обрати и претседателот и главен и извршен директор на „Нортел“ и член на бордот на директори на „Македонија 2025“, Мајк Зафировски.

атрактивни услови за странските инвеститори


Форумите претставуваат извонредна можност за промоција на Македонија пред американската јавност како стабилна и просперитетна земја што нуди атрактивни услови за странските инвеститори - соопштуваат од кабинетот на премиерот Груевски.

Посебно место во презентацијата на условите за инвестирање во нашата економија Владата ќе му даде на информатичкиот сектор. На бизнис-форумот „Македонија - земја на ИТ-експерти“ Владата ќе ги презентира состојбите во ИТ- секторот во земјава. Една од главните поенти со кои владините промотори ќе сакаат да ги убедат инвеститорите од САД да дојдат во Македонија е дека сме првата земја во светот со целосна покриеност со безжичен интернет.

Владино-стопанската делегација ќе престојува во центарот на американската и на светската ИТ-технологија, Силиконската долина и ќе ги посети компаниите „Гугл“, „Циско“ како и универзитетите за информатичка технологија. „Тим Македонија“ ќе се сретне и со претставници од компаниите „Интел“, „Оракл“ и „Хјулит Пакар“. На бизнис-форумот што ќе се одржи во Силиконската долина македонските претставници ќе остварат билатерални средби со претставници од меѓународни ИТ-корпорации. Неделново „роуд-шоу“ во САД е дел од владината кампања за привлекување директни странски инвестиции што почна во Италија, а ќе продолжи во САД, Германија и во Турција.
Меѓу презентерите и Филип Рикер

Меѓу главните презентери на форумот ќе бидат и американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, главниот економист во Светската банка Симеон Џанков, претседателот на канадското сателитско радио и соосновач на „Дејв вајарлес“ како и член на Бордот на „Македонија 2025“ Џон Битов, професорот од Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ Питер Бок, како и главниот извршен директор на „Банк“ Том Маркел.

Извор: Дневник
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
194
Како да не бидеме први покриени со безжичен интернет кога сме една точка на картата на светот? И кој ќе сака да инвестира кај нас кога сме многу политички нестабилна држава? Само некои глупави нереализирани статистики вадат... :lut2:
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
194
Ок ок, навика ми е да цитирам... А и мене некако голем ми дојде цитатов али не ми падна на памет да го тргнам :)).
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Ајде ќе речам дека верувам во оваа работа, макар што чисто се сомневам дека ќе се оствари. Добро би било кога ова би се случило, замисли идеш некаде у планина у некоја си вукоје*ина и си седиш на интернет... :))
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,728
Мислења
831,389
Членови
28,719
Најнов член
loxxY
На врв Дно