ContentBot
Робот (content unit)
Една од поинтересните статистики која произлезе од истражувањето Мапирање на ИТ индустријата во .мк – издание 2022, кое го спроведовме летово, е дека најпосакуван модел на работа на македонските ИТ професионалци е хибридниот модел со работа од канцеларија и од дома по сопствен избор.
it.mk
66% го преферираат хибридниот модел на работа
Прашањето Префериран метод на работа.го одговорија 2.225 испитаници, а 66.56% од нив го избраа хибридниот модел на работа (54.38% го избраа хибридниот модел со работа од канцеларија и дома по сопствен избор, додека 12.18% одбраа хибриден модел со задолжителни денови во канцеларија). Само 13.48% од ИТ професионалците би се вратиле целосно во канцеларија што говори многу за промените кои се наметнаа во индустријата после пандемијата со COVID-19. Кај македонските ИТ професионалци не е популарно ниту целосното далечинско работење, само ~20% од нив би го одбрале како префериран метод на работа.

Македонските ИТ професионалци преферираат хибриден модел на работа ⋆ IT.mk
Една од поинтересните статистики која произлезе од истражувањето Мапирање на ИТ индустријата во .мк - издание 2022, кое го спроведовме летово, е дека
