• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Македонскиот ИТ сектор нуди можности за американските инвеститори

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
БИЗНИС ФОРУМ ВО СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА, КАЛИФОРНИЈА



Македонија земја на инфораматичари, под ова мото вчера во Сликонската долина во Калифорнија се одржа презентација на можностите за инвестирање во македонскиот ИТ сектор. Пред американските бизнисмени, премиерот Груевски ги претстави реформите кои ги презема владата во сите сегменти, но и конкретно на планот на информатичката технологија.

- Како што Линдон Џонсон рекол „Мораме да ги отвориме вратите за можностите. Но, мораме исто така да ги оспособиме луѓето да поминат низ тие врати.“ Затоа владата со својата работа, реформите и привлекувањето странски инвеститори се обидува да ги доближи хоризонтите на американскиот просперитет до македонските граѓани. Сфаќајќи ја важноста на овие трендови владата овозможи постојан развој на информатичкото општетство како еден од најважните стартешки приоритети. Ова ќе придонесе за вклучување на Македонија кон глобалната економска мрежа и постигнување на значаен наредок во економијата - рече премиерот Никола Груевски пред американските бизнисмени.

Дека Македонија е добра инвестициска дестинација можат да потврдат неколку големи копании кои веќе инвестираа во земјата, рече вицепремиерот Ставрески. Гаранција за стабилноста се заложбите за членство во НАТО и ЕУ. Потоа, макроекономската стабилност, инвестициите од 700 милиони долари во 2007, растот на БДП од 5,9 лани и речиси 6% за оваа година. Ова се добри аргумети за инвестирање во Македонија дури и во услови на светска економска криза.

- Ризиците по светската економија и нејзиното влијание во Југоисточна Европа и Македонија не можат да се занемарат. Но, Македонија е подобро позиционирана од било кога за да може да ги апсорбира ударите Според последниот извештај на ЕК, се очекува растот на БДП во 2009 да изнесува 4,5% во Македонија, а другите земји ќе влезат во рецесија - рече вицепремиерот Ставрески на ИТ Форумот.

Американската амбасада стои на располагање на бизнисмените. Амбасадорот Филип Рикер вели дека има одлична комуникација со владиниот кабинет и понуди помош за сите кои ќе сакаат да инвестираат во земјата.

- Оваа земја е отворена за странските инвеститори, можам да кажам дека е многу проамериканска. Како дипломат кој многу патувал и работел низ светот можам да ви кажам дека е задоволство да се работи во земја која е толку гостопримлива кон Американците - рече американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер.

Тимот Македонија го продолжува road show – то во петок во Чикаго каде домаќин на владината делегација ќе бидат Мајк Зафировски и неговата организација “Македонија 2025”.

Извор: Сител
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,550
Мислења
823,145
Членови
28,061
Најнов член
Viktorofski
На врв Дно