• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Македонскиот ИТ пазар најбрзорастечки во ЈИЕ

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


Вкупниот ИТ пазар во Македонија минатата година вредел околу 163 милиони долари и е речиси двојно поголем во однос на 2006 година. Оливер Костуранов, менаџер во SIF, очекува дека ИТ пазарот во иднина ќе биде еден од најдинамичните во земјава

Македонскиот пазар на информатичка технологија (ИТ) е најбрзорастечкиот во Југоисточна Европа. Според проценките што ги направиле во SIF - private equity fund, кој е еден од 18-те фондови на SEAF, вкупниот ИТ пазар во Македонија минатата година вредел околу 163 милиони долари и е речиси двојно поголем во однос на 2006 година. Оливер Костуранов, менаџер во SIF, очекува дека ИТ пазарот во иднина ќе биде еден од најдинамичните во земјава.
- Очекувам дека на ИТ пазарот во Македонија ќе има раст во просек од 15 до 20 проценти годишно во наредните четири-пет години. Таква експанзија има(ше) и во регионот. Пример за тоа е хрватскиот ИТ пазар кој за шест години е зголемен за 250 насто - нагласува Костуранов.

Ваквите очекувања на луѓето во SEAF придонесоа овој фонд да инвестира значителни финансиски средства во домашната ИТ компанија ИНет во наредните три години. Костуранов вели дека станува збор за 700.000 долари, од кои 150.000 долари се за докапитализација на ИНет со што SIF во наредните четири години ќе има од 15 до 20 проценти од сопственоста на оваа ИТ компанија. За имплементација на SAP/ERP во ИНет ќе бидат инвестирани 300.000 долари.
- Со овој пример SEAF покажува дека продолжува да инвестира во Македонија и покрај глобалната криза и со тоа ги охрабруваме домашните инвеститори да вложуваат во земјата бидејќи е добра бизнис дестинација - смета Костуранов.

ИНет од вчера е авторизиран дистрибутер на софтвер на ИБМ. По тој повод, Горан Бабиќ, директор на канцеларијата на ИБМ во Скопје рече дека очекува од ИНет да им помогне на македонските компании да го зголемат својот бизнис и да станат конкурентни преку примена на интегрираните и иновативни решенија на ИБМ. Тој откри дека софтвер на ИБМ користат УЈП, но и МВР при изработка новите македонски пасоши. Бабиќ рече дека во ИБМ сериозно размислуваат за влез во земјава со производство на софтвер откако екипи на овој софтверски гигант неодамна направиле снимање на можностите во Македонија од аспект на имањето на стручен кадар.

Извор: Вечер
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,791
14,690
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
160 милиони долари...страшна работа. Да плачеме или да се смееме?

Кога ќе ги стигнеме останатите пазари во цифра тогаш и ќе можеме да се споредуваме со нив.

BTW, оваа "вест" е само дел од маркетингот на грујовци.
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
193
Да, само оние што не се упатени и не се доволно образовани (што се најголем процент кај нас), ова им е основен извор на „релевантни“ информации, па затоа ќе се попалат по напредокот наш што го прави владава... :ua: Наместо компјутери да ни ставија во училиштава, што значително ни го намали квалитетот на наставата, можеа да инвестираат во нешто многу позначајно и со тие пари да решеа многу проблеми. Вака само компјутерите им се маркетиншки трик.
 

trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
160 milioni dolari trosi na kompjuterska oprema dnevno samo eden pogolem parajlija vo USA ili na drugo mesto a koga ke se soberat site ... kaj sme nie ... ke se falime ili ke se krieme da ne ni se smejat?
 

stole_pesov

Intern
25 април 2008
530
17
techhub.mk
@386ka
кога немаше компјутеи сите сакавме компјутери а сего кога ги има велиме дека е грешка што ги инсталиравме ЗНАЧИ И НИЕ НЕ ЗНАЕМЕ ШТО САКАМЕ И РЕДНО БЕШЕ ДА ИМА промени во образованиието да се знае кој што е а некој со основно да ми предава лекција како се прави како она а уствари и тој си нема појма.
И што сега ти мислиш дека инсталирањето на компјутерите во учелиштата е голема грешка епа ајде кажи што е грешката точно дека не се изведе тоа професионално но сепак добар чекор беше. Треба да помине извесно време за да се стабилизира тоа. Човек се учи на своите грешки.
Јас немам ништо против инсталацијата на учелишните компјутери (само начинот на кој тоа се изведе не беше баш на профелионално ниво)
поздрав.
:ninja2:
 

dashbog

Gaining Experience
24 јуни 2008
166
140
Она што во другите земји од ЈИЕ се случуваше пред 5-6 години се случува сега кај нас и ние треба да се фалиме со тоа?
Нормално дека ИТ пазарот во Македонија ке е најбрзорастечки за оваа година кога во другите земји е веке пораснат.
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
193
@386ka
кога немаше компјутеи сите сакавме компјутери а сего кога ги има велиме дека е грешка што ги инсталиравме ЗНАЧИ И НИЕ НЕ ЗНАЕМЕ ШТО САКАМЕ И РЕДНО БЕШЕ ДА ИМА промени во образованиието да се знае кој што е а некој со основно да ми предава лекција како се прави како она а уствари и тој си нема појма.
И што сега ти мислиш дека инсталирањето на компјутерите во учелиштата е голема грешка епа ајде кажи што е грешката точно дека не се изведе тоа професионално но сепак добар чекор беше. Треба да помине извесно време за да се стабилизира тоа. Човек се учи на своите грешки.
Јас немам ништо против инсталацијата на учелишните компјутери (само начинот на кој тоа се изведе не беше баш на профелионално ниво)
поздрав.
:ninja2:
Кажи ми, во кој поглед ви се подобри наставата? Сега сите седите на компјутери и дремете на МСН по цели часови наместо да ја следите наставата? Кое е подобрувањето тука? Дали 1 компјутер кај вас се користи за добри намени? ПС Никогаш не сум бил за да се стават компјутери во училиштата освен во училниците по информатика, каде треба да се заменат компјутерите со нови...
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,126
27,391
kalco.ru
Абсолутно исто мислење со 386ka-ва.Компјутерите беа само перење пари од марс се гледаше дека нема да има „Информатичари’’ доколку им стават у сколо компјутери....тој што сака да научи ќе се снајде.А што правите сеа у школо со компјутерите? бидете искрајни и кажете дали еденш сте го употребиле за образовни цели?Ова беше вистинска глупост ама ајде тоа е...сеа ќе почнете да си крадете мауси па тастатури па цели матични у ранци ќе пикате...немој да ми кажете дека не е така кога знам до вчера и јас учев школо и знам што све се правеше само да се наштети нешто...а да не збориме за тоа што на клупа нема место пенкало да се стави а камуло книги.
СЕ извинувам што забегав од темава ама сакав да си го кажам мислењево.Информатичари не се создаваат на тој начин:ua:
 

stole_pesov

Intern
25 април 2008
530
17
techhub.mk
Кажи ми, во кој поглед ви се подобри наставата? Сега сите седите на компјутери и дремете на МСН по цели часови наместо да ја следите наставата? Кое е подобрувањето тука? Дали 1 компјутер кај вас се користи за добри намени? ПС Никогаш не сум бил за да се стават компјутери во училиштата освен во училниците по информатика, каде треба да се заменат компјутерите со нови...
Епа вака еве ти мое мислење :
Ако ти цело време си на мсн јас не сум крив , инаку компјутерите беа добра инвестиција за тие што сакаат нешто да научат повеќе, но за жал сите не ссме такви. Не ти е некој крив ако ти место да следишнастава си допишуваш со кој знам тамо. Јас не го правам тоа. Професорот си ја предава лекцијата некои го слусаат некои не ама па да ти кажам така е подобро кој го интересира си слуша и се е ок. ЗА разлика од лани тие што сакаат да внимаваат на часот неможат од другите кои ги мрзи да носат ташна на школо а неголи да научат нешто, и тие си зборат на часот си зборат прават глупости и ништо не можеш да разбереш. А сега на кој му се слуша слуша на кој не му се слуша нека кцка тамо на тестатура. Да не забегувам. Значи професор ја предава лецијатаа ние го знаеме веќе насловот па потражиме нешто на нет па за тоа дискутираме и така треба нели. СЕпак и не е толку промашена инвестивија, тоа зависи од вас како ќе го искористите. СНАЈДИ СЕ ПА ЖИВЕЈ.
И јас не се согласувам баш во некои работи со тоа ама сепак тоа е тоа .
поздрав:bravo:
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
193
Епа вака еве ти мое мислење :
Ако ти цело време си на мсн јас не сум крив , инаку компјутерите беа добра инвестиција за тие што сакаат нешто да научат повеќе, но за жал сите не ссме такви. Не ти е некој крив ако ти место да следишнастава си допишуваш со кој знам тамо. Јас не го правам тоа. Професорот си ја предава лекцијата некои го слусаат некои не ама па да ти кажам така е подобро кој го интересира си слуша и се е ок. ЗА разлика од лани тие што сакаат да внимаваат на часот неможат од другите кои ги мрзи да носат ташна на школо а неголи да научат нешто, и тие си зборат на часот си зборат прават глупости и ништо не можеш да разбереш. А сега на кој му се слуша слуша на кој не му се слуша нека кцка тамо на тестатура. Да не забегувам. Значи професор ја предава лецијатаа ние го знаеме веќе насловот па потражиме нешто на нет па за тоа дискутираме и така треба нели. СЕпак и не е толку промашена инвестивија, тоа зависи од вас како ќе го искористите. СНАЈДИ СЕ ПА ЖИВЕЈ.
И јас не се согласувам баш во некои работи со тоа ама сепак тоа е тоа .
поздрав:bravo:
Кој ти кажа дека не ги следам часовите? Сам си кажа дека компјутерите не се користат за тие работи за кои што се наменети, а за тоа што неможеш да ја следиш наставата од некои што ѓи мрзи да носат ташни на школо, има одговорни служби и дисциплински мерки за нив, па затоа неможеш да кажеш дека компјутерите помогнале во таа област. И БТЊ, одите на нет? Па дали може некоја страна да се отвори на нет од таа брзина во рок од 1 училишен час? Дали мислиш дека наместо таа инвестиција би било подобро да овозможат по квалитетни и по брзи компјутери во училниците по информатика, на кои што можеш да работиш асално корел, фотошоп, 3д макс и многу други гладни програми? Сам си рече снајди се па живеј, од овие компјутери неможеш скоро ништо да добиеш и некоја подобра намена освен за играње и седење на МСН.
 

stole_pesov

Intern
25 април 2008
530
17
techhub.mk
Дали мислиш дека наместо таа инвестиција би било подобро да овозможат по квалитетни и по брзи компјутери во училниците по информатика, на кои што можеш да работиш асално корел, фотошоп, 3д макс и многу други гладни програми? Сам си рече снајди се па живеј, од овие компјутери неможеш скоро ништо да добиеш и некоја подобра намена освен за играње и седење на МСН.
:)) е овде се сложувам со тебе ххахаа
поздрав
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
А што правите сеа у школо со компјутерите? бидете искрајни и кажете дали еденш сте го употребиле за образовни цели?
Игра за секое дете

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=629986DA53D8F24598E856AE4885D2BD

Игра за секое дете. Ваква неочекувана намена добија компјутерите што Владата ги обезбеди за модернизирање на наставниот процес и за информатичко образование на учениците во земјава. Освен за прикажување презентација, учениците најчесто ги користат компјутерите за игри или за разговор со своите соученици.

Работиме на програмата „Линукс“, а обуката што ја имавме беше за „Виндоус“. Сега ќе не' обучуваат за овој софтвер - велат професорите.
Директорката на училиштето, Валентина Муцунска, вели дека и покрај тоа што наставниците не биле обучувани за „Линукс“ тоа не претставува проблем за работа со компјутерите.
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
193
@BSOD, тоа го кажува директорката на нашето школо :)). БТЊ интересно е тоа што Линукс е програма хаха :LOL:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Ајде ајде не туку ќудете само. Добро е што барем се набавија компјутерите, па сега останува да се одстранат недостатоците во имплементацијате на истите. Ете пред некој ден Министерството за образование и наука соопшти дека конечно започнува со реализација на План за обука на професорите:
http://it.com.mk/index.php/Damjan-Arsovski/Uslugi-i-analizi/Konechno,-MON-kje-gi-obuchi-profesorite

Ако не беа компјутерите подобро ќе беше? Битно е дека почнаа работите да се поместуваат од мртва точка. Добро е за почеток. Недостатоци има. Сега кога има основа мислам дека полека ќе се започне со имплементација на компјутерите во школскиот систем. Ќе се обучат професорите, ќе се средат проблемите со поврзувањето и вмрежувањето, ќе се направи рестрикција на пристапот на учениците на компјутерите во врска со тоа каде смеат а каде не смеат да имаат пристап. Битно е дека има основа.

Бидете малку стрпливи бе луѓе, па до вчера немаше компјутери нити во кабинетите за информатика па добро ви беше и сите ќутевте. Мислам дека треба да им дадеме шанса на луѓето да го имплементираат овој систем. Кога слушам само критики, понекогаш си мислам дека можеби и не заслужуваме ништо да се направи, можеби не требаше воопшто да се купат овие компјутери и да си тапкавме во место со прстот во уста како малите бебиња. :ha:

Се на се, јас мислам дека целиот овој проект е добра основа за да понатаму се одстранат недостатоците и за да можат наредните генерации да добијат соодветно и квалитетно ИТ образование. Не сум политички определен и не бранам никого со моево размислување. Политиката ја оставам на страна и единствено го презентирам моето лично мислење во врска со проблемов, и за разлика од повеќето од вас размислувам позитивно и гледам малку подалеку од вас. Нека продолжат со истото темпо на посветеност во врска со информатичката технологија и ќе се уверите дека полека ама сигурно одиме напред. ;)
 

Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
Се надевам дека ќе успее приказнава со копјутерите во училиштата. Секако дека треба време, но мислам дека не се прави вака како што го прават. "Жртвуваат" неколку генерации, кои само ќе си играат на компјутерите, и на нив полека се учат, и полека во ход, се решаваат проблемите. Не е во ред "бета" фазата да се почне само од компјутер, требале малце подобро да го осмислат и реализираат целиот проект, а не да им требаат 2-3 години за да направат рестрикција кој каде и што смее да прави, и да се обучат професорите. Во ред е да има маани кои што ќе се увидат во првите неколку генерации, но премногу е да имаш само основа, и толку.
Исто е како да направиш форум, знаеш што ќе биде темата на форумот, но немаш модератори и повеќе од еден админ, немаш подготвено почетен материјал и теми, туку само да го пуштиш во тек :) Имаш идеа, ама далеку си од реализација, тоа не е бета фаза.

Најлесно е да се набави опрема, особено со државни пари (така и се научени нашиве да "заработат" пари). Па после да видиме што ќе се прави со таа опрема, со необучени професори. Требале да поминат година-две,минимум, во обука на професорите, да се направи некој предмет само со компјутери, и да се видат резултатите и мааните.

Инаку ни јас не сум политички определен, и не гласам на избори :)
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,791
14,690
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Додека ги обучат професорите и додека им заживе идејата(каква и да им била), компјутерите ќе станат антика, поголем дел од нив ќе ги снема или ќе се расипат. Така да, не е успешен тој поект на гујо.
 

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Додека ги обучат професорите и додека им заживе идејата(каква и да им била), компјутерите ќе станат антика, поголем дел од нив ќе ги снема или ќе се расипат. Така да, не е успешен тој поект на гујо.
Професорите никогаш нема да се обучат да работат на линукс, не се трудат околу тој "проблем".

btw Тие компјутери веќе се антика, но во оваа земја е "дај шта даш".

Како што кажа 386ка, подобро да ги опремеа само лабораториите за информатика со добри конфигурации на кои би можело да се работи како што треба, отколку да ставаат ѓубре кое не вреди ни за еден Microsoft Office.
 

trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
Додека ги обучат професорите и додека им заживе идејата(каква и да им била), компјутерите ќе станат антика, поголем дел од нив ќе ги снема или ќе се расипат. Така да, не е успешен тој поект на гујо.
Da se nadovrzam......
...... i ke izlezat novi operativni sistemi ... i pak ke treba obuka za profesorite:LOL:
 

kirocone

Intern
18 јануари 2008
29
2
Море gOJD[O,A] едни. Сте слушнале вие за напредок?!?! За стапка на напредок??!?! Значи се жалите дека ИТ пазарот овде е мал, а плукате на огромна стапка на развој... Е како да порасне бе? Шо сме ние - AT&T па цел технолошки напредок кај нас да скока од нула на билиони??

BTW - учел некој од вас во гимназија кај шо требало да седи со по тројца на комп? Го седнале некој од овде на интел 386? На Марта? Цимел од некој вас 10 год. да му купат компјутер? Или мислите дека компјутер не е за секој?

Не чинат стипендиите од 5 300 за информатичари а? Не чини промовирањето на Македонија како информатичка земја а? Па General Motors (ете тој не го донесе Грујо, Бучко го донесе), па Intel (најава).. па не чинат книгите шо ќе се преведуваат на македноски, а се користат по врвни универзитети (ела спреми го испитов од 600 стр. на АНГЛИСКИ)...

Шо тресите зелени бе. Па и да е маркетинг, не е САМО маркетинг... Има и нешто друго, фала Богу дочекавме...

p.s. тоа што го кажав важи за информатичкиот сектор, и нека простат тие што не коментираа со негативен контекст, немав време да ги читам сите...
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,126
27,391
kalco.ru
Е вака сега kirocone да ти кажам јас нешто:
Па General Motors (ете тој не го донесе Грујо, Бучко го донесе), па Intel (најава)
Да не мешаме политика кој кого донел не сме тука ние да кажуваме тоа.
Сте слушнале вие за напредок?!?! За стапка на напредок??!?! Значи се жалите дека ИТ пазарот овде е мал, а плукате на огромна стапка на развој... Е како да порасне бе? Шо сме ние - AT&T па цел технолошки напредок кај нас да скока од нула на билиони??
Кој напредок тоа што им ставија компјутери да седат на МСН по цел ден ти го сметаш за напредок?(со исклучоци секако)
КАЖАВ милион пати еве и милијон и први ТОЈ ШТО САКА ДА НАУЧИ верувај дека нема да чека да отиде у школо и таму да програмира или било што....
тоа што го кажав важи за информатичкиот сектор, и нека простат тие што не коментираа со негативен контекст, немав време да ги читам сите.
Кој информатички сектор?
ДРУГАР немам ништо лично против тебе само си го бранам ставот:))
 

stole_pesov

Intern
25 април 2008
530
17
techhub.mk
@kirocone точно така се согласувам со тебе другарче хахха ;)

Сите гледаат само на негативната страна само трескаме зеленни само да се каже нешто па размислете малку па пишете.

Колку време стоевме во место фаала богу и кај нас да се стори нешто во образованието. Ако не се инвестираше сега во образованието со проектот компјутер за секо дете кој знеа кога друк пат ќе ја имаме таа шанса.
Сега од нас зависи како ќе иде работата понатаму дали на добро или на лошо. Тоа тешко ќе иде затоа што уте сега има некои мангупи (кај нас ) шкртаат по монитори, по тестатури, ги разместуваат копчињата на тестатурите и што уште не . Тоа треба некако да се спречи :)) оти до нова година незнам дали ќе остане нешто.
Ќе се средат работите само треба многу време ние македонците се учиме на грешките тоа ни е традиција хахаха.
:D
Поздрав
 

Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
Ако не се инвестираше сега во образованието со проектот компјутер за секо дете кој знеа кога друк пат ќе ја имаме таа шанса.
Зашто да не се инвестираше наредната година, годината после таа, минатата година?
Не ги добивме компјутерите гратис,на бинго, или искористивме некоја неверојатна понуда, туку владата само ги купи. А истото тоа може да го стори и наредната година, и лани. За каква шанса зборуваш? Шанса да се инвестира во компјутери? Па нема да ги снема идната година, па ова да ни биде последна шанса :)

Како што самиот кажа:
...само трескаме зеленни само да се каже нешто па размислете малку па пишете.
 

bons

Gaining Experience
9 април 2007
242
66
Македонска работа.. и ве молам прекинете со политизирање на форумов:ua:
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,791
14,690
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Море gOJD[O,A] едни. Сте слушнале вие за напредок?!?! За стапка на напредок??!?! Значи се жалите дека ИТ пазарот овде е мал, а плукате на огромна стапка на развој...
Ох кутар ти, во каква илузија си живееш. За каква огромна стапка на развој зборуваш и сонуваш? :LOL: Македонија години наназад е последна или предпоследна. Лани имавме рекорд од 5.5% и во регионот бевме предпоследни пред Црна Гора со 5 кома нешто %, Албанија беше прва.

Очигледно си помлад штом зборуваш за некаков си напредок. А дали знаеш што е назадок? Дали имаш представа како се живееше пред 20 години? Дали знаеш дека македонецот со просечни примања можеше да си дозволи да оди на одмор на места каде сега неможеме ни да помислиме со два-три пати поголеми примања од просечните. Дали знаеш што можеше да се купи со просечна плата тогаш, а што сега? Ако не грешам марката беше 7 динари.

Се спремаат железни парички од 50 денари. Што си мислиш зашто? Поради големиот економски и индустриски развој?

BTW - учел некој од вас во гимназија кај шо требало да седи со по тројца на комп?
Да учел. И што? Тие што сакале да научат не научиле ли?
Што мислиш дека компјутерската индустрија од секогаш била толку развиена, дека од секогаш постоел интернет, дека од секогаш постоела толку голема потреба за тоа?

Го седнале некој од овде на интел 386? На Марта?
Го седнале и на XT и на Spectrum и на Commodore64 и на Atari и на Amiga.


Цимел од некој вас 10 год. да му купат компјутер? Или мислите дека компјутер не е за секој?
Цмиздреле многу деца, ама родителите неможеле да си го дозволат тој луксуз. Ако не си знаел, порано компјутерите беа многу поскапи. На пример пред 20 години еден компјутер кошташе 20 просечни плати, а сега кошта еднаипол.

Не чинат стипендиите од 5 300 за информатичари а?
Не чини. Зашто не дадат стипендии за енергетичари, за медицинари, земојделци и др?

Не чини промовирањето на Македонија како информатичка земја а?
Чини тоа, но за жал Македонија не е информатичка земја.
Па General Motors (ете тој не го донесе Грујо, Бучко го донесе), па Intel (најава)..
Шo General Motors? Каква врска има тоа со IT?:zbunet3: И како го донел нив Бучко? Од татко му ли беа па на нас ни ги даде? Не, Бучко лапна милиони провизија, а General Motors оцениле дека им се исплати па решиле да влезат да садат тикви овде.

И не знам што ги спомнуваш Intel. Отишле гуевци таму и што со тоа? Договорија ли нешто конкретно кое ќе донесе прилив на капитал во земјава и нови вработувања? Не.

(ела спреми го испитов од 600 стр. на АНГЛИСКИ)...
Ако не знаеш англиски подобро откажи се од IT и било каква технологија.

Шо тресите зелени бе. Па и да е маркетинг, не е САМО маркетинг... Има и нешто друго, фала Богу дочекавме...
:LOL::LOL:Што сте дочекале жити се?
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,630
Мислења
822,062
Членови
28,276
Најнов член
GirlFromMars22
На врв Дно