1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Македонски хостинг и бесплатен SSL

Дискусија во форумот 'Веб Хостинг' започната од Fatal1ty_, 17 Јануари 2017.

  1. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,478
    25,531
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Како долгогодишен презадоволен корисник од ухост, досега не сум имал никаков проблем со нив и секогаш биле на прво место кога станувало збор за домашна хостинг услуга.
    Но денеска наидов на првиот проблем со нив....Проблемот настана кога сакам ва сетирам Let’s Encrypt бесплатен ssl сертификат на хостинг пакет за клиент.
    После неуспешните обиди да најдам алатки или слични вратоломии за успешно да ја инсталирам, решив да им побарам помош од техничката подршка...која бај да веј им е изврсна и чиста десетка...но одговорот кој го добив малце ме збуни. Цитирам:
    Поштено во целост, но јас сакам да го користам бесплатниот сертфикат што го нуди Let’s Encrypt.
    Прашањето ми е дали има МАКЕДОНСКИ мора да е македонски хостинг кој ја нуди оваа опција?
    Или @sumi да ми каже некоја алтернатива.

    Навистина се збунив пошто сите хостинг компании ја овозможуваат оваа услуга дури некои и ја инсталираат бесплатно за своите клиенти.

    Благодарам.
     
    Oktar, drown, NERD. и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. DeeJayZone

    DeeJayZone
    Gaining Experience

    122
    72
    3 ноември 2008
    Обиди се со МКхост.
    Во изминативе месеци нудеа некој бесплатен / 300 ден. сертификат.
    Не е оној кој го опишуваш, но можеби ќе ти излезат во пресрет и за него.
     
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,478
    25,531
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Јас навистина не би сакал да си одам од кај нив, префрлањето на хостинг ми е дополнително губење време. Но ми теба сертификатот, а бидејќи е за клиент и за сајт кој е не-профитабилен, сопственикот не сака да дава дополнителни 40е за сертификатот...Фала богу и нема поима што е тоа и за што служи што ми е дополнително губење време да објаснувам....
     
  4. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    624
    1,278
    10 Март 2011
    Машко
    Divi Expert
    И мене истото би ме интересирало. И јас сум долгогодишен корисник на uhost и до сега не сум имал никаков проблем со нив, техничка подршка на највисоко ниво +10. Али бидејки користам и други, не македонски хостинзи, кај сите уште од поодамна се имплентираше let's encrypt (кај некои од нив буквално е one-click-install). И баш ми е чудно што сеуште не го овозможиле тоа Ухост.

    Доколку има некое чаре би било добредојдено.
     
  5. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,414
    10,189
    23 oктомври 2012
    Машко
    Целосна глупост е да не дозволуваш сертификат од Let's Encrypt. Па уште и образложението дека требало да ги испитаат кои се тие и што бараат. Ем не се од вчера ем не верувам дека ухост се нешто нарочито стручни на темата. Ја би ти рекол да ги форсираш да си завршиш работа со лец енкрипт, ги користам, топ сервис се и бесплатни се за разлика од другите што дерат/дереа пред нив. Единствена мана би рекол дека е тоа што сертификатите им се со важност од 6 месеци, ама секако ти праќаат мејлови со потсетување.
     
    На Mr.Jack му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,126
    740
    8 Април 2007
    Машко
    Во процес на тестирање и имплементација е Let’s Encrypt. На серверот каде е твојот акаунт во моментот не беше инсталиран и конфигуриран. Го инсталирав, конфигурирав и овозможив за твојот сајт.
    Колешката која ви одговорила на тикетот не е информирана за оваа нова можност па за тоа и си добил таков одговор. Без гајле за тоа сум јас тука :). Средено и информирани колегите се надевам нема да има ситуација иста ако некој побара Let’s Encrypt во иднина ;)
     
    На Krkac, Ceco, omegaRED и уште 17 други им се допаѓа ова.
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,478
    25,531
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ти благодарам,
    Е заради ова го имам ставот дека сте најдобри во регионот.... ;)
     
    Krkac, Ceco, Astro и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. Avid

    Avid
    Guru

    4,084
    6,076
    21 Јануари 2009
    А таман сакав да пишам да ги праша Фаталити колку време ќе им (ви) треба детално да испитате кои се и што се :)
    Тој па одма ќе си одел.
     
    На sumi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,478
    25,531
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Последна алтернатива ми беше да си одам од кај нив... Кажав многу пати, задоволен од нивната услуга. Само одговорот ме збуни.
    Темата не беше да ги пунам со негативни коментари и плукам, само побарав јавно помош и мислења.
     
    На Krkac, igor_xxxx, sumi и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,126
    740
    8 Април 2007
    Машко
    Види не ни текна нас пред 5 дена за Let’s Encrypt, си играме со него некое време. Само пред некој месец имавме неколку конфликти и проблеми па и cPanel ги контактиравме да проверат за евентуален баг. Инаку кога се работи за имплементација на нешто ново во shared сервер каде на удар ти е 100-200 акаунти ако нешто киксне не е исто како на пример на сопствен ВПС или дедициран каде имаш 10тина сајтови. Ако на shared некој киксне си ги зафркнал многумина и си им попречил во работата на сите, од таа причина не секогаш најновите работи се имплементираат веднаш туку се остава време да се испеглаат почетните багови. На пример за тоа и самиот cPanel не нуди веднаш поддршка за најнови верзии на php, mysql бидејки многу често во нив може да се најде баг кој би им правел проблем на сите корисници на еден shared сервер.
     
    На Oktar и shooter им се допаѓа ова.
  11. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    613
    342
    9 Февруари 2008
    2017 год сме и дополнителна ИП адреса за сертификат?! :)

    https://en.wikipedia.org/wiki/Server_Name_Indication
     
    На gdamjan и Oktar им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...