AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139
Македонски хакери пробиваат грчки сајтови. Грците во инвазија со коментари и статии промовирајќи грчки па и пробугарски национализам. На блоговите, форумите па и на Гугл се води интернет војна за отворените прашања меѓу Македонија и Грција.
Група млади луѓе потпишани како “Обединета бригада за разузнавање и контраразузнавање” тврди дека го хакирала сајтот на грчката влада. Видео клипот кој го доставија покажува напис - ја признаваме Република Македонија под уставното име, ја признаваме македонската нација и Македонската православна црква. Зборовите стојат под сликата на грчкиот премиер Костас Караманлис. Од Грчката влада нема потврда дека се случил упадот на официјалната веб страна.
Грците пак под разни псевдоними речиси комплетно го освоиле просторот на најновата интерент енциклопедија Кнол која деновиве ја лансираше Гугл. Под поимот Македонија се наоѓаат само текстови во кои стои дека Македонија е регион во Грција, Фиромјанците се Бугари, бугарската азбука ја надградил тито и го создал актуелниот јазик.
Ова не е нова појава но станува се поагресивна - вели Филип Стојановски програмски координатор во Метаморфозис и долгогодишен блогер. Вели дека на Македонците им недостасуваат научни податоци за да бидат поприсутни на интернет.
- Нашите соседи се многу поактивни во академската средина. Малку се Македонците кои пишуваат. Академските институции треба да бидат поттикнати да објавуваат научни факти на интернет па така младите наместо да пцујат ќе можат да се служат со аргументи - изјави Филип Стојановски.
Недостатокот на аргументи ги прави дискусиите по националните прашања вулгарни и ирелевантни. Стојановски сугерира отворен пристап - обврска за академските институции финансирани од државни пари да ги објавуваат своите сознанија и интернет изданија на и онака бесплатните учебници.
Од искуството како блогер вели дека Бугарите се најчести посетители и коментатори по македонските профили на кои се водат сочни националистички дискусии.
Извор: Сител