1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Македонски Vs. Надворешен Хостинг

Дискусија во форумот 'Веб Хостинг' започната од Глупав, 2 Февруари 2019.

  1. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    368
    172
    20 Април 2008
    Машко
    Би сакал да знам pros. and cons. ???
    Знам дека подобро би било парите да останат во Земјава (барем поголемиот дел),
    но имав едно искуство каде се бараше исклучиво странски хостинг
    (дали поради страв од крадење на идеи,
    откривање дека се работи за бизнис во Македонија
    или нешто слично не разбрав...)
    Гледам домашниве се дури нешто поекономични од некои hosting компании кои ги знам,
    но не знам како се справуваат со тековни технички проблеми
    поточно изнаоѓање на секојдневни решенија, ажурност и агилност...
    Благодарам на внимание ! ! !
     
  2. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,603
    4,518
    23 Јуни 2015
    Машко
    Uhost се одлични. Дечките реагираат веднаш, имаат свој контролен панел кај нив на сајт и достапни ти се сите информации, си отвараш тикети од таму и ти одговаат речиси веднаш. Серверите им се топ и сите имаат ССД, никогаш не сум имал проблеми.

    HostGator & GoDaddy се океј, меѓутоа со нив не сум имал некое големо искуство. Хостирање привремено и купени неколку домени.
     
    Глупав, artweb и на smole им се допаѓа ова.
  3. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,041
    1,159
    11 Март 2011
    Колку што имам видено, само неколку поголеми компании во МК: Телеком, Неоком и др. нудат хостинг со нивни сервери во МК, останатите се реселери, најчесто од некој европски сервер.

    Во најголем дел странските хостинзи на хартија нудат повеќе за парите, т.е. ретко кој од домашните има unlimited bandwidth на пример, но предноста на домашните е што можеш нон-стоп да им досадуваш нешто на телефон. Барем јас неколкумина што знам, хостираат во МК и решаваат ИТ проблеми по телефон.

    Инаку не делува многу верно, но доста луѓе што работат е-бизнис, имаат проблеми со англискиот, како и со ИТ вештини и хостирањето во МК им е начин да не си отворат трет проблем.

    Бидејќи и темата одговата, би можело дискусијата да се прошири и кој каде хостира сајт и општо што хостира, пр. PHP, ASP, WordPress ...
     
    Последна промена: 2 Февруари 2019
    На Глупав му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,431
    25,121
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Битна ствар дали сајтот ти е наменет за Македонија или не. Поради speed optimzation за државата од која треба да ти доаѓа најголемиот дел од трефикот, од таму барај да ти биде и хостингот. Во моето секојдневно работење со најразлични хостинзи ова се покажало како точно.

    uhost имаат во македонија истотака
     
    Последна промена: 2 Февруари 2019
    Глупав, artweb, bxxxn и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    612
    342
    9 Февруари 2008
    tldr Ако не ти требаат македонски сервери, не користи македонски хостинг. Ако не си тежок патриот, не користи македонски хостинг.

    Не сум ги користел ухост веќе повеќе од 10 години. Еве рандом работи што приметив:
    - Те форсираат да платиш за цела година
    - Имаат смешни лимити на плановите како 1ГБ диск и 150ГБ сообраќај :D
    - ВПС плановите им се дупло поскапи од КВАЛИТЕТНИ провајдери како Linode, DigitalOcean, Vultr. Дури па користат OpenVZ, ако се просечни македонци тогаш прават оверселинг. Со Linode и сличните добивате вистинска изолација со KVM, Xen и слични.
    - Нивниот сајт е хостиран на шерд сервер? Reverse IP Lookup - ViewDNS.info
    - Германските сервери им се најверојатно од Dedicated Root Server, VPS & Hosting - Hetzner Online GmbH ете купете си директно од нив ПОЕВТИНИ сервери, имаат и поевтини Шерд планови без глупи лимити. Cut the middleman

    Не знам какви сисадмини имаат и како работат, само секогаш имам предрасуди за македонци дека нема да си ја вршат работата убаво.

    Ова не е поврзано со ухост. Искуство со македонски хостинзи ми е: ќе ми ги читаат и пренесат приватните информации како адреса на живеење, каков сајт хостираш, колку трафик добиваш. Нема да знаат да одржуваат меил сервери, ќе си имам проблеми со спам константо, ќе си имам проблеми кога некој неук од техничка поддршка ќе ми сјебе нешто. Не мора да е така ова за сите. Whatever floats your boat. Сепак јас сум само просечно македонче хејтер што знае само да плука по други и ништо друго :D


    Сите квалитетни хостинг компании нудат одличен 24/7 support преку чат, тикети и поретко телефон. Мене лично поддршка преку телефон не ми треба зашто не можам да им диктирам цели ерор логови или да им диктирам ерор пораки. Цените се слични со тие на ухост, а добивате многу подобри услови, помали лимити, месечни плаќања, квалитетни сисадмини. За „квалитетни“ не ги бројам хостгатор и други ЕИГ хостови As Full As Possible List of EIG Companies and Brands With Details (Beware EIG Hosting!)
     
    the_unpredictable, Глупав, smole и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Убо рече МистерЏек, не е тоа хејт.

    Лично, би ги пофалил МкХост. Мислам дека имаат 3 опции за бирање сервер: Македонија, Германија и УСА или така нешто... за да можеш за секој клиент да го одбереш оптималното.

    Проблемот кај нив ми е што цените се доста високи спрема понуденото.
    Додатно, поддршката им е одлична. Во тоа до сега не сум влетал на проблем.
     
    На Глупав и smole им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. ivvan
    Одговори:
    47
    Прегледи:
    6,544
  2. macedonia
    Одговори:
    25
    Прегледи:
    5,182
  3. Filmovi
    Одговори:
    17
    Прегледи:
    3,279
  4. BlueBaron
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    2,368
  5. Viziano
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    621
Вчитување...

Сподели

Вчитување...