• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Македонски средношколци со сребрен и два бронзени медали на Интернационална олимпијада по информатика во Индонезија

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
103
243
www.IT.mk
На 34-тата Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2022), која од 7-ми до 15-ти август се одржува во Индонезија во градот Јогјакарта, македонскиот тим средношколци го постигнаа историски највисокиот резултат во повеќегодишната традиција на ова натпреварување. Македонскиот тим на овој интернационален натпревар во програмирање беше составен од учениците Благојче Павлески, Марко Таневски, Софија Велковска и Тео Китановски, предводени од д-р Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Успесите повторно пропратени со институционални киксови и маргинална поддршка за идните генерации​

За жал, заради задоцнета поддршка за патување од страна на институциите и зголемувањето на цената на авио билетите, нашиот тим наместо во живо учествуваше на олимпијадата онлајн, од просториите на ФИНКИ и со тоа на нашите врвни ученици им беше ускратена можност да бидат на лице место заедно со учесниците од останатите земји.

Со оглед на успесите кои македонските ИТ таленти ги постигнуваат ширум светот – земете ги на пример само неколкуте во овие последни месеци – во е-спортот, во развојот на игри, во стартап светот, во кои младите ИТ таленти подобро ја претставуваат државата од било кој пратеник, министер, политичар или политичка партија, крајтно време е да се ревидираат малку работите на институционално и национално ниво и да дадеме соодветна поддршка на потенцијалот кој може многу да помогне на државата во иднина.

 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.462
Мислења
901.533
Членови
32.170
Огласи
544
Најнов член
mariberova911
На врв Дно