Вакви проблеми ниту се решаваат по телефон, ниту некој може да ги реши на форумов. Значи единствената опција е да се отиде лично или некој друг да отиде на лице место и да добие информација што се случува. Сите понатамошни опции и претпоставки се излишни.Пратката од iHerb ми стигна 2 дена откако постирав овде. Другата иако пристигната пред неа во Скопје, сеуште ја држат на царина. Статусот е суште истиот од 3-ти декември, недостасува фактура. Пратив уште два пати мејл со подсредено се во пдф, но нема ништо.
Бидејки столот е купен од ebay-kleinanzeigen.de продавачот е физичко лице. Го прашав и ми кажа го маркирал како поклон. Фактура нема бидејки е физичко лице. Побарав фактура да ми направи и ми прати човекот, па испратив вчера уште еден мејл со се фактурата. Суште ништо. Во мејлот има:
1. Скриншот од кореспонденцијата каде што сме преговарале за купување и цена помеѓу мене и продавачот
2. Скриншот од самиот оглас пред да го симнат
3. Пејпал фактура од уплатата моја ПДФ
4. Од вчера и фактура од продавачот направена од негово име на мое ПДФ
5. Скриншот од уплатата во банка
Значи пратката е стигната веќе точно 2 недели во Скопје. Сакам да разберам зошто се кочи работава.
Дали некој може да ми даде некој друг телефон освен двата на известувањето кое стига по пошта? Првиот од тие броеви дава чуден сигнал и не е во функција, на вториот никој не крева.
Инаку работам буквално по 16 саати на ден на компјутер и моментално зависи цела фамилија од мене. Имам хронични болки во грбот и надежта ми е во овој стол кој го истражував со месеци пред да се одлучам.
Сум собирал пари за него, сум чекал оглас со добра цена со месеци, сум го пазарил со цел мерак и сега низ нос ми го извадија. Не знам што да правам. Моментално имам комплицирана ситуација поради ковидов, патување до Скопје не е опција никако.
Вакви проблеми ниту се решаваат по телефон, ниту некој може да ги реши на форумов. Значи единствената опција е да се отиде лично или некој друг да отиде на лице место и да добие информација што се случува. Сите понатамошни опции и претпоставки се излишни.
Дали ова ќе заврши работа?Претходно кога сум имал дискутабилни пратки(зборувам пред години) кои чинеле нешто повеќе нови, а сум ги земал доста поефтино од физичко лице или некој добар дил и слично, ми вртеле од царина и тоа по 100 пати за да ми објаснат што е и како е со пратката и што треба да се направи. Сум налетувал и на арогантен тон и слично ама барем секогаш имало комуникација. Дали јас сум се јавувал, а почесто и тие ме барале важно на крај секогаш излегувале во пресрет да помогнат да се реши случајот. Не разбирам што е сега ова со некревање слушалка во време на пандемија кога е најпроблематично патувањето.
Па да, ќе ги испамирам со еден уредно напишан мејл кој ја опишува целата ситуација сите на листата за почеток.
Секако ќе пробам да ги барам на телефон. Благодарам.
Можно е токму поради пандемијата да работат со намален капацитет (дел од вработените да се во изолација и сл.). Инаку мене еднаш 2 недели ми беше пратка на царина, ама тоа беше пред некој месец кога почнаа да работат аеродроми и сл., па наеднаш им стигнаа изгледа многу пратки.Не разбирам што е сега ова со некревање слушалка во време на пандемија кога е најпроблематично патувањето.
Можно е токму поради пандемијата да работат со намален капацитет (дел од вработените да се во изолација и сл.). Инаку мене еднаш 2 недели ми беше пратка на царина, ама тоа беше пред некој месец кога почнаа да работат аеродроми и сл., па наеднаш им стигнаа изгледа многу пратки.
Off-topic: Каков стол зема?![]()
Ако е од машко, големината на газот не секогаш соодветствува со килажата. Гледај да бил под 150кг. и да не се потел многу.Capisco 8107 Цел месец имав аларм сетирано на ибеј клајнанзиген изгледав еден куп објави, скапав муабет со 50 германци и искрено не се исплати. Сега ќе ми опнат 15% + 18% на сумата, плус лежарина и се тоа и со се малтретирања и нерви губење и ако го искалкулирам времето мое у се тоа многу е. Плус тоа користен е. Се надевам дека германецов мал гз има хаха. Ум за друг пат.
Ако е од машко, големината на газот не секогаш соодветствува со килажата. Гледај да бил под 150кг. и да не се потел многу.![]()
Однеси го на длабинско чистење за секој случај.Ако газот е мал, а килажата 150кг. значи доволно длабока дупка ќе имам за седење со хемороиди.Може да дојде како бенефит хахах!
Однеси го на длабинско чистење за секој случај.
Него ја да прашам, да не му има некого стигнато пратка од Германија со ДХЛ деновиве во гужвава и за колку време?
Преку DHL Paket, не DHL Express. Изгледа деновиве се трупаат пратки па ме интересираше за колку стигнала од појава на статусот "пратката се прима од испраќачот".По ДХЛ Експрес на аеродромска царина или ДХЛ обичен кој го хендла Македонска Пошта?
Моиве две пратки беа преку обичен ДХЛ. Столот од Германија по обичен ДХЛ ми го држат сеуште 2 недели+, а пред недела време ми стигнаа две пратки од iHerb од Америка исто преку обичен ДХЛ испратени т.е. пристигнати преку Македонска Пошта.
А пред некој ден на колега му стигна пратка по ДХЛ Експрес и му е заглавена на аеродромска царина. Му пратила тетка му од Австралија поклони без тој да знае во вредност од сто долари фустанчиња и слично. Сега ќе го одерат со шпедиции, лежарини и царина уште толку. Страшно е изнервиран. Ама сакам да кажам го известија пред некој ден веднаш штом стигна пратката по ДХЛ Експрес и ја тера процедурата.
Преку DHL Paket, не DHL Express. Изгледа деновиве се трупаат пратки па ме интересираше за колку стигнала од појава на статусот "пратката се прима од испраќачот".
Не се плаши не се бој...
Ова е стварно брзо кај тебе.
Само скринот од нарачката и од банка ако имаш онлајн пристап до сметката, шибни ги во пдф. Имаш онлајн конвертери за брзо да завршиш работа.
NET LAN WIRELESS USB TP-Link ARCHER T3U, AC1300, MU-MIMO, Dual Band, USB3.0
1.100,00 ден
CPU AMD RYZEN 7 9850X3D, Octa Core, 5.6GHz 96MB s.AM5 TRAY 100-000001973
29.990,00 ден
GAMING WHEEL MONITOR STAND LITE NEXT LEVEL RACING, UP TO 55" NLR-A020
7.250,00 ден
WEB CAMERA ELGATO FACECAM 4K STUDIO USB TYPE C, Black, 10WAF9901
15.260,00 ден
CONVERTOR EXTENSION/SPLITTER CABLE FOR 5V 3-pin ARGB ACCESSORIES 1-3 (30cm) KOLINK BLACK, ZUAD-1473
410,00 ден
MOUSE WIRELESS CORSAIR SABRE V2 PRO RGB, Ultralight Gaming Mouse, 36g, MARKSMAN S 33000 DPI, 2.4Ghz/Bluetooth, Black, CH-931G000-WW
6.750,00 ден