1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Македонски канали без претплата

Дискусија во форумот 'Антени,предаватели,апарати/уреди и останата опрема' започната од King Kong, 24 Септември 2017.

  1. King Kong

    King Kong
    Intern

    61
    17
    23 Септември 2017
    Машко
    Здраво дечки. Се извинувам што отворив нова тема, може не требаше не знам, но не најдов нешто слично на тоа што ми треба, нов сум сепак.
    Дома имам Макс ТВ на два ресивери, но имам и два постари телевизори на кои имав кабелска до пред некој ден али ја исклучив затоа што не се користат којзнае колку за да плаќам секој месец, но добро е да има по некој канал колку да можеш да уклучиш тв кога ти треба во соба.
    Е сега прашањево ми е дали после дигитализацијата од пред некоја год, може да се фатат македонски канали некако без приклучување оператор? Читав нешто за со антена и сет топ бокс дигитален ресивер но не знам како точно, дали некој може да ми објасни подетално? :)
     
  2. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Ако телевизорот подржува дигитален прием (поновите подржуваат), ти треба само дигитална антена и тоа е тоа.
     
    На King Kong му/ѝ се допаѓа ова.
  3. krema

    krema
    Professor

    9,816
    9,505
    24 Јуни 2009
    Машко
    Или со сет-топ бокс, кошта околу 1000 денари. Ги има во познатите продавници за бела техника.
     
    На SiPy` и King Kong им се допаѓа ова.
  4. King Kong

    King Kong
    Intern

    61
    17
    23 Септември 2017
    Машко
    Телевизорите не се ЛЦД или Плазма, од тие старите модели се и имаат сигурно 10 години и повеќе, прилично сум сигурен дека не подржуваат.
    А ако не поддржуваат на пример, дали треба покрај дигитална антена да купам и сет топ бокс, илу пак само дигитална антена или пак само сет топ бокс? :)
     
  5. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,818
    2,670
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    @King Kong Баш така како што си прочитал е, купуваш дигитален ресивер, на пример ваков, поврзуваш антена, гледај само некоја со засилувач да е за да не ти сецка и кочи и ги имаш каналите.
     
    На Oktar и King Kong им се допаѓа ова.
  6. krema

    krema
    Professor

    9,816
    9,505
    24 Јуни 2009
    Машко
    Можеш да искористиш и стара антена, не се залетувај одма со „дигитална“ антена :)
    Потребно е сет-топ бокс + сигнал од антена. Најдобро е антената да биде надвор.
     
    На Oktar и King Kong им се допаѓа ова.
  7. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,818
    2,670
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Да, треба прво да проба со обична али јас во Охрид со обична антена на 5ти спрат на тераса ставена ништо не фаќам. А и со дигиталната се случува да засецка од време на време.
    Лесно беше порано со аналогниот сигнал, немаше кристал слика ама и да нема добар прием малце снегче ќе падне, ќе зашушти али пак гледаш. А со дигиталниов сигнал веднаш при најмали сметњи се кочи сликата тотално и ништо не гледаш. Затоа што појака антена тоа подобро.
     
    На King Kong му/ѝ се допаѓа ова.
  8. krema

    krema
    Professor

    9,816
    9,505
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ако е антената надвор, на кров, на тераса или било каде на отворено нема да има никаков проблем, се` зависи од местоположбата. Со внатрешни (собни) антени можно е да има слаб сигнал и како што велиш сликата да сецка (коцка).
    Во урбана средина може да се добие сигнал и со парче жица (50-100см.) боцнато директно во ресиверот :)
     
    На King Kong му/ѝ се допаѓа ова.
  9. King Kong

    King Kong
    Intern

    61
    17
    23 Септември 2017
    Машко
    Значи сет топ бокс обавезно нели, плус антена појака? :)
     
  10. krema

    krema
    Professor

    9,816
    9,505
    24 Јуни 2009
    Машко
    Да, обавезно, а антена ако имаш стара прво ќе пробаш со неа.
     
    На King Kong му/ѝ се допаѓа ова.
  11. King Kong

    King Kong
    Intern

    61
    17
    23 Септември 2017
    Машко
    Океј, ќе пробам така. Фала ви многу на сите.
     
  12. King Kong

    King Kong
    Intern

    61
    17
    23 Септември 2017
    Машко
    Дечки сега ми текна уште една идеја па да прашам. Дали на дигиталниот ресивер може да се уклучи и wifi адаптер kako chromecast или нешто слично доколку има повеќе порти за hdmi? Дали би функционорало ова? :)
     
  13. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,704
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Никако. Рисиверот служи за да гледаш телевизија на прастар телевизор додека не ти цркне. И толку
     
  14. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,818
    2,670
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Исто така служи и за да снимаш програми, да пушташ фајлови преку USB, да поврзеш звучен систем, да слушаш радио итн :)
     
    На King Kong му/ѝ се допаѓа ова.
  15. krema

    krema
    Professor

    9,816
    9,505
    24 Јуни 2009
    Машко
    Има можност преку USB да си пушташ mp3-ки и DviX филмови :)
     
    На King Kong му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,704
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Good luck with that...
     
  17. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,818
    2,670
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Зошто ти изгледа толку невозможно? Све од тоа што набројав го имам направено со мојот.
     
    На King Kong и kirev им се допаѓа ова.
  18. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,704
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Жив проблем се тие STB... Или греат, или спори, или ... Башка, кој уште гледа на SD телевизор :)
     
    На King Kong му/ѝ се допаѓа ова.
  19. krema

    krema
    Professor

    9,816
    9,505
    24 Јуни 2009
    Машко
    Немат сите HD телевизори, така да зошто да не!
     
    На King Kong и kirev им се допаѓа ова.
  20. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,818
    2,670
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Добри се бе за у викенд стан :)
     
    На King Kong и kirev им се допаѓа ова.
  21. King Kong

    King Kong
    Intern

    61
    17
    23 Септември 2017
    Машко
    Дечки денес купив DVB ресивер и DVB дигитална антена од Anhoch и функционира одлично, баш како што сакав! Фала ви на сите за помошта и учеството во дискусијата! Поздрав!
     
    kirev, krema и на NecrotoX им се допаѓа ова.
  22. krema

    krema
    Professor

    9,816
    9,505
    24 Јуни 2009
    Машко
    Нека е за арно:)
    Колку канали улови?
     
  23. zmija

    zmija
    Gaining Experience

    326
    194
    26 Мај 2007
    NoLifer
    дали ако земам дигитална антена ќе фајќам мтв1 hd
    и на која резлуцуја е сигналот 1080i или пониска
     
  24. krema

    krema
    Professor

    9,816
    9,505
    24 Јуни 2009
    Машко
    мтв1 hd, мтв2 hd и собраниски hd треба да ловиш, а дали е 1080 не можам да кажам со сигурност.
     
  25. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,216
    560
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Сигурно не се 1080.
     

Сподели

Вчитување...