• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Македонски ИТ форум - веб сајт на денот според "Време"

  • Ја почнал/а темата D
  • Време на почнување
Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
Македонски ИТ-форум

Македонскиот ИТ-форум е класичен форумски веб-сајт наменет за пренесување информации и дебатирање на теми поврзани со информатичките технологии, како и пренесување вести и препораки за посети.

Замислен доста амбициозно, форумот е поделен на секции во рамките на кои се водат поспецијализирани дискусии по области и конкретни теми. Секциите опфаќаат технички области како хардвер, мрежи, оперативни системи, програмирање, сигурност, мултимедија..., но има простор и за компјутерските игри и теми насочени кон користењето и последиците на ИТ кај луѓето чија примарна стручност е во други области.

Пред појавата на блоговите, форумите беа една од главните методи за граѓанско учество на Интернет. Нивниот успех во денешни услови зависи од степенот на инклузивност и слободоумност во дискусиите, транспарентното и конзистентно спроведување на правилата за дискусии и овозможувањето што почесто вметнување линкови, кои ќе привлекуваат посетители од машини за пребарување.


Дополнување: секојдневно
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Код: ПХП
Дизајн: текстуален
Навигација: стандардна
Пребарувач: има
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
PСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 2/10
Јазици: македонски
Адреса: it.com.mk

Превземено од: http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=71121&EditionID=1091
 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
П.С. Секоја почит за објавувањето на овој форум како сајт на денот, но не е дека неам коментари и несогласувања со напишаното.
 

direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Bi sakal da gi slusnam komentarite. Mene licno ne mi se dopagja kategoriziranjeto na forumite kako podredeni na blogovite !!!! ne mi e jasno voopsto taa sporedba i povrzuvanje
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
Bi sakal da gi slusnam komentarite. Mene licno ne mi se dopagja kategoriziranjeto na forumite kako podredeni na blogovite !!!! ne mi e jasno voopsto taa sporedba i povrzuvanje
Како што реков, почитувам што беше избран овој форум како веб сајт на денот, али на напишаното се гледа дека не е обрнато многу внимание. Споредбата дека "пред појавата на блоговите, форумите беа една од главните методи за граѓанско учество на Интернет" мене ми е целосно без врска и надвор од контекст и очаен обид за нешто....

Веќе подолго време забележувам едно навистина "громогласно" промовирање на блогови од одредена група на луѓе, и тоа упорно во секоја прилика која ја имаат. Во ред е тоа, блоговите се кул нешто, но зарем треба да се потценува се` друго?!

Да не трошиме многу време што и како, пак ќе кажам, јавно благодарам до момците одговорни за рубриката сајт на денот во Време и покрај "резервираниот и ограничен" коментар.
 

DynamicMK

Gaining Experience
11 април 2007
1,635
181
Jas go vidov uste istiot den i vikam da im kazam ili ne... i si vikam aj ne :)
Cestitki i se najdobro...
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Абе ок, супер за промоцијата како сајт на денот :)

Незнам шо се фурате за ова со блоговиве, ако така им било мерак да направат споредба - ок.

Блоговите навистина се многу популарни деновиве, веројатно тоа сакале да го потенцираат, ама ако веќе мешаме баби и жаби, еден блог неможе да биде попопуларен од форум во никој случај, едноставно нивната структура и примена е различна и неспоредлива.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
Абе ок, супер за промоцијата како сајт на денот :)

Незнам шо се фурате за ова со блоговиве, ако така им било мерак да направат споредба - ок.

Блоговите навистина се многу популарни деновиве, веројатно тоа сакале да го потенцираат, ама ако веќе мешаме баби и жаби, еден блог неможе да биде попопуларен од форум во никој случај, едноставно нивната структура и примена е различна и неспоредлива.
Има малку background сторија на целата ситуација... како за мал пример, види колку пати неделно сајт на денот ќе е нечиј блог.

Онака си правима муабет, нема потреба од фурање и слично, како што неколку пати кажав, голема почит за ставање на форумот како сајт на денот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,569
Мислења
823,587
Членови
28,075
Најнов член
GGPPkorcula
На врв Дно