1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Македонски агенции и клиенти

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од M.Pix, 20 Мај 2020.

Дали сметате дека е потребна едукација на клиентите и фирмите во Македнија?

  1. Да

    95.5%
  2. Не

    4.5%
  1. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    765
    2,557
    27 Јануари 2014
    Машко
    Инспириран од еден денешен муабет со другар, сакам да ја започнам темава за која верувам дека ќе има многу заинтересирани. Кратка верзија би било, какво е вашето искуство со Македонски агенции за дизајн/девелопмент/маркетинг? И обратно какво е мислењето на агенциите/фриленсерите со клиентите?

    Јас сум прилично у онаа категорија да немам никаков бизнис со фирми и клиенти од Македонија освен ако не сум чул добар глас за нив т.е. да се со препорака.
    Денес во еден муабет со близок другар кој работи како менаџер во хотел со 5* (засега нема да откривам имиња), ми праќа линк и ме прашува што мислам за новиот веб сајт. Само што отварам, ми делуваше познато, и нормално во сорс кодот си стои името на вордпрес темплејтот. И ќе застанев тука ако во футерот на веб сајтот што ми го прати другарот не стоеше Developed by (фирмата што ја најмиле од Македонија).


    Сеуште на другаров не му кажувам за ова и го прашувам што конкретно изработиле, на што добивам одговор "па целиот дизајн, тоа системот за букирање соби, и галеријата. Ние само сликите и логото им ги пративме." Да напоменам дека самата тема ги има овие функции. Дури и колор палетата на демото е иста со таа на хотелот. Класичен импорт демо и смена на слики, ништо повеќе. По ова многу ме интересираше цената која ја платиле, сепак е реномиран хотел и ваков клиент си влече поголем труд и барања со тоа и повеќе пари. Цената е нешто под 2000 евра…

    Не знаев како да реагирам на ова, па на другарот само му пратив линк од демото и остана запрепастен и ме праша како бе ист сајт има веќе. Му објаснив.

    Нема да судам за цената секој си знае колку му вреди времето, ама ме иритира начинот и пристапот као еј врска немаат овие дај да ги ограбиме. Се повеќе и повеќе сум разочаран од некои фирми што немаат никаква професионалност, а пред се има еден куп млади дечки. Верувам сите сме работеле или сеуште некој работи во вакви компании, ама чинам дека фали многу едукација и кај фирмите, а и кај клиентите.

    Јас работам во скроз друга бранша, ама пред секој проект прво со прашања гледам колку клиентот е едуциран и има знаење од тоа што го бара и се водам и го едуцирам според тоа. На прашање "Еј, може ли видеово вака да го направиме и да ставиш вакви ефекти?", ќе разгледам, ќе видам дали е добра идеја ако е супер во спротивно ќе му објаснам зошто нема да функционира. Работата е и 2те страни да се задволни, а не само парите да се пикнат во џеб.

    Друго нешто што ме иритира е огласите на нашиве фирми. Често ги гледаме на Creative Exchange групата и дури не ми е верно. Секогаш се бара нескафе човек 3 во 1, а некогаш и 5 во 1. Условите им се "place where you can grow, fun friendly environment". Немој да ме јебеш ова ти е ко да напишеш ти следув гратис столче и биро кај нас у канцеларија. Срамота е дури и да се спомне. Платите што ги нудат се зини земј голтни ме.

    Секогаш се трудат да го вложат минимумотт, а го бараат максимумот од вработените. Колку се тие фирми што инвестираат во знаењето на вработениот, преку курсеви, семинари, сертификати и слично? На прсти се бројат...

    1. Дали мислите дека им фали едукација на фирмите и на клиентите?
    2. Дали би срабтувале со фирми од Македонија?
    3. Како би го подобриле работењето и односот клиент-фирма?


    Мое мислење е дека ова го има секаде во светот, ама кај нас е застапено најмногу. Едноставно односот на фирмите према домашни клиенти е еден, а према странски сосема друг. Како да го избегнеме ова? Како да го разбиеме она "begaj be so makedonski klienti da si nemas rabota".

    Сигурен сум дека има и катастрофа клиенти со ненормални барања, а смешна сума. И самиот сум бил сведок на тоа. Темава е за како да ги едуцираме 2те страни да бидат задволни. Задоволен клиент носи многу пари и препораки, а таков клиент да имаш во портфолио и те како значи.

    пс. Искуството горе е инспирација за темава, но може да пишете и ваши искуства како фирма, клиент, фриленсер итн.
     
    На Gumirano, Astraion, G4M3R и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    654
    1,012
    3 Јануари 2019
    Машко
    Имам да пишувам есеи на темава. Тие што сте ме читале претходно може ќе се сетите, а тие што не прочитале мои мислења по темиве за фрлинесинг - по струка сум графички дизајнер.

    Имам искуства од различни страни. Ќе ги раскажувам хронолошки.

    1. Практикант во агенција.
    2. Фрлинесер за локална фирма.
    3. Имам помагано на клиент да вработува локални фриленсери.

    Ќе почнам прво со искуството што сум го имал како практикант. Се работи за маркетинг агенција во која газдата имаше добри конекции и имавме јаки клиенти. Меѓудрогото агенцијата има и свој локален портал што е доста читан, па тоа им беше и еден од selling-points-от.

    Морам да кажам дека во однос на тоа што се бараше од мене да направам - беа делумно коректни. Но од друга страна доста сељачки маркетинг тераа, би ги нарекол турбо-фолк фирма. :annoyed:

    Една од интересните случки, се случи во мојата прва недела кај нив. Заглавив на еден ситен проект и не ми идише, па еден од постарите колеги место да пристапи како ментор и да ми објасни како да постапам во ваква ситуација - ми рече "Брат, не се замарај, клиентов е глуп, нема осет за дизајн буквално се прифаќа. Те боли qr". Од овој момент ми стана јасно дека нема ништо да научам од кај нив.

    Генерално целата работа кај нив ни се сведуваше на едитување темпјети и приспособување од еден за друг клиент. Маркетингот за сите клиенти беше истиот "Сподели, лајкни и добиј.". Очигледно тоа најмногу пали кај нас и резултатите беа добри, а клиентите задоволни.

    Tipping point за мене беше кога ме назначија да работам на интересен проект. Стварно беше одличен проект и супер работни задачи имав, али тоа траеше ептен кратко. Дојде практикантка (неколку години помлада од газдата) и мене ми беше одземан тој проект и ѝ беше назначен на практикантаката. И од мене почна да се бара да правам follow и unfollow на инстаграм со цел да го развијам профилот. Доста ме изиритира тоа, бев директен, изедов трици и тука прекина мојата пракса.

    За плаќање беа фер, се договоримве за 3000 денари месечно, ме исплатија. Ми ги покриваа трошоците за храна и имаше free coffee - which I guess is nice. Но од друга страна, требаше да си носам сопствен комјутер и периферија (како и сегде).

    Overall, ништо ново не научив и сфатив дека работење во локална фирма* е мизерно.

    *Во тој момент веќе имав 2 години искуство како фриленсер, целта зашто отидов на пракса е да видам како функционира тимска работа и се надевав дека ќе научам подобра деловна комуикација.

    Имав и уште едно искуство. Ова беше во доста позната локална маркетинг агенција. Уште во сам старт не ми се допаѓаа условите и не ја прифатив праксата кај нив.

    Now it's time да зборувам за искуството како фриленсер со локални фирми. Исто и јас како M.Pix соработував само со фирми со препораки. Нема многу да одолговлекувам освен дека:

    а) Максимално ти ја убиваат креативата и мора да биде се по нивно. Ако ти речат бели букви на светло сива позадина, не можеш да ги убедиш дека тоа не функционира.
    б) Редовно доцнат со плаќања или на поголеми суми те замолуваат ако може да се подели на неколку рати. И често изговор им е сметководствениот тим ако каснат.
    в) Бараат многу комуникација, јавување по телефон, есејски мејлови само за да ти кажат дека топ е дизјанот, и дали може да го смениш фонтот.

    Имам и уште едно искуство, но ова не е со Македонска фирма, туку со јака странска фирма која е присутна и на нашиот пазар. Најкатастрофално искуство што сум имал во животот. Мора да потпишеш NDA, покрај тоа ми дадоа многу глуп договор (што инистирав да се ревидира и едвам ги убедив да ми дадат нормален договор). И еве веќе 10 месеци ми должат ~80 евра. Не ми се ни исплати да ги тужам, битно ќе им досаѓам додека не ме исплатат (или додека не ме блокнат). :noonecare:

    Искуство со Македонски фриленсери.

    Со тие што сум соработувал се профи. Но пред да најмам за одреден проект, имам огромен процес на филтрација.

    Но, од што сум добивал аплкикации за работа може да кажам дека едно 80% од фриленсерите можеш уште од сам почеток да ги елиминираш читајќи го нивниот мејл. Посебно ме иритира кога ќе ми аплицараат на официјален мејл со латиница, полуписмена граматика и cover letter од типот "Zdravo brat, go vidof tvoiot oglas. Jas imam mnogu iksutvo, bi sakal da rabotam so vas.".

    Додатно на ова, често знаат да пишуваат и приватна порака на ФБ веднаш по објавување на оглас. Не сфаќаат дека тоа е спам и ја намалува шансата да бидат најмени да завршат проект за мене. Или ќе инсистира на телефонски повик - ако треба да имам телефонски повик со сите, ќе ми го нема крајот.

    Трето, има доста луѓе од академиите што аплицираат за работа. Кога ќе им го видиш портфолиото се топ, но во реалност, на реални проекти не се снаоѓаат воопшто како што треба. Претпоставувам дека академиите им ги пичнуваат портфолијата и CV-њата.

    Overall, hit or miss се сите фриленсери, не само нашите. Но во поглед на customer support и комуникација, би рекол дека нашите фриленсери, заедно со сите фриленсери од источна Европа се профи. Крај на дискусијата. Океј, индусите и пакистанците се секад miss. :speechless:
     
    На Gumirano, MadBuldog, fuzzjaw и уште 3 други им се допаѓа ова.
  3. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    317
    273
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    не оправдувам крпење како шо напрајле тие од „фирмата“, ама сепак е капитализам и го имаат секое право да го направат тоа, нели?

    Неможи да бараме конзумерско општество, а да се буниме кога некој ќе успее да не закрпи. Сепак тоа е целата поента на капитализмот - некој е снаодлив, некој е сиромашен.
    Исто така соодветно прашање за другарот твој би било: кога тој последно отишол на семинар или предавање за интеграција на бизнис со електронски услуги и слично? Дали вложува во тој оддел на бизнисот? Очигледно одговорот е не.
    На крајот испаѓа дека тој тие пари мора да ги плати, дали кај овие шо ќе го обучат или кај овие шо ќе го одерат.

    Мислам дека не е толку еднострано ова крпењето и нормално се согласувам дека треба едукација. Ама исто така сум и свесен дека нема да го видиме тоа во блиска иднина.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    654
    1,012
    3 Јануари 2019
    Машко
    Во конзумерско опшетство не треба да се гледа да се закрпи некој, посебно не ако се работи за репутабилна фирма. Во конзумерско општество сите се борат за да бидат конкурнтни. Со одерување некој за некоја ваква ствар, се брукаш како фирма/фриленсер.

    Да појдеме со теза дека ти имаш агенција за видео обработка. Кај тебе доаѓа фирма во споственост на личност X, кој всушност е истакнат политичар и има неколку фирми и многу конекции. Ако тој дознае дека си направил обичен темплејт за нив, а си им го наплатил дебело, ќе го изгубиш како клиент и дополнително ќе се прочуе глас дека не те бива. Нема повеќе да си конкурентен.

    Но од друга страна, се е можно во Македонија.

    И се согласувам со тебе, лошо е што знаењето е последно на листа за инвестирање кај нашите фирми.
     
    На Oktar и zdravkovskii им се допаѓа ова.
  5. Trtka

    Trtka
    Gaining Experience

    111
    99
    11 Април 2018
    Што очекувате од фирми кои се водени од лопови.
    Еве поконкретно за неколку фирми.
    Витаминка има печатница, шпедиција, хотели, бензиски пумпи итн. Плаќа услуги по х2 цени за во нивната печатница, х2 цени за во нивната шпедиција, х2 цени према сите нејзини фирми.
    Истото се случува и со Европа, т.е. Фершпед.
    Истото се случува и со 90% од нашите ни фирми, и сметам дека истото се случило и во горенаведениот случај.
    Можеби е фирма на детето на комшијата кое многу се интересира за компјутери.
    Кај нас се очекува обука да врши вработен. Газдите сакаат да се понашаат капиталистички а нивните вработени социјалистички. За општо добро , пошто газдата се проширувал и е во инвестиции :D .
    И не е проблемот само во приватниот сектор.
    Во Прилеп, одговорниот за ИПАРД програмата има приватна фирма за консултации.
    Што мислите за да добиеш грант која фирма треба да ја најмиш ??
     
    TheMarshal, MadBuldog и на zdravkovskii им се допаѓа ова.
  6. Digitalec

    Digitalec
    Intern

    3
    0
    19 Мај 2020
    Ќе почнам прво со искуството што сум го имал како практикант. Се работи за маркетинг агенција во која газдата имаше добри конекции и имавме јаки клиенти. Меѓудрогото агенцијата има и свој локален портал што е доста читан, па тоа им беше и еден од selling-points-от.

    Морам да кажам дека во однос на тоа што се бараше од мене да направам - беа делумно коректни. Но од друга страна доста сељачки маркетинг тераа, би ги нарекол турбо-фолк фирма. :annoyed:


    Turbo folk marketing fura Biznis Katolog od Tetovo (ne go znam tocniot naziv na agencijata), let me know if I'm wrong :)
     
  7. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    654
    1,012
    3 Јануари 2019
    Машко
    На прсти се бројат агенциите што не фураат турбофолк маркетинг.
     
  8. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,801
    1,171
    28 ноември 2015
    Машко
    Македонија нема ни К од капитализам.
    Само приватно добро другото е Crony capitalism - Wikipedia
    И мене ми се има десено јас кога изнајмив пријател му дадов пола од парите и ми даде копи пејст сајт што ако го пуштев ќе бев тужен за копирање. Ем ми ги зеде парите ем не доврши и заврши моето пријателство со него.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,685
    10,985
    23 oктомври 2012
    Машко
    Кајгана?
     
  10. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    654
    1,012
    3 Јануари 2019
    Машко
    Digitalec ме цитирал мене. Не, не се работи за кајгана за друг портал е.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...