Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Македонската Airport Briefing ќе ја користат 10.000 пилоти на Lufthansa Group [.мк стартап на месецот]

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
258
833
www.IT.mk
Airport Briefing е софтвер кој им овозможува на пилотите на интерактивен начин, користејќи 3Д и аудио-визуелни елементи, да ги проверат оперативните информации за секој аеродром.

Основачи се Филип Арсов, сопственик на дигиталната агенција Synapse и искусниот капетан пилот Кочо Мојсов, кој веќе 10 години работи во Qatar Airways и специјализира во управување на авиони Boeing 777. Стартапот, основан во 2016-та година има добиено повеќе рунди на инвестиции чија вкупна сума надминува 500.000 евра, а последната од нив од 200.000 евра во стартапот е реализирана токму овој месец од страна на Seavus Incubator. Покрај новата инвестиција, периодов значајно за Synapse Aviation е што постоечкото портфолио на 8 клиенти го надополни со Lufthansa Group. Со групацијата склучија 7-годишен договор во кој е предвидено имплементација на софтверското решение во сите 10 авиокомпании членки на групацијата: Lufthansa Airlines, Lufthansa Cargo, Lufthansa Cityline, Austrian Airlines, Swiss Airlines, Edelweiss Air, Eurowings Discover, Brussels Airlines, Air Dolomiti, Germanwings.

 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.907
Мислења
987.169
Членови
36.043
Најнов член
lentih
На врв Дно