Стани премиум член, добиј куп бенефити и поддржи ја работата на IT.mk!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Македонска Заедница за Развој на Софтвер

Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
184
391
Скопје
davorminchorov.com
Заедно со неколку момци и девојки од заедницата, креиравме македонска Discord заедница за учење и изработка на веб базирани проекти.

Во моментов се учи PHP, MySQL, Laravel, JavaScript, Vue и React и почнавме да го планираме првиот поголем проект (активно ќе почне со работа во септември) во кој што ќе биде јавен на GitHub и секој ќе може да придонесе и да научи нешто.

Проектите се замислени да се работат од 3-6 месеци како за почеток, а подоцна, доколку сеуште има интерес, ќе се продолжат.

Проектите се бираат од страна на заедницата со цел да тие проекти се постават на интернет и се користат од заедницата.

Исто така, овие проекти ќе можете да си ги ставите во портфолио, затоа што ќе се градат како да се работи на вистински продукт во вистински стартап.

При изработката на проектите, ќе се учи која алатка е добра и лоша во одредена ситуација покрај маркетингот дека сите алатки се најдобри на светот, како и која практика е добра, а која е катастрофа во зависност од ситуацијата

Иако ги одбравме овие технологии за почеток, тоа не значи дека сме лимитирани само на нив.

Доколку најдеме ментори кои знаат квалитетни ресурси за учење и би сакале да помагаат во изработка на реални проекти со други технологии и јазици, може да се поделат повеќе групи и да работат заедно.

Целта на групата е да им се овозможи на сите што сакаат да учат и да изработат проекти низ квалитетна пракса а ја немаат таа шанса да се снајдат сами. Покрај тоа, ќе имате шанса да научите да размислувате пошироко од кодот.

Оваа заедница не е направена само за почетници, туку е за сите што имаат желба да учат и да се надоградуваат, доколку имаат слободно време и желба да го прават тоа.

Дали си почетник или 20 години во индустријава, не е толку важно, секогаш може да научиме нешто еден од друг низ дискусии и споделување на искуства.

Кој колку вредност ќе добие од сето ова ќе зависи од самата личност, колку ќе се потруди, посвети и биде проактивна.

Сите можни квалитетни ресурси за учење ќе ги добиете, од основи во веб програмирање со HTML, CSS и JavaScript до микросервиси, Domain Driven Design, Event Sourcing и Clean Architecture, само останува на вас да учите.

Доколку сето ова ви звучи интересно и сте заинтересирани да се приклучите како член или ментор, еве покана до Discord серверот (нотификациите се изгасени за да не ве спамаат ама може да ги уклучите доколку сакате):

https://discord.gg/hWA25W7jVT
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
45.604
Мислења
945.623
Членови
34.091
Огласи
1.976
Најнов член
WhatYourMother
На врв Дно