• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Македонска нон шалантност

  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,909
www.iwmnetwork.com
Обично не читам трачарски стории, но некако решив да ја прочитам оваа, и се згазив од смеење... прочитајте го текстот и обрнете внимание на болдираното....

Лила ја избрка Сара од хуманитарниот концерт

Ексмис на Македонија и манекенка Сара Леши завчера на хуманитарниот концерт во "Колосеум" на кој се собираа пари за помош на децата од детското село СОС не лицитираше со мобилниот телефон, подарок од Лотарија на Македонија, зашто Тв водителката Лила М. Стојановска му заканила на организаторот дека нема да ја води програмата ако таа учествува. Организаторот од страв да не му пропадне хуманитарната манифестација и рекол на Сара дека нема да може учествува на аукцијата иако нејзиното име стоеше на рекламните флаери. Неофицијално, една од причините поради која Сара и Лила не разговараат е наводно поради млад ракометар од Битола за кој и двете биле заинтересирани.

"Организаторот Боро ми рече дека Лила му кажала дека не сака јас да бидам дел од јавните фаци кои ќе лицитираат за дечињата. Ми рече дека Лила се заканила со скандал и дека јас ќе мора да се повлечам. Бев навредена и лута. Со чисто срце дојдов да им помогнам на дечињата . Сепак не ми е ниво да се расправам со жена која е во години и мајка на дете. Лила своите лични проблеми нека си ги решава сама. Не знам зошто така ми направи , мислам дека тоа е малограѓанско однесување, и тоа не е одлика на професионалец. Личните работи се решаваат на друго место, а не на ваков начин. Разочарана сум од неа", ни изјави Сара Леши.

Организаторот Боро Мирчески не негираше дека за малку ќе пукнел скандал, но не сакаше да ни одговори зошто Сара Леши не учествуваше на аукцијата.

" Сара Леши ја поканив да биде дел од хуманитарниот концерт пред Лила да ми потврди дека ќе го води шоуто. Конфликтот е меѓу нив двете и не требаше да се манифестира баш таа вечер зошто не е манифестација од таков домен. Не бев претходно информиран дека тие две се скарани, едноставно јас морав на Сара да и кажам да не учествува за да не ја упропастам целата манифестација", ни рече Мирчески.

Лила М.Стојановска ни изјави дека нема поим за случката, дека не ја познава лично Сара Леши и дека не знае што таа зборува.


Извор: Вест

:LOL::LOL::LOL::LOL::LOL::LOL::LOL:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,530
Мислења
822,725
Членови
28,053
Најнов член
ro0tkid
На врв Дно