• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Македонска ИТ терминологија

  • Ја почнал/а темата
  • #1

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Овде не видов теми со оваа проблематика па си рекова јас да отворам. Се надевам го погодив местото, ако не префрлете каде што треба.
Имам потреба да преведам ИТ термини од англиски на македонски, се што можев да најдам беше terminologija.org.mk и заеднички речник.
Некои термини неможев да ги најдам ни на двата сајта, па ве прашувам да не знаете некој форум или интернет место каде веќе има отворена дискусија за мак. ИТ термини, зашто ако секој си преведува како што му се допаѓа - ништо не правиме.
Ако нема може тука да се отвори дискусија.
Еве фино би било да се дискутира тука за некој термин па да се додаде да речеме на терминологија сајтот. Тој сајт не е профитабилен, го администрира Метаморфозис па може да се користи.
Да чујам што мислите.
 
Vavo

Intern
20 октомври 2007
270
15
Skopje
Па јас мислам дека ова требаше да се среди уште пред 10 години (мин) сега сите зборат со англиски зборови, што и до негдека е ОК бидејќи и нема многу литература на МКД од оваа област. Дури и не знам што значат некои кога ќе ги видам на македонски. Ама стандарди треба да има.

Мислам дека Слободен Софтвер М. се ангажираат околу ова ама има и разлики меѓу нивниот линукс македонски и оној микрософтовиот македонски јазик :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

И мене ми беше многу чудно кога инсталирав фајрфокс на македонски ама се навикнав. Така ќе се навикнат и другите. Битно е терминологијата да се усогласи. Кога ќе се усогласи, има тука претставник на Мајкрософт и тој ќе влијае да се смени локализацијата.
Значи треба да се направи заедничка усвоена терминологија па после ќе се влијае за навикнување/користење.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Еве неколку термини за почеток:
valid e-mail
writable
User with this User Group Leve
upload failed
User Submitted
Published
Unarchive

Што мислите као треба да се преведат?
 
Moscow_BoY

Intern
12 јуни 2007
260
4
securzone.blog.com.mk
^^
valid e-mail - важечка и-меил адреса
upload failed - товарењето/качувањето не успеа
User Submitted - Внесено од корисникот
Published- Објавено
Unarchive - Не архивирано
User with this User Group Leve - Корисник од ова ниво на кориснички групи
writable, во кој контекст ?

Мене ме интересира како би превеле - payload/shellcode, fuzzing... не ми текнува нешто друго во моментов...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

valid e-mail - важечка e-поштенска адреса
writable (the file is writable) - Во датотеката може да се запишува (нема еден збор за writable)
Payload - капацитет, исплатлив товар, зависи од контекстот
fuzzing - станува нејасен, замаглен, заматен...пак од контекстот
 
Moscow_BoY

Intern
12 јуни 2007
260
4
securzone.blog.com.mk
valid e-mail - важечка e-поштенска адреса
writable (the file is writable) - Во датотеката може да се запишува (нема еден збор за writable)
Payload - капацитет, исплатлив товар, зависи од контекстот
fuzzing - станува нејасен, замаглен, заматен...пак од контекстот
Fuzzing е процес на барање ранливости/дупки во апликации преку внесување различни податоци.

Shellcode е праче машински код што обично се користи како payload кога се експлатира меморијата, поврзана со ранливости како Stack Overflows, Heap Overflows и Format Strings...
 
IcecoveR

Intern
7 ноември 2007
20
0
Ја мислам дека не треба сите термини да се преведуваат. Има некои термини кои може да ги задржиме. На пример: Download - Преземање, или Upload - Качување. Овие баш и не ми звучат многу убаво како преведени. А и мислам дека секаде во светот па и тука сите знаат што е download (даунлоад). (Глобализација) :rolleyes:

Kако би го превеле: spammer, adware, spyware.
Или како би го превеле: RAM - Random Access Memory
ROM - Read Only Memory

Ама сигурен сум дека треба да се нафати некој да ги преведе термините.:bravo:
 
AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Секој термин може да се преведе. Навикнати да ги користиме англиските термини понекогаш ни е тешко да се навикнеме на тие нови термини кои можеби глупаво звучат на почеток, али ако се продолжи со употреба сигурен сум дека после тоа ќе звучат сосем нормално и што е најважно ќе бидат на македонски јазик. :bravo:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
"Надополнување со новости" :rolleyes:
Малку е подолго, ама и мене не ми екнува пократок термин.

Fuzzing е процес на барање ранливости/дупки во апликации преку внесување различни податоци.

Shellcode е праче машински код што обично се користи како payload кога се експлатира меморијата, поврзана со ранливости како Stack Overflows, Heap Overflows и Format Strings...
Fuzzing, сосема различно од тоа што го пишува кај Зозе во речник.
Тешко се преведуваат овие работи. Некој друг?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Ама сигурен сум дека треба да се нафати некој да ги преведе термините.:bravo:
Нема некој, ако не се зафатиме сами нема кој! Мајкрософт не прави јавни дебати за локализација туку порачува/плаќа превод. Вака може да се дебатира за некој термин и потоа да се постави на веб и да ја користат сите што сакаат да преведуваат софтвер независно за пари или беспари.

Истотака немора за се’ да има МК термин, штознам...ама не треба многу за да се навикнеш.
 
vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
Ја мислам дека не треба сите термини да се преведуваат. Има некои термини кои може да ги задржиме. На пример: Download - Преземање, или Upload - Качување. Овие баш и не ми звучат многу убаво како преведени. А и мислам дека секаде во светот па и тука сите знаат што е download (даунлоад). (Глобализација) :rolleyes:

Kако би го превеле: spammer, adware, spyware.
Или како би го превеле: RAM - Random Access Memory
ROM - Read Only Memory
100% си во право. Нема логика некои термини да се преведват. Мислам скроц е безвеза да преведваш како што рече RAM. што ќе прават насекаде ќе користат "Меморија со Случаен Пристап -МСП:rolleyes:". Eптен мене ми е безврска. Јас лично несакам да работам со преведени пограми, ќе ми треба еден месец да се снајдам. И ако се преведе се ќе се изгуби потребата за учење на англиски.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

Не се учи англиски за да се снајдеш по компјутер туку да се разбереш со цел свет.
Твој избор е дали ќе работиш со преведени програми или ќе користиш англиски.
Те молам доколку неможеш да придонесеш во превод, не постирај туку отвори си тема со наслов „има ли потреба од преведување на ИТ термини....“
 
<<ExeCutoR>>

Intern
16 април 2007
132
2
Mora da go praivme softverot na makedonski pa i da e glupav terminot za prevod sepak toa ni e jazikot i mora da napravime standart za nekoj zborovi i termini sto ke odgovaraat, uste poloso e vo govorot koga slusam: da go adnam, za e-vlada kako sto kazal nekoj prof. dr. na ekonomski kako toj proces demek se vikal GAVERMENTALIZACIJA pazete
na solici toa od profesor, inkludam, entrija - za vlezovi(A sto jas ako citam francuska litereatura treba da vikam enterozinja), gobovi i.t.n. pa ako treba Меморија со Случаен Пристап -МСП i vaka ke se prevede nema so RAM da vikam kako hrvatite za laptop si vikaat prenosni racunari a ne kaj nas noutbuci citam na nekoj sajtovi sto e stramota.

Taka da mora da go zacuvame jazikov kakov e takov moze se da se prevede.
 
Апсолутно се согласувам. Па дури и да нема зборови за неко термини јазичарите треба да ги измислат, хрватите постојано го прават тоа за да го одделат хрватскиот од српскиот јазик...
 
GeNeRaToR

Intern
20 јануари 2008
538
7
Апсолутно се согласувам. Па дури и да нема зборови за неко термини јазичарите треба да ги измислат, хрватите постојано го прават тоа за да го одделат хрватскиот од српскиот јазик...
Па јас тоа цело време и го викам на мојата наставничка по информатика. Она се нешто вика Download, Upload, Nework и т.н.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Апсолутно се согласувам. Па дури и да нема зборови за неко термини јазичарите треба да ги измислат, хрватите постојано го прават тоа за да го одделат хрватскиот од српскиот јазик...
Е да, затоа и имаат зракомлат наместо хеликоптер. Ако и нашиве почнат по тој терк, ќе испадне shellcode да е кодот на школката, што секако дека е различно од Кодот на Да Винчи, зар не? :LOL:
 
Moscow_BoY

Intern
12 јуни 2007
260
4
securzone.blog.com.mk
Е да, затоа и имаат зракомлат наместо хеликоптер. Ако и нашиве почнат по тој терк, ќе испадне shellcode да е кодот на школката, што секако дека е различно од Кодот на Да Винчи, зар не? :LOL:
хехе можеби ! :)) Друго ми беше поентата, неможеме да се држиме само до тоа што го кодифицирал Блаже Конески и толку... мораме да го прошируваме јазикот, ако толку многу им пречат странски изрази на македонистиве, тогаш барем нека измислат нови...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #22

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
хехе можеби ! :)) Друго ми беше поентата, неможеме да се држиме само до тоа што го кодифицирал Блаже Конески и толку... мораме да го прошируваме јазикот, ако толку многу им пречат странски изрази на македонистиве, тогаш барем нека измислат нови...
Точно!
Во не-балкански држави корекции на јазик не е анатема! Ја знам пред неколку години имаше крупни промени во германскиот. Имаме многу добри архаизми што може да се користат, а таму каде што ни тоа не може, тогаш интернационализам...
 
vlatkorun

Intern
8 јуни 2007
633
14
Problemo spored mene e u toa so ako zememe da gi prevedeme site informaticki pa i tehnicki termini od angliski na makedonski ke imame za eden niven zbor nasa
cela recenica, oti nekoi angliski termini ednostavno nemaat makedonska varijanta osven da bidat objasneti so poveke zborovi pa i recenica, zatoa polesno e da gi prifateme kako "tugarki" so vikase mojta profesorka po mak jazik.
Aj na primer Sharing, ili share it kako ke go prevedete bez da kazete deset zbora.
 
vlatkorun

Intern
8 јуни 2007
633
14
@D
Gleas tekna ti na tebe.
Eden zbor pomalce.
U sekoj slucaj treba da se naprave obid da izgrademe i nie edna nasa lokalizirana
IT terminologija.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,580
Мислења
823,893
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно