1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Македонија станува "Кина"!?

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од D, 20 Јули 2007.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. D

    D
    Администратор

    3,239
    1,657
    31 Март 2007
    СО НОВИТЕ ЗАКОНСКИ МЕРКИ
    Државата ќе им ја затне устата на БЛОГЕРИТЕ „Какви Роми бе, Роми во Романија, тука ЦИГАН си е ЦИГАН! Ги собраа сите шахти кои можеа да ги извадат”, пишува блогерот на револт.блог.ком.мк. На глобалната мрежа може да се најдат и многу посочни содржини од овој тип, како на пример „УААА Шиптари”, „Цркнете Грчишта” и слично. Блогерот Мечето Ушко нашите соседи ги опишува како „... глупите Бугари, дигнатите Грци, препотентните Срби и простите Шиптари”.
    Иако блогерајот е начин за слободно изразување ставови и мислења, често се злоупотребува и за ширење ксенофобија и национална нетрпеливост. Нашата држава, иако демократска и гарантира слобода на говорот, подготвува законски мерки со кои текстовите на Интернет што шират расизам и ксенофобија ќе се цензурираат.
    Досега никој не ги контролирал содржините што се ставаат на Интернет. Меѓутоа ова прашање ќе биде решено со законот за борба против компјутерскиот криминал, како и со одредени измени во Кривичниот законик, кои покрај борбата против компјутерскиот криминал, ширењето вируси, детската порнографија, ќе опфатат и текстови со расистичка и ксенофобична содржина.
    Мерките за санкции против ширењето расизам и ксенофобија на Интернет се уште не се формулирани, меѓутоа како можни се наведуваат парични, па дури и затворски казни за некои потешки случаи. Цензурата не се наведува како мерка, но кога станува збор за регулирање на блоговите и сајтовите посветени на ширење национална нетрпеливост, сосема е извесно дека може да биде употребена.
    Блогерите сметаат дека нивните блогови се нивен личен простор, дневник во кој ги пишуваат своите размислувања.
    - Цензурата е против Уставот, значи ако го носат законот тој ќе се коси со Уставот. Според членот 16 за секој граѓанин се гарантира слободата на јавниот говор и изразување- вели Ивица Антевски кој е сопственик на блогот антипункт. блогспот. цом.
    Тој вели дека и казнувањето на блогерите е речиси невозможно бидејќи секој може да отвори колку сака блогови, а процедурата за наоѓање на сопственикот е многу сложена и скапа. Наведува дека во Европската Унија имало само неколку случаи за детектирање на сопственикот на блогот кога станувало збор за информации за индустриска шпионажа.
    Контрола на содржините што се ставаат на мрежата сепак постои. Во некои земји од Европската Унија, блогери се дури кривично осудени за тоа што го напишале во својот блог.
    Европскиот суд на правдата во 2005 година ја осуди Швеѓанката Линк Вист, вработена во локалната парохија, затоа што на својот блог ставила некои од сочните исповеди на верниците од парохијата и со тоа ја нарушила нивната приватност. Иако блогерката се обидела да се оправда дека блогот бил само „за нејзина душа и очи”, судот & предочил дека со ставање информации на блог тие стануваат достапни и за целата јавност.
    Од овој пример се гледа дека и во демократска Европа има граници до каде може да се користи блогерајот како начин за слободно изразување и искажување на своето мислење.
    Извори велат дека со новите законски мерки ќе се најде и начин за соработка со другите земји во регионот, за контрола на содржините што доаѓаат од преку граница.
    Препукувањата на национална основа преку Интернет се карактеристични за бившите југословенски простори, каде што има посветено и цели сајтови за таа намена, како на пример оној на усташ.ком.хр.
    И.Б.
    Време, број 1130, 20.07.2007


    СРАМОТА! :ua:
     
  2. Mr.Alien

    Mr.Alien
    Гостин

    Бог да чува....

    Не сакам да звучи потценувачки, но навистина треба да постојат какви-такви етички норми во блогерајот. Знам дека е невозможно ова, но сепак треба да се има некаков критериум кога некому му се овозможува да отвори свој блог. Односно, "провајдерот" на таа можност би требало да води сметка што се се пишува по блоговите кои ги овозможил, и по потреба да реагира. А донесувањето на таквиот закон го поздравувам.
    Кратко и јасно - БЛОГ НЕ Е ЗА СЕКАКВИ...ај да не кажам.....какви!
     
  3. D

    D
    Администратор

    3,239
    1,657
    31 Март 2007
    Постојат услови за користење кои провајдерот на блоговите им ги дава на корисниците. Доколку не се сложуваат со тие тој може да ги укинува блоговите и да забранува пристап. Едноставно, потребна е поголема администрација, но од самиот провајдер, не и од државата. Зарем некој заслужува затворска казна затоа што рекол дека овој оној е педер или ваков или таков.... зарем треба еден блогер кој рекол нешто да лежи во затвор заедно со убијци и разноразни криминалци.

    Ако сега се уведе ваков закон, тој во иднина ќе се усложнува до тој степен каде што нема да можам да напишам на пример на форумот тоа што го сакам. Земете ја за пример Кина, како почна, до каде стигна.
     
  4. Mr.Alien

    Mr.Alien
    Гостин

    Мислев на ширење расизам, верска и национална нетрпеливост, педофилија, клеветење, навреди и простаклук кои превршуваат секаква мерка и слични екстремности. А тоа дали е некој педер, дали овој го опцул оној или го прашал колкави цицки има балдс'ка му :rolleyes: сепак не може И НЕ СМЕЕ да се подреди во таа категорија.
    Закон треба да има, но да е внимателно и одмерено изготвен.
     
  5. vojkan

    vojkan
    Intern

    404
    4
    19 Јуни 2007
    Epten se slozhuvam!

    Zavisi shto rekol. Razmisli ubavo za posledicite ;)
     
  6. D

    D
    Администратор

    3,239
    1,657
    31 Март 2007
    Сепак, рекол не направил.
     
  7. SwIPE

    SwIPE
    Intern

    346
    5
    29 Мај 2007

    Е јас со ова ептен се сложувам !
     
  8. LiquidWorm

    LiquidWorm
    Администратор

    2,667
    183
    26 Март 2007
    :predavanje: freedom of speach :rolleyes:
     
  9. SwIPE

    SwIPE
    Intern

    346
    5
    29 Мај 2007

    Ха ха така е, барем за speach - от ако не за другото :bravo:
     
  10. direktor.e

    direktor.e
    Intern

    608
    4
    6 Април 2007
    Slobodata na govor e ustavno pravo na sekoj gragjanin na RM. Za zal, ima lugje koi ja zloupotrebuvaat taa sloboda i treba da se iznajde nacin toa da se sredi, no ne po pat na cenzura od drzavata.
     
  11. vojkan

    vojkan
    Intern

    404
    4
    19 Јуни 2007
    'Rekol' ili 'napravil' -shtetata mozhe da bide napravena. Eve ti samo eden primer od nizata koi gi poznavam:
    Uchenik od nekoe kanadsko uchilishte bez nikakov dokaz go obvinil svojot profesor deka e pedofil na svojot blog. Prevzemeni se merki, se utvrdilo deka uchenikot toa go izmislil, no shtetata e vekje napravena. Uchenikot e suspendiran od shkolo, a profesorot od togash go gledaat so drugi ochi.
    Ako profesorot pokrene privatna tuzhba, ishodot mozhe da bide parichna kazna ili ako nema da plati togash zatvor.
    Shto mislish, dali 'rekol, ama ne napravil' treba da vazhi? ;)

    Jas SUM za sloboda na govor, ama ima nekoi raboti za koi nema opravduvanje i za koi nemozhesh da se povikash na 'sloboda na govor'!
     
  12. jpetrov

    jpetrov
    Intern

    136
    0
    19 Мај 2007
    Државата не може да регулира нешто што не поседува. Интернетот не е во нејзина сопственост, така да HANDS OFF!!!
     
  13. mkd

    mkd
    Gaining Experience

    248
    94
    5 Јуни 2007
    Машко
    Не заборавајте дека Интернет-от е јавен медиум. Земете во предвид ситуација кога некој во телевизиска емисија ќе почне да навредува или да провоцира по било која основа. Истиот принцип (мора) да важи и за било кој елемент на Интернетот, вклучувајќи ги и блоговите.
     
  14. Fant0m

    Fant0m
    Intern

    21
    0
    18 Септември 2007
    Jas se slozuvam so toa da treba da postoi cenzura, no ne vladina, tuku od samiot blogeras i od negovite citateli. Ako nekoj nema dovolno kultura da svati koga e navredliv i vulgaren za site okolku nego, samite tie sto go citaat treba da mu svrtat grb (barem momentalno) za toj da svati deka zgresil nekade. Inace na vladata i e najlesno da kaze ke ima cenzura, ke oformat nekoja agencija, pa ona neka si ja tupi glavata so toa, dodeka tie ke se pravdaat deka imaat cisti race
     
  15. igorkrst

    igorkrst
    Intern

    400
    1
    13 Јули 2007
    Многу ме интересира како државата би правела цензура на блоговите.
     
  16. jpetrov

    jpetrov
    Intern

    136
    0
    19 Мај 2007
    ќе воведе визи :)))

    нема врска.
     
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...