• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Македонија со нови, биометриски пасоши

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,275
1,923
www.iwmnetwork.com
Превземено од Утрински Весник:

МВР заврши со тестирањето на опремата за новите пасоши СВЕТЛАНА УНКОВСКА

Една недела пред стартот на издавањето на новите биометриски пасоши, во МВР вчера беше извршено финалното тестирање на опремата набавена од германската фирма Гисеке и Девриент. Тестирањето успешно помина и еве го држам пробниот пасош на министерката Гордана Јанкуловска, рече портпаролот на МВР, Иво Котески.

Денеска треба и формално да се потпише техничкиот прием за пуштањето на опремата и, конечно, да се започне со издавањето на новите пасоши. Во текот на наредната недела ќе се вклучи целиот систем и се очекува од понеделник да започне првото собирање на податоците на граѓаните.

Од промоцијата на новиот систем досега Секторот за информатичка технологија во МВР континуирано вршеше испитување на функционирањето на овој нов систем за персонализација на новите документи. Работата во некои делови одеше добро, но некаде имаше и проблеми, како на пример усогласувањето на вториот гравер, но и тоа е надминато, така што граѓаните од идната недела ќе можат да ги поднесуваат барањата за нови патни исправи, велат од МВР.

Граѓаните на Скопје, како и досега, ќе ги доставуваат барањата до Пасошкото одделение во зградата на МРТВ. И во другите градови барањата и добивањето на пасошите ќе се врши во истите пунктови, од каде што податоците електронски ќе се препраќаат до централата во Скопје каде што ќе бидат и изработувани.

Процедурата околу вадењето на новиот биометриски пасоши е малку посложена. Бидејќи не само на пасошот туку и на другите документи ќе нема слики, туку компјутерски обработена фотографија, граѓаните ќе бидат фотографирани при самото доставување на барањето. Новина е и тоа што при доставувањето на барањата ќе бидат земани и отпечатоци од прстите.

Пасошите за граѓаните ќе бидат темноцрвени, дипломатските пасоши сини, а службените ќе бидат зелени. На новиот македонски пасош ќе има чип со биометриски податоци за сопственикот на патната исправа и сигурносна заштита според стандардите и директивите на Европската унија. Неговото фалсификување ќе биде многу тешко, бидејќи има 26 различни безбедносни заштити. Пасошите ќе имаат и заштитни обележја - воден жиг, флуоросцентни белези и други видови заштита.

Новиот систем има капацитет да изработува 2.000 пасоши дневно и 3.000 картички, односно лични карти и возачки дозволи. Новите пасоши ќе бидат малку поскапи од досегашните и најверојатно ќе чинат околу две илјади денари.


Моето мислење во врска со биометриските пасоши, може да биде најдено тука: http://www.itsec.com.mk/current/vhtml/v12.html
 

direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Porano (mnooogu porano) ne mozele da se falsifikuvaat cekovi i pari zatoa sto ne postoele. Imalo zlatnici, srebrenici i sl. :) So modernizacijata kako na plateznite sredstva, taka i so dokumentite. Moe mislenje e deka e polesno da se pronajde nacin za hakiranje na pasosite, otkolku za kopiranje na prethodnite. IT e podostapna od sekogas. Phisingot e samo primer do kade se otideni lugjeto so toa.. da se nadevame samo deka nema da bideme zrtvi na takvi eksperimenti..
 

Ismet

Intern
7 април 2007
250
4
Јас мислам дека немаме стручен персонал кој би издавал такви пасоши а и воопшто не се сложувам со тврдењата дека биометричките пасоши се сигурни ;) .
 

delix

Intern
7 април 2007
702
23
Нејќе да е ова на арно. Со самата компјутризација на целото општество многу полесно е да се прават многу поголеми проблеми од типот на менување на податоци.
 

makedonce

Intern
12 април 2007
609
11
www.tracker-mk.org
незнам што очекувате вие може да не се многу сигурни но не гледам проблем во тоа и до сега си имавме пасоши па некој ако сака може истото да го направи и со нив дури и полесно му беше за да ги фалсифицира.....според мене ова е многу добра идеја и се радува што конечно започна со издавање .....така да ако некој друг не стигне до вашиот пасош нема што и да му се случи............а за кадрите околу изработката на овие пасоши осгласен сум дека во македонија има малку од познавачите што работат во таа сфера а уште се некој 40 годишни кој ги обучуваат....срамота ............
 

Freaker

Intern
9 април 2007
418
8
Јас колку што знам и во европска унија воведоа нови пасоши и некоја британска новинарка со фалсификуван пасош не знам колку земји прошетала низ европа читајте тука
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,728
Мислења
831,382
Членови
28,718
Најнов член
loxxY
На врв Дно