- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139

Иво Ивановски
Доставување барања за лични документи, дозволи и информации за граѓаните преку интернет, вака треба да изгледа информатичкото општество што треба да се изгради во Македонија. Но, ниту интернет страниците на државните институции не се заштитени од недозволено влегување, урнување или преземање на доверливи податоци.
„Некои институции имаат такви сектори, но повеќето немаат. Тоа е реалната слика бидејќи имаме голем дефицит на информатички кадар од компјутерски науки во државната администрација. Платите се ниски и токму затоа имаме проблеми“, изјави Иво Ивановски, министер за информатичко општество.
Во Македонија, хакерите не сакаат да зборуваат пред камера, но велат дека не е воопшто тешко да се влезе во интернет сајт на некоја наша државна институција.
„Прво со пробивање на лозинката или наоѓање на некој друг начин да се добие контрола врз компјутерот на којшто е наоѓа и софтверот којшто го покренува сајтот. Втор вид на напади се врши со праќање на сигнали до серверот од разни страни. Најчесто се работи за стотици или илјадници компјутери што се вирусирани претходно, кои праќаат барања до серверот за да го преоптоварат и потоа тој не може да ги опслужува реалните посетители“, вели Филип Стојановски, програмски координатор на фондација „Метаморфозис“.
И министерот за информатичко општество се согласува дека заштитата од хакерски напади во моментов е слаба.
„За напади врз Република Македонија е разговарано со Центарот за управување со кризи. Тие ќе формираат тим кој ќе биде професионално обучен или во ЕУ или во САД. Тие ќе се грижат за упадите на територијата на РМ’’, рече Иво Ивановски, министер за информатичко општество.
Во македонија единствено банките имаат добра заштита од напади на хакери, бидејќи не штедат на набавка на опрема за заштита. Недоволно добрата опрема, велат упатените, е причината што неколку пати досега беше урнат сајтот на Министерството за одбрана.
Извор: А1