• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

МАКЕДОНИЈА ЌЕ СОРАБОТУВА СО ГИГАНТОТ ИНТЕЛ

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,083
27,211
kalco.ru
Mакедонија ќе соработува со американскиот гигант Интел. Денеска во седиштето на компанијата премиерот Груевски потпиша меморандум за соработка со првите луѓе на гигантот.

Соработката ќе биде главно на планот на образованието. Меѓудругото се планира ексертите на Интел да доаѓаат во Македонија за да ги обучуваат студентите.- Големите, мултинационални компании, особено оние од ИТ бизнисот, можат во иднина да сметаат на Македонија затоа што за правање бизнис не е битно да имате само ниски даноци и можност да регистрирате фирма во еден ден туку и да имате добар кадар и по квалитет и по квантитет, да имате добар избор на кадар, кој ќе може да работи во тие фирми и да создава нови вредности - изјави по потпишувањето на меморандумот, премиерот Никола Груевски.

Интел е еден од лидерите во својата област. Веќе 40 години е во ИТ секторот, брои околу 90.000 вработени, а во 2007 имал обрт од над 8 милијарди долари или речиси 45% повеќе од 2006 годна. Инвестициите на компанијата лани изнесувале 6 милијарди долари. Покрај Интел владинаа делегација денеска ги посети и Оракл и Хјулит Пакард.

- Очекуваме дека наскоро Оракл ќе донесе позитивна одлука да биде поприсутен во Македонија - изјави министерот за ИТ, Иво Ивановски.

Заедно со владината делегација овде во Сан Франциско престојува бизнис делегација од ССК. - Ова е убаво искуство, поука како да ги водиме нашите компании низ глобалното општетсво - изјави Игор Лештар, ССК.

Претставувањето на можностите за инвестирање во Македонија пред ИТ гигантите продолжува и утре на форум кој ќе се одржи во Силиконската долина. Македонската презентација во Калифорнија е со поддршка од новиот американски амбасадор Филип Рикер.

Иднината на Македонија лежи во создавањето на високо образовани кадри од областа на информатиката. Затоа високата владина делегација тука во срцето на информатичката технологија, во Силиконската долина каде се смесени најголемите светски компании од ИТ секторот, ги бара своите статешки партенри.


извор:СИТЕЛ
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,565
Мислења
823,420
Членови
28,072
Најнов член
josimovskii
На врв Дно