1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мајстори на фотографијата

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од M.Pix, 6 Септември 2016.

  1. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    693
    2,299
    27 Јануари 2014
    Машко
    Кога се во прашање светските мајстори на фотографијата, секогаш постои дилемата кој од нив е најважен за развојот на оваа уметност и со кого да се почне приказната. Љубителите на пејзажите велат дека тоа е Ансел Адамс, портретистите го преферираат Јусуф Карш со неговите технички беспрекорни портрети, а оние кој најмногу ја ценат street фотографијата ја преферираат фината естетика на Анри Картие Бресон.

    Со кого и да се почне, нема да биде погрешно, бидејќи станува збор за врвни мајстори кои зад себе имаат оставено огромно фотографско наследство. Без желба да фаворизираме некој од тројцата, ќе почнеме со Адамс, поради неговиот придонес за развојот на црно белата фотографија.

    Ансел Адамс

    [​IMG]
    Со своите пејзажи Адамс се уште е инспирација за младите генерации фотографи, а дел од неговите изуми се уште се применуваат во фотографијата.

    Иако звучи како клише, неговата приказна почнува сосема случајно, бидејќи голем дел од животот бил неодлучен дали да стане пијанист или фотограф.

    Адамс е роден во 1902 година во Сан Франциско. Бидејќи не му се допаѓала унифицираноста на образовниот систем, во 1916 година го напуштил школувањето.

    Голем извор на знаења му била изложбата „Панама - пацифик интернејшнл егзибишн“ посветена на отворањето на Панамскиот Канал. Адамс бил фасциниран од неа и цела година бил редовен посетител, анализирајќи го секој аспект на изложените дела.

    [​IMG]
    Вистински се заинтересирал за фотографијата откако неговата тетка му ја подарила книгата „Во срцето на Сиера“. Фотографиите на Џорџ Фиске што ги гледал во книгата го фасцинирале, па Ансел ги убедил родителите да отидат во националниот парк Јосемити.

    Таму го добил првиот апарат, Кодак Брауни, и така почнува неговата приказна како фотограф. За среќа на генерации идни фотографи, на крајот се одлучил за визуелната уметност, место музиката.

    Секогаш сликал со големо форматен апарат, а и покрај тежината, гломазноста, скапиот филм и бавната процедура за поставување, преферирал да ги користи поради врвната острина, деталите и големата резолуција. Освен вонвременските фотографии во кои е заробена прекрасната природа, тој е автор и на многу стручни фотографски книги како „Камерата, Негативот и Принтот“.

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Адамс го измислил и зонскиот систем, што е специфична техника што му овозможува на фотографот подобра контрола врз готовата фотографија и максимален тонален опсег од црно-белиот филм. Заедно со фотографот Едвард Вестон ја формираат Групата Ф/64, која е посветена на претставувањето на фотографијата како фотографија односно како самостојна уметничка дисциплина, наместо како имитација на другите уметнички форми.

    Анри Картие Бресон

    [​IMG]
    Со фотоапаратот на Анри Картие Бресон се запишани едни од најважните настани што се случиле во 20 век. Неговото око осетливо на детали и префинетиот осет за композиција се отсликуваат во неговите фотографии, што денес се основа за секој миленик на street фотографијата.

    Ако се спомнат „Зад станицата Сен Лазар“ и „Момчето со шишињата“, веднаш е јасно дека станува збор за еден од фотографите што го одбележаа 20 век. Нивниот автор Хенри Картие Бресон, по малку срамежливо, низ своите дела го ловел светот онаков како што вистински изгледа.

    „За мене камерата е блок за скицирање, инструмент на спонтаноста и интуицијата, господар на моментот, кој во визуелна смисла веднаш поставува прашање и веднаш го дава одговорот. За да му се даде значење на светот, човек треба да почувствува дека е соучесник во процесот на барањето на вистинскиот кадар низ окуларот. Таквиот однос бара концентрација, дисциплина на мозокот, осетливост и осет за геометрија“ - вели Картие Бресон, кој пред да почне да се занимава со фотографија, се образувал да биде сликар.

    [​IMG] [​IMG]

    Знаења што ги стекнал таму создале од него фотограф со нагласен сенс за композиција кој трпеливо ги чекал настаните да се случат пред неговиот објектив.

    На тој начин неговото око ги виде, а неговиот апарат ги сними убавините на Африка во 1920, трагичните судбини на шпанските републиканци и ослободувањето на Париз. Бресон го фотографирал Ганди само неколку часа пред да биде извршен атентат врз него, а ја следел и победата на комунистите во Кина.

    Без сомнение тој е сведок на најважните случувања во минатиот век, а сите можат да му бидат благодарни што ги забележал со својата фотокамера.

    Анри Картие Бресон е роден во Шантелоп, Франција, на 22 август 1908 година. Како дете фотографирал со фотоапаратот Кодак Бокс Брауни, што главно го користел за годишните одмори.

    Интересот за уметноста го натерал да се занимава со сликање, а почнал да фотографира на 22-годишна возраст. Сликарското искуство му помогнало да развие око што на суптилен и сензитивен начин ја перцепира идеалната композиција, што било една од неговите најдобри одлики како фотограф.

    [​IMG]
    Неговиот Бокс брауни го заменил со Leica со 35-милиметарски филм, која после станува негов заштитен знак. Речиси секогаш користел 50 мм објектив. За да биде помалку забележителен, хромираното тело на апаратот го обвиткувал со црна изолир лента.

    Благодарение на тоа, за Бресон често се вели дека е неприкосновен мајстор на природната фотографија, бидејќи фотографираниот не го забележува присуството на фотографот. Во прилог на тоа биле и малите димензии на фотоапаратот Leica.

    Неговиот начин на фотографирање бил инспирација и основа за денешната таканаречена "улична фотографија", а неговите дела се уште се проучуваат на училиштата за фотоновинарство. Користел само црно-бел филм, а никогаш не фотографирал со блиц, бидејќи сметал дека ја расипува убавината на фотографијата.

    - Симултаното препознавање, во дел од секундата, на важноста на настанот и прецизното организирање на формите го создава правилното прикажување на тој настан. Во фотографијата дури и најмалата работа може да биде голем субјект. Малиот човечки детаљ може да прерасне во лајтмотив – рекол Анри Картие Бресон.

    Јусуф Карш

    [​IMG]
    Речиси секогаш кога ќе се спомене портретната фотографија, асоцијацијата веднаш оди на црно-белите портрети на Јусуф Карш. Иако неговото име можеби нема да ви звучи познато на почетокот, портретот на Черчил добро ќе ве потсети за кој фотографски великан станува збор.

    Шеесет години големи луѓе, политичари, актери, научници, воени лица и аристократи позираа пред објективот на Јусуф Карш. Седенките во неговото студио никогаш не биле само обична сесија, туку средба на две големи личности, фотографот и субјектот. Познатиот британски генерал Бернард Монтгомери, по излегувањето од студиото на Карш рекол: "Бев Карширан."

    [​IMG]
    Во својата прва книга тој вели дека намерата му била да ја користи камерата за да ги портретира познатите. Од една страна, Карш ги претставувал онака како што тој ги доживувал, а од друга страна, на начинот на кој тие се претставувале пред својата генерација.

    Гледајќи ги своите дела како "модерни историски документи", одвојува три портрети што најмногу ја доловиле таа цел: портретот на Черчил, на Џорџ Бернард Шо и на Еленор Рузвелт.

    Портретот на Винстон Черчил, кој бил во посета на Отава во 1941 година, го вивна Карш и му даде меѓународна слава. Тогашниот премиер на Канада, Мекензи Кинг, му договорил на Карш да го фотографира Черчил.


    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Бидејќи не бил известен, Черчил запалил цигара и намуртено прашал зошто никој не му кажал дека ќе го фотографираат, но набрзо се согласил. Карш го замолил Черчил да ја тргне цигарата, а кога тој не го направил тоа, Карш му пристапил и полека му ја тргнал цигарата, извинувајќи му се.

    Черчил бил намуртен додека Карш го фотографирал, но подоцна му дозволил да го слика уште еднаш, духовито коментирајќи дека Карш може да натера дури и нескротен лав да седи мирно за да биде фотографиран.

    Карш е роден во Мардин, западна Ерменија, место што денес се наоѓа на територијата на Турција. На 14 години тој со своето семејство пребегал во Сирија, за да ги одбегнат неправдите што се случувале шест години по ерменскиот геноцид. Две години подоцна Карш бил испратен да живее со својот вујко Џорџ Накаш, кој работел како фотограф во Шербрук во Квебек, Канада.

    Таму Карш му помагал на својот вујко, кој видел голем фотографски потенцијал во него. Затоа во 1928 година го пратил Карш да му биде чирак на портретниот фотограф Џон Гаро од Бостон.

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    По четири години Карш се вратил во Канада и отворил студио во Отава, во близина на седиштето на владата. Премиерот веднаш го засакал и му помагал запознавајќи го со разни дипломати и високи гости, кои ги убедувал да му позираат. Тој привлекувал внимание со својата работа, но местото во историјата му го обезбеди портретот на Черчил. Тој му ја донеса меѓународната слава и се вели дека е најрепродуцираната фотографија во историјата. Фотографијата ја продал за сто долари на магазинот Лајф.

    - Наивно ја прифатив нивната понуда, бидејќи не бев свесен за вредноста на нештата. Се што сакав беше фотографијата да биде објавена - рекол Карш.

    Местото на Карш во историјата на фотографијата и воопшто во светската историја е многу големо. Тој фотографирал дури 51 од 100 највлијателни луѓе во светот според International Who’s Who, а тој е единствениот Канаѓанец на листата. Меѓу луѓето што застанале пред неговиот фотоапарат се: Енди Ворхол, Одри Хепберн, Двајт Ајзенхауер, Ернест Хемингвеј, Хемфри Богарт, Индира Ганди, Фидел Кастро, Мухамед Али и Пикасо.

    Роберт Капа (Андреј Фридман)

    [​IMG]
    Најпознатиот воен фотограф во една пригода рекол: "За мене војната се повеќе личи на актерка што старее. Таа е се поопасна и се помалку фотогенична". Токму таа опасност за Капа била фатална.

    Спомнувањето на името Андреј Фридман веројатно на многу малку луѓе им значи нешто. Затоа, пак, името Робер Капа е големо и тоа не само меѓу тие што се занимаваат со фотографија. Тој е еден од најпознатите воени фотографи и сигурно е дел од оние што го одбележале минатиот век. Овој самоук мајстор на фотографијата одлично ја познавал војната, па затоа во неговите дела се забележува силен манифест против војните и неправдите.

    Меѓутоа, уште од првиот контакт со војната и првото известување од борбените полиња тој целосно се посветил на воената фотографија. Од неговите фотографии зрачи неговата опседнатост со онаа тенка линија меѓу волјата за живот и нагонот за самоуништување по кои се движат луѓето. Опседнатоста со неговата работа му ја донела славата како еден од најпознатите воени фоторепортери, но на крајот го чинела живот.

    [​IMG] [​IMG]
    Роберт Капа е роден во 1923 година во Будимпешта, Унгарија, како Андреј Фридман. Откако увидел дека во Унгарија нема голема перспектива со тогашниот режим, на 18 години избегал во Германија. Во Берлин нашол работа во фотографска агенција, како помошник во фотолабораторијата. Во меѓувреме и тој се занимавал со фотографија. Кога Хитлер ја презел власта, Андреј Фридман се преселил во Париз. Таму со својата свршеница, Герда Таро, се трудел да се избори во жестокиот бизнис на слободното новинарството.

    Андреј и Герда решиле да основаат агенција во која ќе работат тројца луѓе. Герда била секретарка и задолжена за продажба, а Андреј најмен работник во фотолабораторијата. Тие двајца се претставувале како да се вработени од богат, познат и многу талентиран (и измислен) американски фотограф Роберт Капа, кој бил во Франција. "Тројцата" одлично функционирале. Андреј фотографирал, а Герда ги продавала фотографиите. Сите заслуги оделе на името на непостојниот Капа.

    [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Бидејќи Капа бил многу богат, Герда одбивала да им ги продаде "неговите" фотографии на француските весници за помалку од 150 франци, што било трипати поскапо од вообичаената цена.

    Тајната ја открил уредникот Лусјен Вогел, но воопшто не му пречело, па ги испратил во Шпанија за да известуваат од Граѓанската војна. Таму ја направил својата најпозната фотографија на војникот што умира погоден од куршум.

    Потоа тој продолжува да ги следи војните низ светот и бил во Кина, Италија, Израел и во Германија. За време на "Денот-Д" тој бил на плажата Омаха, каде што искористил четири ролни филм. Во лондонската фотолабораторија на магазинот Лајф емулзиите на филмот биле оштетени и преживеале само 11 фотографии. Фотографиите сепак биле објавени.

    Неговото мото било: Ако фотографиите не ти се доволно добри, тоа значи де-ка не си доволно близу.

    Тој негов став на крајот бил фатален за Капа, кој настрадал од нагазна мина во 1954 година во Виетнам. Кога го нашле неговото тело, тој се уште цврсто го држел фотоапаратот.

    Во негова чест денес се доделува наградата Роберт Капа, за фотографиите што бараат исклучителна храброст од фотографите. Зад него остануваат некои од најдобрите воени фотографии, како и легендата за исклучителниот воен фотограф Роберт Капа.

    Хелмут Њутн

    [​IMG]
    Хелмут Њутн е познат по специфичниот стил во кој доминираат стилските и еротски сцени, често со садо-мазохистички и фетишистички контекст. Работел модна фотографија во најпознатите светски модни магазини.

    Интересот за фотографијата и талентот ги покажал многу рано, а кога имал 15 години, неговиот татко му рекол:

    "Сине, ти еден ден ќе завршиш како питач. Тебе на памет единствено ти се жените и фотографијата".

    Ако Ансел Адамс е неприкосновениот фотограф во областа на пејзажите, тогаш Хелмут Њутн е врвниот мајстор на модната фотографија. Особено популарни се неговите актови, кои се важен репер за секој фотограф што навлегува во фотографирањето на голото тело. Повеќе од половина век неговите фотографии ги красеа насловните страници на најпознатите модни списанија.

    [​IMG]

    Њутн е роден во Берлин во 1920 година како син на богат Евреин, сопственик на фабрика за копчиња. Бидејќи неговата мајка била Американка, тој посетувал американско училиште. Набрзо бил избркан од училиштето бидејќи повеќе се интересирал за фотографија, базени и девојки отколку за учењето.

    Уште како дете искажал интерес и талент за фотографијата. Работел за германскиот фотограф Елс Симон, познат како Ива. На 18 години Њутон ја напуштил Германија и краток период работел како фотограф во Сингапур за весникот „Стрејтс тајмс“. Но бил истеран и отаму, по само две недели, а образложението било дека тоа го направиле поради неговата неспособност.

    [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Во 1940 година заминал да служи во австралиската армија и до крајот на Втората светска војна служел како логистичар.

    По Војната почнал да работи како фриленс-фотограф, кој создавал модни фотографии и повремено работел за списанија како Плејбој. Од 1950 година тој целосно и се посветува на модната фотографија.

    Во 1962 година се преселил во Париз, каде што работел за разни магазини, меѓу кој најважен е францускиот Вог. За списанието работел 25 години, а потоа го отстапил своето место на помладите фотографи. Паралелно работел за Линеа италиана, Ел, како и за американското, италијанското и германското издание на Вог. Објавувал фотографии и за Плејбој и за списанието Стерн.

    [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Хелмут Њутн станал популарен по специфичниот стил што го развил, во кој доминираат стилските и еротски сцени, често со садо-мазохистички и фетишистички контекст.

    Инфарктот што го доживеал во 1970 година малку го оттргнал од работата, но набрзо закрепнал, ја проширил работата и се стекнал со голема слава. Тоа особено се забележува по издавањето на серијата Big Nudes, што претставува врв на неговиот еротско-урбан стил, проследен со одлични вештини во фотолабораторијата.

    За себе Њутн рекол дека е површен, а дека неговите фотографии воопшто не се длабоки.Иако неговиот еротицизам е површен и доведен до екстрем, пластичноста на неговите дела е неверојатна.
     
    На D3N1EL, Викса, boriseto и уште 40 други им се допаѓа ова.
  2. xenon

    xenon
    Guru

    3,803
    9,511
    15 Јануари 2011
    Машко
    Секоја чест за трудот и издвоеното време за мега-постот!

    Преку пионерите на фотографијата, историјата не учи дека не е многу важна, т.е. не игра пресудна улога опремата колку што има сенсот за композиција, начинот на кој фотографот остварува конекција со субјектот во портретна фотографија - ја вади личноста на површина односно заробува момент од времето кога еден сет фацијални експресии, положба на телото и сл. го отслкува човекот каков што навистина е, наместо да го пресликува сировиот екстериер.

    Бројни фотографии исто така заробуваат момент во времето онака како што фотографот ја замислил сцената иако истата сцена не ги содржи сите тие елементи во одредено време - односно фотографот како ловец седи и чека некој или нешто да влезе во таа сцена и истата да ја комплетира.

    Убавината кај фотографијата, исто како кај готвењето е леснотијата при реализација. Не треба некој да има специфичен талент доколку има добар вкус. Со ист сет мирудии, еден човек може да направи помија која никој не би ја конзумирал, друг би направил специјалитет.

    Светот не секогаш треба да се перцепира со две очи, фотографијата е уметност на третото око.
     
    На viksa86, spiritBreaker, Boce! и уште 9 други им се допаѓа ова.
  3. emet_

    emet_
    Гостин

    Само еден можел да направи толку многу детали во неговите фотографии уште во тоа време... неверојатно!
    Една од моите омилени: "The Tetons and the Snake River"

    Ансел Адамс!!!
     
  4. D

    D
    Администратор

    3,241
    1,658
    31 Март 2007
    krema, xenon и на M.Pix им се допаѓа ова.
  5. Boce!

    Boce!
    Gaining Experience

    117
    163
    4 Август 2017
    Едно нешто не ми е јасно. Ваков пост имаше само 5 like-а (сега 6).
    Јас мислам дека е извонреден.
     
  6. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,171
    3,519
    26 oктомври 2012
    Машко
    Постот има 33 лајка, ти си видел две тројки, си ги собрал и си добил 6. :D
    Не верувај на тапаталк, повеќе од 5 лајка не покажува ( ретко 6).
     
    На RagingDemon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,333
    5,249
    24 Март 2009
    Машко
    6 ако ставиш и ти.
    Уште не ми е јасно како толку долго им се провлекува багот со лајковиве на тапиве :)
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Boce!

    Boce!
    Gaining Experience

    117
    163
    4 Август 2017
    Хахаха..
    @Војвода и @RaginDemon, ставив и јас like, а сега гледам дека и мојот не го покажува - пак си стојат 5.
    Очигледно е до bug-от.
    Thnx на инфо!
     
    На RagingDemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,353
    2,156
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Препорака за фотограф што знае да слика слика за пасош/виза. Ова до сега што го пробав е ужас! Дичо и Лик во Аеродром...НЕ ГИ ПРЕПОРАЧУВАМ. Сликање од рука со зум х10, по три пати ме сликаа СИТЕ СЛИКИ МАТНИ, кај ЛИК дури имаше и сенка на белата позадина?!?!?!? Дома на ѕид со чкарт телефон искачаат боље слики.
     
    Последна промена: 18 oктомври 2018
  10. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,356
    9,842
    23 oктомври 2012
    Машко
    Фото Мите кај Грчка амбасада, јас за виза се имам сликано таму, не е дека сум припазил на квалитетот на сликата, али од друга страна секогаш вадам слики кај него, само он има мат хартија.

    П.С. Не сум сигурен дека муабетов е соодветен на темата, ама битно да се заврши работа ;)
     
    На mdeni и Molec им се допаѓа ова.
  11. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,365
    3,074
    24 Септември 2012
    Денес вадев как Мите некои слики. Ќе му кажеш вака и вака ко за америчка виза и ќе е океј.
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
  12. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,952
    2,191
    19 Јули 2013
    Студио Јасмина во Лептокарија, ако ти е овој дел поуспат.
     
    На Molec му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. M.Pix
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    1,845
Вчитување...

Сподели

Вчитување...