• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

„Мајкрософт“ се откажува од дигитализацијата на книги

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3.646
139
knigi_kompjuter1.jpg


Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ планира на почетокот од овој месец да затвори две негови Интернет страници за пребарување на библиографски податоци и да го пренасочи пребарувањето што се остварува преку неговиот пребарувач кон други сајтови.

„Мајкрософт“ исто така ќе им ги достави на издавачите и сите свои дигитализирани содржини - вкупно 750.000 книги и 80 милиони новинарски написи.

Аналитичарите наведуваат дека „Мајкрософт“ за да му се спротистави на својот најголем конкурент американскиот пребарувач „Гугл“, што во моментот во оваа сфера се наоѓа на првото место, ја започна големата кампања за дигитализација на книги.

„Мајкрософт“ во 2006 година го започна проектот „MSN book search“, чија намена беше да се спротистави на „Гугл“ преку понуда на дигитализирани книжевни дела на кои им истекуваат авторските права.

Аналитичарите наведуваат дека „Гугл“ не се двоумеше да објавува и книжевни дела со заштитени авторски права, што пак предизвика револт кај авторите.

Според аналитичарите ситуацијата по речиси две години е целосно поинаква, бидејќи „Гугл“ го потврди своето водство во областа на интернет пребарувањето, па затоа „Мајкрософт“ се откажува од натпреварот во оваа сфера.

Извор: ИДИВИДИ
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.661
Мислења
889.151
Членови
31.501
Огласи
33
Најнов член
Ivanmakar
На врв Дно