- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139

Вашингтон, 14 мај (МИА) - Американскиот совтверски гигант „Мајкрософт“ (Microsoft) поднесе жалба на рекордната парична казна од 899 милиони евра, која Европската комисија на 27 февруари ја изрече поради непочитување на прописите на Ебропската унија за слободна пазарна конкуренција.
„Мајкрософт“ во жалбата поднесена до Првостепениот суд при Европскиот суд на правдата бара експлицитно објаснување на пресудата на Космисијата, извршен орган на ЕУ, кој во 2004 ја осуди компанијата на парична казна во висина од 497 милиони евра поради злоупотреба на доминантното положба на пазарот, а потоа во 2006 година на казна од 280,5 милиони евра поради непочитување на таквата одлука.
ЕК кон крајот на јануари покрена и нова истрага против „Мајкрософт“ поврзана за интероператибилноста на конкурентските апликации со неговите решенија, како што е корисничката програма „Офис“ (Office).
Извор: Канал 5