• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

„Мајкрософт“ под антимонополска контрола до 2009-та

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Деловното работење на американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ и натаму, до ноември 2009 година, ќе остане под контрола на Министерството за правда, објави судијата Колин Колар-Котели задолжена за водење на процесот против оваа компанија.

Контролата, која почна по завршувањето на антимонополскиот процес против „Мајкрософт“ во 2001 година, требаше да биде завршена во ноември 2007 година, но 10 американски сојузни држави побараа нејзино продолжување за уште пет години, до 2012 година, додека Колар-Котели одлучи рокот да се продолжи само до ноември 2009 година.

Судијката истакна дека не станува збор за никаква санкција против „ Мајкрософт“, туку дека контролата е продолжена поради тоа што компанијата доцни со доставувањето на деталната техничка документација кон другите софтверски издавачи, со што би се поттикнала интероперабилноста на нивните програми, што беше предвидено со договорот со кој во 2001 година беше прекинат судскиот процес против „Мајкрософт“.

Од „Мајкрософт“ изјавија дека ја прифаќаат одлуката за продолжување на контролата и дека сакаат да ја продолжат соработката со власта.

Извор: А1
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,550
Мислења
823,144
Членови
28,061
Најнов член
Viktorofski
На врв Дно