• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

„Мајкрософт“ нуди 44,6 милијарди долари за Yahoo!

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
„Мајкрософт“ денеска соопшти дека дал понуда за купување на интернет компанијата Јаху (Yahoo Inc) за 44,6 милијарди долари, во готовина и акции.

Обидот за купување на Јаху е во склад со обидите на Мајкрософт, инаку најголема софтверска компанија на светот, да најде нови начини да му конкурира да интернет пребарувачот Гугл.

„Мајкрософт“ наведува дека нуди 31 долар по акција, што е за 62% повеќе од вредноста што акциите ја имаа на затворањето на берзата вчера.

„Многу го цениме Јаху и заедно можеме да понудиме голем пакет на решенија за корисниците, издавачите и огласувачите“, вели Стив Балмер, генерален директор на „Мајкрософт“, во официјалното соопштение.

Засега нема реакција од Јаху.

Во „Мајкрософт“ велат дека воочиле четири области во кои обединетата компанија може да заработува дополнителна милијарда долари годишно.

Во „Мајкрософт“ сметаат дека регулаторните комисии ќе дадат дозвола за купување на компанијата и дека целиот процес ќе заврши во втората половина на 2008-ма.

Извор: А1
 

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Хмм проценувајќи го богатството на Мајкрософт они се во состојба да ги купат речиси сите работи кои ќе им паднат на памет..
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Јас мислам дека Гугл ќе има подобар ривал ако MS го купи Yahoo а со тоа и поквалитетни сервиси за сите нас. Јаху како што е сега не му е рамен на Гугл.
 

GeNeRaToR

Intern
20 јануари 2008
538
7
Значи купувањето на Yahoo оди паралерно со пензионирањето на Бил Гејтс. Значи ако се купи Yahoo микрософт ке има два пати поголемо влијание врз вугето. Да не збореме шо ке се случи ако купат уште некоја голема компанија.
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
"The Rise of Google Empire" треба да се учи како предмет на ИТ/менаџмент факултетиве, одамна ги упрпа големиве компании!
Можеби ќе има нов пребарувач "Yahoo Live", пошти на МС не му успеа со Live Search...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,599
Мислења
824,362
Членови
28,092
Најнов член
mkcoach
На врв Дно