• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Macedonia Live Messenger - бесплатен македонски инстант комуникатор

B^nDIT

Gaining Experience
6 февруари 2010
1,124
311
може некој да прати скриншот од апликацијата кога работи? главен прозор, опции ова-она
Симни си Windows :))

Шала на страна...
30dgkkj.jpg
2gtaex3.jpg
2hpm983.jpg
244wq5d.jpgp
 

ExtremeBt

Gaining Experience
16 мај 2009
263
69
Еден голем ЛАЈК за проектов! Вчера за прв пат го тестирав, има доста багови, но се надевам дека брзо ќе ги поправат.

@B^nDIT
Е шо ме пребара мене баш?! :D
 

B^nDIT

Gaining Experience
6 февруари 2010
1,124
311
@B^nDIT
Е шо ме пребара мене баш?! :D
А зошто не :))

И обавезно треба да се стави секој да си креира канал. А обавезно треба и промоции. А обавезно треба и интересен дизајн. А обавезно треба и лого.

Али сепак не е лошо за почеток.
 

Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
703
448
Сите овие предлози што ги давате, сите багови што ги знаете пишете им ги нив, да ги поправат :)
 
S

Sukhoi

Гостин
Бш е добра апликацијата, стварно незнам што и фали.
Еве новица како изгледа:
 

Атачменти

  • Untitled.jpg
    Untitled.jpg
    14.2 KB · Прегледи: 51

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Ме интересира следново :

Во што програмски јазик е напишан софтверов ?
Дали овој софтвер е слободен софтвер и ако не е, зошто не е ?
Дали софтверот има полиса на безбедност или пак никој не ми гарантира дека моите информации не ги гледа некој од креаторите на софтверот ?
 

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
А мене ме интересира дали креаторот на оваа апликација е член на форумов за да може да ги одговори многуте прашања бидејќи очигледно Ike само ја промовира апликацијата. :)
 

neW1

Gaining Experience
10 мај 2007
679
126
На сајтот нема политика за приватност или јас не можам да најдам?
 

ProNoob

Intern
1 октомври 2010
392
13
Ми Се Допаѓа Искрено, не најдов некој бугови, само што, сајтот ви е , ај без навреди ама од оценка 1 до 5 би дал 2 (нашиот учител што би рекол Стаклено Двојче) :))

Иначе Јуриш ае Преземајте Ситеее :)
 

Lo6ko

Intern
28 август 2010
25
1
Браво за проектот, редно беше нешто и од македонијава да излезе... само до каде ке иде ке видиме понатаму... :bravo:
 

gdamjan

Practice makes perfect
3 април 2008
2,905
1,546
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Ако програмов не користи отворени протоколи за комуникација, а таков е само еден за IM (jabber/xmpp) тогаш нема никаква поента.
 

zarko.m

Intern
26 октомври 2010
3
2
Здраво на сите, јас сум дел од тимот на Macedonia Live. Ви благодарам многу за забелешките, посебно оние кои укажуваат на недостатоците.

Во однос на вашите коментари:

1) Програмата е работена во C/C++, моментално неможе да се поврзе со други месенџери преку xmpp протокол но тоа би било возможно во иднина без да се наруши компатибилноста со претходните верзии. Не сме во можност (барем не засега) да обезбедиме најавување на Facebook и Twitter директно во Macedonia Live.

2) Во врска со дизајнот и содржината на веб страната, навистина не е на задоволително ниво. Споредбата за "трошење" на интернет и ком. ресурси е според наши тестови, но бидејќи немаме официјални независни тестови таа е несоодветна. Споредбата за Фејсбук и Твитер е во во врска сто тоа што по default не користат SSL (https), но, како што спомнавте неможе целосно да се споредат. Ваквата содржина ќе биде отстранета и заменета со посоодветна, вклучувајќи и полиса за приватност. Дизајнот на веб страната и логото ќе бидат доработени во блиска иднина, како и блог или форум за тех. подршка.

Интерфејсот секако треба да се разубави. Во момемнтов се фокусираме на поправка на bug-ови и додавање на аудио/видео повици. Истотака во изработка е опција за поставување на CV во профилот (по желба на корисникот) кое може да биде пребарувано од оние кои бараат кадар, како и можност компании да објавуваат огласи за вработување за кои корисникот (по негова желба) ќе биде известуван на Macedonia Live доколку има match по одредени параметри со неговото/нејзиното CV. Секако бесплатно.

Иако сличен сервис работеше пред повеќе од 10год, тој базираше на MS DOS и сосема друга технологија. Овој проект е почнат од ново и затоа сме свесни дека на почеток нема да е лесно, но користејќи ги забелешките на корисниците ќе дадеме најдобро што можеме да го подигнеме на повисоко ниво.

Благодарам уште еднаш и се најдобро.
 

dimitars

Gaining Experience
8 мај 2007
1,687
343
Ја симнав програмава и решив да ја пробам, еве кои се мои лични впечатоци(иако некои се повторуваат)
1. Веб сајтот има релативно заостанат дизајн иако лесен за навигација. Почетната страна и не е толку лоша, ама страната за симнување е едноставно нелогична, особено тие сликите, би било одлично кога би најмиле дизајнер да ви го дизајнира сајтот и уито.
2. Инсталациониот фајл е мал, што многу ми се допаѓа. Инсталацијата брза и едноставна, како и регистрацијата при прво влегување. Се на се од 0 до логирање се стигнува за 1 минута што е одлично.
3. При првото влегување и подесување на профилот, најмногу ме изненади дека ги имате речиси сите образовни институции во македонија, што е прекрасно. Јас ги пронајдов моите во Охрид и мислам дека е добар елемент, особено кога ќе се бараат пријатели преку алатката. Едноставно, генерацијата ќе си најдам без проблем.
4. Моја примедба би дал уште само за UI-то. Во основа ми се допаѓа формата и подреденоста, но боите дефинитивно се стари. Лично сметам дека со мал труд и помош од дизајнер, би успеале месеснџерот да го направите да е 5 пати поатрактивен, па би ве замолил доколку сте во можност тоа да го направите(на форумов има супер дизајнери, контактирајте некој од нив).

Се на се, прекрасна идеја, како за почеток и добра изведба, со текот на време би требало да добиете еден супер производ кој верувам во македонија има преспектива да биде користен. Со среќа и се надевам на идни подобрени верзии како и повеќе маркетинг, без поголема публика проектот не може да заживее.
 

Biljana.m

Intern
26 октомври 2010
1
0
Здраво на сите.. Ви благодариме многу за плодната дискусија во врска со Macedonia Live и за сите сугестии :)

Нашата идеја беше да придонесеме кон поврзување на сите Македонци од светот, да можат да комуницираат, разменуваат идеи и да соработуваат, со цел за да се помогне во развојот на земјата, како и во унапредување на информатичката технологија во Македонија.

Програмата е нова и постојано се работи на нејзино подобрување со помош на сите корисници кои ни даваат идеи, забелешки, проблеми, итн. Дизајнот на веб страната, на логото, како и други работи во интерфејсот треба да се сменат. Но, сакавме побрзо да ја тестираме со поголем број на луѓе, па затоа ја пуштивме во употреба, а овие работи дополнително ќе бидат изменети. Исто така треба и повеќе промоции и застапеност на ФБ и на твитер, нот тоа малку подоцна кога ќе биде доволно тестирана. Инаку, пред 10-тина години истиот дизајнер имаше софтвер Sunline BBS, може некој се сеќава. Но ова е сосема различно од тоа и официјално почна со работа пред околу 3 недели.

Знаеме дека нема шанси за споредба со гиганти како Skype и MSN, туку само укажуваме на некои разлики и среќни сме што и Македонија може да понуди ваков производ. Затоа, се трудиме да ги слушаме сите корисници и да ја приспособиме програмата според нивните потреби, како и да воведеме алатки кои се соодветни само за нашето поднебје. На почеток, ќе воведеме звук и видео, а потоа и други интересни апликации. Секој почеток е тежок, но се надеваме дека луѓето ќе ја прифатат програмата, а со тоа ќе има можност за унапредување на квалитетот.

Од се срце ви благодариме за поддршката и ве молиме пишете ни за сите багови, идеји, кометари, проблеми и итн. Мојот ид е билјана и можете да ме побарате да тестирање во секое време :)
 

Zee

Intern
10 септември 2010
209
21
Neli imashe slichen proekt na onnet so vakov klient pred povekje godini koj propadna?

Jas nemozhev da go instaliram, koristam Linux a nema instalacija za vakvi OS.

Bez politika na privatnost i koristenje na otvoreni protokoli jas ne bi se osmelil da pisuvam na nego bidejki nikoj ne mi ja garantira sigurnosta.

Ne znam koja kje bide ekonomskata opravdanost na vakov proekt, verojatno vremeto kje pokazhe. No jas sum posiguren i pokomoten koga sum na skype/jabber i ne veruvam deka kje go koristam ovoj proizvod. Makedonija e mal pazar za vakvi proekti, mal e brojot na IM korisnici koi bi bile target grupa za vakvo nesto. No, kako sto rekov vremeto kje pokaze.
 

mrce

Intern
2 ноември 2009
194
34
seoblogmk.wordpress.com
@zee

neznam sto se furate tolku okolu sigurnosta....... i skype i bilo koj drug ne garantira sigurnost. Eve sto se sluci so skype neodamna link (ako se potrudite moze i ke go najdete programceto)

@biljana.m

Da bideme realni, ama idejata ne vi e da pridonesete kon povrzuvanje na site makedonci, tuku da napravite nekoj dinar...sto e sosem normalno :)
 

Zee

Intern
10 септември 2010
209
21
Mrce, dokolku ti si komoten so faktot sto nekoj moze da ti gi chita privatnite razgovori, toa e vo red. Jas ne sum i sakam maksimalno da si ja zastitam privatnosta i moite razgovori.

Okolu skajpot, nikade nema sto e nedostatokot tuku deka go ima i za da go doznaete treba da se poseti saemot za hakeri.

It is not all security by obscurity of course. There is plenty of good cryptography in Skype. Most of it is implemented properly too. There are seven types of communication encryption in Skype: its servers use AES-256, the supernodes and clients use three types of RC4 encryption - the old TCP RC4, the old UDP RC4 and the new DH-384 based TCP RC4, while the clients also use AES-256 on top of RC4. It all is quite complicated, but we’ve mastered it all. If you want to know more, come to Berlin for 27C3 to hear all the juicy details on how to use this function to decrypt Skype traffic.

Ne veruvam voopsto vo ova bidejki skajp ima nekolku vidovi na zastita, taka sto dokolku ima propust toj e najmal spored so drugite protokoli i broj na zastiti sto se koristat.

Kako i da e, tvrdenjeto deka ovoj IM klient e pobezbeden i trosi pomalku resursi (sporedeno so opciite koi gi nudi) e vo najmala raka smesno bidejki za istite tvrdenja ne se ponudeni argumenti i dokazi. Sporeduvame klient koj vredi milijardi dolari i zad kogo stojat stotici programeri i eksperti i stotici milioni korisnici i eden klient koj go napravile nekolku dushi bez ili so epten ogranicheni sredstva so nekolku desetici korisnici.
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
3,003
515
www.ibiz.mk
како што рече зее, дури и да споредувате трошење на ресурси со скајп изнесете некоја статистика, чисто да се види, пр колку се троши при конференција 10тина души на скајп и мсн и со програмата, мислам дека попродуктивно е така отколку само 2-3 зборчиња да се изнесат

околу сигурност исто ви е подобро да го тргнете,

ако мислите малку посериозно околу проектот политика на приватност обавезно ставајте,
исто не е лошо да може да се најави со твитер и фејсбук, и да ги црпи од таму основните податоци, или openid,

и ставете го како приоритет дизајнот, багови ке има нонстоп ако чекате да го средите со багови може и месеци и месеци да пројдат, дизајнот ви е прв што ви се гледа

иначе некогаш има проблем со стартување прави not responding го пробав на постар компјутер при прво логирање закочи потоа беше ок


без разлика што расни ИНДИЦИДУИ мислат дека се тролува и мрчи само, добро е што ги стаќате негативните критики и настојувате да ги поправите


иначе колку што видов има доста канали и се чита целата историја на разговор, не само од кога се уклучиш, што е доста добро, не загледав а може и нема но добро е да се има опција да се преплатиш на некој канал

-пр отворен ми е канал за некој факултет, пишувам пишувам и исклучам, некаде да ме извести за нови разговори, или пак ако ја исклучам апликацијата и поново уклучам да ме извести за нови разговори, и некако да ги одели прочитаните од новите мислам дека свативте на што мислам
 

B^nDIT

Gaining Experience
6 февруари 2010
1,124
311
Pros:
  • Канали
  • Лесна навигација
  • Офлајн пораки што супер работат
  • помалку трошење ресурси (проверено)
  • информации за училиштата/градовите/државите

Cons:
  • Поддршка за Mac OS X и GNU/Linux (особено Debian)
  • Дизајн
  • Лого
  • Веб-сајт
  • Багови
  • ПОЛИСА ЗА ПРИВАТНОСТ & БЕЗБЕДНОСТ

Протоколот не е важен според мене. Штом сервисот комуницира со серверот како што треба :) Е сега за сигурноста се сомневам.

Треба многу програмери за да направат добар алгоритам и конектирање на сервер.Претпоставувам преку socket идат податоците?
 

[email protected]

Gaining Experience
3 јуни 2009
634
56
ја инсталирав ама не ми се уклучува
missing shortcut ми излага што треба да напраам за да ја стартувам програмава
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,142
Мислења
878,802
Членови
30,762
Најнов член
ristecona
На врв Дно