1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Mac OS vs Windows

Дискусија во форумот 'Mac OS' започната од vladealfagv, 31 Јануари 2016.

  1. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    331
    8 Мај 2007
    Во ред е да слушнам по улица како ајфонот бил најдобар без ни еден аргумент и слично. Но јас го држам форумов на повисок стандард, пред се бидејќи луѓето тука се ентузијасти, се интересираат за технологијата, живеат преку технологијата, очигледно штом толку пишуваат имаат пасија за технологијата.
    Јас не знам зошто постои потреба Windows или Мек да е подобар. Свесни сме во денешно време дека постојат 1001 use-case на десктоп/лаптоп машина. Зошто некој би рекол Мек е подобар или Виндоус е подобар, кога реално се наоѓаат милион споредби во кој едниот, и милион споредби во кој другиот би победил.
    Пример јас ги користам и двете. Мек за работа и лежење у кревет, десктоп за гејмање и кога ми се седи на поголем монитор.
    БТВ: "Тие први се закачаа" е изговор за во основно. Тука на форумов се трудиме да зборуваме аргументирано и прагматично.
    На крај од дискусијата не е идејата да легнеме во кревет со помисла: "Море како сум му докажал на некој рандом интернет лик како сум во право и он е тапа", него да се осеќаме дека сме научиле нешто ново и дека утре тоа нешто можеби нас ќе ни се најде.

    Поздрав.
     
    На Вајкинг, moongose, mviktors и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,677
    3,055
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    неколку работи одамна ме одврати од филозофијата на Епл во однос на технологија: прво, па побогу, како може да се тврди дека тие го измислиле нештото кога тоа било веќе присутно некаде на некој друг уред и соодветно на тоа, тие шо се ептен попалени по епл нормално викаат да, така е, без разлика дека постојат ФАКТИ секаде по инт што го потврдуваат токму спротивното од тоа (има мал милион примери по инт, да не ги бројам). второ, едвај работат на две-три машини макс годишно (зборам за лаптопи и десктопи) , и закачуваат шо е можно подобри компоненти (xeon процесори, ddr4 рам, PCI express SSD) шо нормално, да ставиш и на линукс и виндоус машина, нормално дека нема да има лаг. ајде ако гледаме како шо би гледале типичните епл OS X корисници, тогаш зошто не прават машини со сите различни компоненти како шо се присутни во стандарните виндоус или линукс машини? на пример, нека стаат на целерон архитектура со „обичен“ ддр3 рам, па да видиме дали ќе се движи онака како и на нивните кастом платформи? и која е целта, ако толку се иде на ентузијазам и future proofing , да тој ос е поддржан само 2-3 годи и да неможе истата конфигурација за некоја година да добие понов систем? пошто да, нели, како иначе ќе се наплатат 2000 евра за мек десктоп / лаптоп.
     
  3. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    331
    8 Мај 2007
    Точно, што има а што нема измислено епл ако го интересира некого може да си види на интернет. Нема потреба да се спори бидејќи факт е факт и неможе да се дискутира. Мене лично не ме интересира што тие измислиле, битно ми е што нудат и во која состојба.
    Пракично се што нудат е објективно добро смислено, имплементирано и изполирано. Речиси е нездраво колку внимание имаат посветено на деталите ( ако сте читале/гледале за Jobs ќе сватите зошто е тоа така, иако јас лично не го сакав Jobs како човек)

    Што се однесува до конфигурациите, тука е посебноста на епл. Прават според мене супер добри конфигурации со делови кои супер си одговараат и потоа го прилагодуваат ситемот на тие неколку конфигурации што ги подржуваат. Тоа е политиката на компанијата и затоа што имаат контрола врз хардверот можат многу добро да го оптимизираат совтверот.
    Иначе Mac OS El Capitan (најнов) системот е подржан од машала постари уреди како што можеш да прочиташ овде: http://www.everymac.com/systems/by_capability/maximum-macos-supported.html
     
  4. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,128
    1,271
    25 ноември 2014
  5. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,773
    4,327
    20 Февруари 2011
    Машко
    Дај бе пушти некоја фотка од Макот , нема ништо по каналиве 18+, нема на што да се FAP FAP FAP. :innocent::innocent:
     
  6. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,672
    331
    8 Мај 2007
    Се враќам дома ненадејно и ги фатив во сексуален акт ... се надевам е по твој вкус:

    unnamed.jpg
     
    На SiPy`, Krkac, bokiscout и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,677
    3,055
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    На Sharlovski му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    855
    904
    2 Март 2011
    Машко
    Првапат читам некој да спомне Амига на форумов. Браос.
     
  9. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,802
    5,576
    21 Јануари 2009
    Си пробал ли со срч?
     
  10. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    855
    904
    2 Март 2011
    Машко
    Малку сум скептичен дека MacOS ќе усшее да стане вистинска алтернатива за Windows, кога после 40 години не успеаа да станат тоа, кога ќе станат после 100? Под вистинска алтернатива значи секоја апликација да ја има и за MacOS, а тие се веројатно заглавени на 10% апликации.
    А добро би било за сите MacOS да биде вистинска алтернатива.
     
  11. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,909
    2,148
    19 Јули 2013
    Нема пробано. А и не ги следи редовно темите.
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,017
    876
    4 Февруари 2014
    Машко
    Не знам дали си сериозен со коментаров, ама ако си вистина жал ми е.

    Освен за гејминг, за к*р не го бива windows 10, единствено добро што произлегло од мајкрософт се сервер верзиите од 2012 и 2016.
    Секој ден апдејт имам на win 10 машинава, се само ќе се случи нешто, последно search bar-ов престана да работи и веднаш после 1 ден hotfix добив. Window management и spotlight search се најтешкото срање на windows, ама ете многу сум biased кон unix.
    Ако се работи за сериозен workstation компјутер само мек, единствено што може да се подобри е да добиеме некаков конзумер грејд десктоп што не е imac.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,032
    1,154
    11 Март 2011
    Мене лично UAC концептот ми пречи (екстра кликање за многу нешта), но за луѓе што не разбираат што се случува при инсталирање на програми и од безбедност воопшто, е повеќе од потребен. Не дека ќе смени многу 99% ќе кликнат YES без да прочитаат.

    Генерално Mac некако се развива со забавено темпо, веројатно Apple и останатите гиганти сите карти ги имаат ставено во мобилни уреди и клауд сервиси.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,090
    1,363
    5 Септември 2008
    Машко
    Дали си озбилен со коментаров, или си цел живот Windows корисник што слушал причи пред кооперација за MacOS?
     
    На moongose и Oktar им се допаѓа ова.
  15. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    855
    904
    2 Март 2011
    Машко
    Што не ти делува озбилно?
     
  16. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,090
    1,363
    5 Септември 2008
    Машко
    Делот со "да ја има секоја апликација и за Мек". MacOS не само што е алтернатива за Windows, туку е и препорачаниот оперативен (ќе го изоставам Линукс пошто не е дел од дискусијава) во било кое сценарио освен гејминг. Фактот што нема исто голем маркет шер како Виндоус нема никаква врска со тоа колку добра алтернатива е или дали има доволно апликации за истиот. Прва и главна причина, врзан е со хардвер кој за добар дел од корисниците е скап.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    855
    904
    2 Март 2011
    Машко
    Значи кога ќе имаат 99% од апликациите што ги има за Њиндоњс, тогаш може да биде конкурентен производ. А и тогаш нема да ги има милијардате софтверски ремек дела во изминатите 40 години.
     
    На boban984 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. boban984

    boban984
    Gaining Experience

    53
    82
    5 Јули 2007
    Како програмер по професија сум имал можност да работам и користам после работа лаптопи со Windows, Mac и Linux.
    Според мене Windows-oт е најисполиран и има повеќе "Ficher"-и од другите два OS-a, Мекот е постабилен но и многу поедноставен.
    Windows-oт работи на милион конфиграции и дивајси, Мекот на десетина добро испланирани конфигурации затоа и е многу ефикасен во користењето на тие ресурси т.е. на иста или да речам слична конфигурација работи као побрзо, посмуд шо би се рекло.

    Apple уредите се е***е, јас користев AIR лаптоп тераше батеријата 8часа со отворен X-Code и browser со десетина таба плус музиче... Mindblowing за мене у тоа време (пред 4-5 години).

    За апликации да не правиме муабет Windows е неприкосновен.

    Лично мислам дека Apple е прескап, се плаќа брендот и правот да се курчиш (ако ти е тоа филмот) барем на овие простори, на запад не е така, таму се користат како алатки не како начин да се искурчиш.

    Мој совет не се карајте кој е подобар, тркалото се врти. Правиме муабет за алатки.

    Поздрав до сите :*
     
    На gamon и Ulrezaj им се допаѓа ова.
  19. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,802
    5,576
    21 Јануари 2009
    Е ова го погоди.
     
    moongose, dangthe, Oktar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  20. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,335
    9,756
    23 oктомври 2012
    Машко
    Конечно дојдовме и до критериумот според кој можеме да прогласиме победа за Андроид како супериорна платформа.

    Screenshot_4.png

    Администрација, затварајте темите за андроид, иос, мобилни и фиксни. Со една слика, 1000 збора, е решена целата дилема, Плејстор има ~700к апликации повеќе од аппстор.
     
    На stevo15, fuzzjaw, dangthe и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...