• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Лугола, кој/што/како

  • Ја почнал/а темата
  • #1

gemidjy

Intern
14 април 2007
50
0
Здраво,

ме немаше подолго време на форумиве, имам приватни обврски некои. Гледам дека повеќемина се интересираат за тоа кои сме и што е Лугола, па оваа нишка е за нас. Да појаснам некои работи.



Значи Лугола е Група на корисници на GNU/Linux, со седиште во Битола. Порано се водевме како група од Битола, ама сега имаме членови од цела Македонија па така велиме Група на корисници на GNU/Linux од Македонија, иако тоа официјално и не е во употреба, за скоро ќе оди.

Имаме состаноци еднаш неделно во наши канцеларии. Таму се бериме и дискутираме за организирање на проекти и активности, решаваме проблеми и се забавуваме :) Засега официјално има 59 членови, меѓутоа околу 15 се активни постојано.

Прославуваме ден на слободен софтвер на Битола, на 21 септември, секоја година. Можеме да ви помогнеме за се што е поврзано со слободен софтвер, да набавиме најнови дистрибуции, сето тоа оди најчесто бесплато со ваше цд. Донации и помош се секогаш добредојдени, иако луѓето кај нас се повеќе расположени да земаат наместо да даваат, а никој нема да изгуби цело богатство ако месечно оддели 100, 200 денари за вакви иницијативи, ние сите само ќе добиеме, а со тоа и нашето општество кое го помагаме. Нашите активности се волонтерски и доколку не се работи за професионален ангажман, тие кои работат на проектите не добиваат пари за тоа.

Ако сакате да сте волонтер кој ќе му помогне на своето општество, ќе си помогне себе си и ќе биде кул дечко со убави маички и најнови Линукс дистрибуции, придружете ни се. Годишна членарина е 200 евра. Е така.

Се зезам. Бесплатно е. ;)

http://www.lugola.net
http://wiki.lugola.net
http://www.linux.net.mk
http://www.slobodensoftver.org.mk
итн.
 

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Da receme deka ima interes vo Stip za Lugola ke se otvara li vo Stip pretstavnistvo,bidejki navistina vredi da se proba.Ne sum ekspert za Linux,deka 100% go znam ali ete povremeno go upotrebuvam i navistina mnogu mi zavrsuva rabota.Pozdrav do Lugola od vetrovitiot Stip
 

viktor

Intern
8 април 2007
36
0
viktor.lugola.net
Da receme deka ima interes vo Stip za Lugola ke se otvara li vo Stip pretstavnistvo,bidejki navistina vredi da se proba.Ne sum ekspert za Linux,deka 100% go znam ali ete povremeno go upotrebuvam i navistina mnogu mi zavrsuva rabota.Pozdrav do Lugola od vetrovitiot Stip
Претставништво во Штип не вервам таква работа барем не сега за сега бидејќи финансиски не сме толку моќни. Ако толку си заинтересиран јас веќе еднаш дадов идеја да оформите ГКЛ(Група на корисници на Линукс) во Штип имате целосна подршка од Лугола.
 

Kedafi

Intern
3 мај 2007
18
1
јас сум од штип и подолго време сум активен член на лугола, па ако на некој од штип му е потребна било каква помош околу линукс може да ми се обрати на мене.
инаку не е лоша идејата за формирање на гкл во штип, мене ми одговара.
 
D

DimitarMK

Гостин
Здраво,јас сум од Скопје и сакав да прашам дали има и во скопје такво претставништво?Ако има тогаш дајте ми податоци да се зачленам.

Поздрав,Димитар
 

Freaker

Intern
9 април 2007
418
8
едно прашање до лугола, ме интересира зошто не заживеа проектот малина, многу добра идеа и интересен проект, јас би ви помогнал но за жал моето знаење од програмирање е никакво :) но сепак би сакал да видам и таква линукс дистрибуција
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

gemidjy

Intern
14 април 2007
50
0
едно прашање до лугола, ме интересира зошто не заживеа проектот малина, многу добра идеа и интересен проект, јас би ви помогнал но за жал моето знаење од програмирање е никакво :) но сепак би сакал да видам и таква линукс дистрибуција
Проектот Малина не е проект на Лугола. Тоа е на НВО „Слободен софтвер Македонија“. Можете да ги прашате нив поконкретно за тоа. Од моја гледна точка незаинтересираноста на заедницата допринесе за затворање на проектот. Исто така покасно Убунту Линукс се локализира целосно на македонски со што се доби локализирана дистрибуција за македонски корисници.

Поздрав
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

gemidjy

Intern
14 април 2007
50
0
Здраво,јас сум од Скопје и сакав да прашам дали има и во скопје такво претставништво?Ако има тогаш дајте ми податоци да се зачленам.

Поздрав,Димитар
Здраво Димитар,

Лугола има свои членови и од Скопје. Свои претставништва Лугола нема бидејќи карактерот на Групите на корисници на ГНУ/Линукс не е таков. Може да се отвораат групи кои Лугола ќе ги поддржи во секоја смисла. Се разбира секој може да стане член на Лугола, преферираме членови кои ќе бидат активни во заедницата, а не корисници кои само ќе фигурираат како такви. Се разбира, Лугола е група на корисници на Линукс и ако сакате да бидете член треба да користите или да поседувате желба да користите Линукс.

Повеќе информации на официјалниот сајт на групата.

Поздрав
 

Freaker

Intern
9 април 2007
418
8
па не би рекол дека баш убунту е целосно локализиран за македонија има уште многу да се работи.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

gemidjy

Intern
14 април 2007
50
0
па не би рекол дека баш убунту е целосно локализиран за македонија има уште многу да се работи.
Да, има делови кои не се локализирани, но не - нема уште многу да се работи :)

Можеш да им помогнеш на дечките кои се бават со локализација на Убутну ако сакаш, можеме да те поврземе.

Поздрав
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,594
Мислења
824,198
Членови
28,086
Најнов член
martinivs
На врв Дно