Избришан член 1074
Гостин
Една група составена од американски научници тврдат дека поради најновите генетски откритија, во иднина ќе биде можно продолжување на човечкиот животен век до 800 години.
До ова сознание дошол генетичарот Валтер Лонго, професор по геронтологија и биолошки науки на Универзитетот Јужна Калифорнија и шеф на истражувачкиот тим кој успеал десетпати да го продолжи животниот век на квасочните габи.
Истражувачкиот тим на Лонго, со отстранување само два гени од геномот на габите и со "нискокалорична диета", успеал да го продолжи нивниот живот на десет недели. Тие организми обично не живеат подолго од една недела.
Научниците веруваат дека ова истражување непосредно се однесува и на проблемите со стареењето на човечкиот организам.
"Ние создаваме основа за репрограмирање на организмот кон здрав живот. Доколку успееме да го осознаеме начинот на кој работи механизмот за долговечност, ќе биде е во состојба да го примениме на сите клетки на било кој жив организам", рече Лонго.
Тој укажа дека моментот кога човекот ќе може да живее 800 години е се уште далеку, но дека можноста за продолжување на животниот век на 120 години може да се случи во многу блиска иднина.
Извор:Точка