1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Луди цени за gpu

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од dejan_str, 9 oктомври 2019.

  1. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    639
    897
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Јас би беснеел во ГТ Јуниор :)
    On topic, од графички до 500 еу воодушевен сум од 5700 хт. Кој звер!
     
  2. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,955
    2,924
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Друже,
    View: https://youtu.be/_V_sw79YGi0
    да јесте дека има разлика, но погледни што конфигурација е во улога. Ова е преку 2500 еур конфигурација споредба со 350 еур конзола. А додека гејмас, тие мали детали ситници, воопшто не ги забележуваш.
    [​IMG]



    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  3. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,336
    1,053
    2 Јануари 2012
    Машко
    Пред 10 години графичките имаа иста цена со тие од пред 15 години а беа помоќни, нема врска тоа дали се помоќни графичките со цената.

    Дај друга игра.
     
  4. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,955
    2,924
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor


    View: https://youtu.be/lkzO0z8jdtA



    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  5. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,336
    1,053
    2 Јануари 2012
    Машко
    GTA и Witcher сум ги играл и на ПЦ и на ПС и графиката е неспоредлива дури и на средни сетинзи за Вичер и ГТА.
     
  6. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,955
    2,924
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Бе сеа ок, ама ја имам играно асесин на пц и на пс4 про па е тука некаде, особено што и пц ми е врзан на 4к тв и пс4 про.
    А разликата од 2100+ еур за пц е неспоредлива, додека играш е грубо тука некаде, не стоиш да ги гледаш деталите мрдаш.


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  7. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,336
    1,053
    2 Јануари 2012
    Машко
    Да за играње зборувам дека се приметува дека фалат дрва, треви, слаби текстури на се наоколу. И не играв на 2100 евра пц туку на феном 965 и gtx560ti.

    400 евра конзола и 700 евра тв треба да се рачуна со конзолите, и плус ако се тера пиратерија одма се исплаќа ПЦто.
     
  8. Mayson

    Mayson
    Gaining Experience

    755
    326
    10 Април 2011
    може на почеток на партија, у батл кога ке почнат спелови да летаат се кладам дека пагаат фпс како круши ...
     
  9. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,144
    4,284
    18 Септември 2013
    Машко
    сакаш да кажеш има некој дома без телевизор или као коа ќе купиш конзола секогаш треба да купиш и телевизор?

    плус никој тука не броеше вкупна цена на компјутер плус монитор плус периферии, туку едноставно: цената на мидрејнџ графичка дека е поголема колку една конзола која има слични графички перформанси. шо значи сите други компоненти во компјутерот се вишок трошок ако се шо правиш е играње на игри.

    пиратерија ако се земе точно е дека на PC е полесно ама рачунај дека за online experience во сите игри ти треба оригинал да ја имаш - тоа број еден.

    број два е дека и конзолите се чипуваат/хакираат за некое илјадарче така шо пак се враќаме на иницијалната дискусија а тоа е дека:

    цена на една мидрејнџ графичка е тука некаде со цената на една гејминг конзола - а перформансите се тука некаде (мидрејнџ графика наспроти конзола збориме, секако дека ако имаш 2080ti super uber duper ќе имаш боља графика на компјутер).

    НО ДА ИДЕМЕ УШТЕ ЧЕКОР ПОНАПРЕД!

    неуспорно е дека игрите се оптимизираат за конзоли ко шо iOS се оптимизира за ајфони. имаш еден хардвер и лесно е да се оптимизира за тој хардвер и софтверот на него, така шо developers имаат полесна задача за да извадат максимум.

    сега кога ќе излезат новата генерација на конзоли ќе имаш и RTX (најавено) и многу појак хардвер од досегашните конзоли, а game engines се туку речи тие - шо значи очекувам следната генерација на конзоли да има high end графика за игри со графичка комплексност ко игрите кои се до сега излезени.

    што значи се ова сумаризирано?

    - дека ако само играш игри, и не се ексклузивно PC игри (макар можеш веќе маус и тастатура и на конзоли, повеќето игри се конзолно ексклузивни и не знам кои се тие PC ексклузивни игри) - тогаш конзола ти е доволно и поисплатливо да купиш

    - ако играш игри и сакаш да стримаш може да разгледаш опции добар ПЦ или пак просечен стриминг компјутер и конзола комбинација

    - ако веќе играш игри, работиш било шо захтевно на компјутер и броусаш интернет од компјутер итн (значи позгодно и неопходно ако ти е да имаш добар компјутер) тогаш секако си зимаш компјутер

    - ако парите не се опција надобро е да ги имаш сиве овие

    И за крај да се вратиме пак на иницијалната тема а тоа е дека графичките според тоа што носат се отидени у курац со цени - и за обични смртници или просечни корисници тешко е да препорачаш купување на нова графичка.
     
    На ARMac му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,336
    1,053
    2 Јануари 2012
    Машко
    Јас не сум видел таква “оптимизирана“ игра на конзола, сите губеле ФПС што сум ги играл така да и тој мит пропаѓа. (само Rocket League)
     
    Последна промена: 10 oктомври 2019
  11. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    564
    937
    16 Јануари 2016
    Машко
    Не се ни труди да влагаш у дискусија искрено. Споредуваат цени на графички од 2019 со конзола од 2013 па уште викаат исти перформанси хаха. Горе видеа од 4к на PC спрема 2к апскејлд на Плејстејшн, згора на се од Јутуб аплоуд у 1080п...
     
  12. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,144
    4,284
    18 Септември 2013
    Машко
    Другар, споредуваме цена на конзола од секоја генерација, цените се тука некаде.

    Споредуваме цена од 500 евра (претпоставка, пошо обично се помалку од тоа ама зимаме предвид дека трендот е да малце се зголемат цените) за идна генерација конзоли, кои ќе бидат подобри од мидрејнџ гејминг компјутери од моменталната генерација.

    Исто така за 500 еур е кажано шо графички има.

    Споредливо е бидејќи моменталната генерација на компјутери и графика е тука некаде тоа што ќе биде достапно и догодина кога е најавен PS5.

    Разликата е шо никој не негира дека да се има компјутер е убаво и дека се моќни и помоќни од конзоли (бар до сега секогаш).

    Аргументот кој го даваме е дека прескапи се станати графичките, и како илустрација за тоа (еден од аргументите) е дека дел од нив се поскапи од конзоли кои имаат СПОРЕДЛИВИ перформанси. Стендалоун, само графичка збориме - а не цена на склопен компјутер.

    Е сеа дали јас лично би сакал само конзола без да иам добар компјутер - како IT професионалец и како ентузијаст подеднакво - не.

    Мене компјутер ми е стално на прво место за завршување некоја работа или за играње на игри кои се достапни и на компјутер.

    Ама не ми е мило дека за да склопам компјутер со солидни мидрејнџ перформанси (на ново) веќе мора да платам 20+ илјади за факин графичка која не е ни во топ 5 графички од серијата.

    Тоа е проблемот шо го посочија членовите погоре и со кој јас се согласувам. Нереално е дека најдоброто пред 5 години беше околу 600 евра, а сега е факинг 1300 евра.

    И тоа не се објаснува со девалвација, едноставно е лакомост и „им се може“.

    И не е добро и не треба да се брани пошо се дури проаѓа ќе продолжат така. И АМД ќе ставаат цени само до толку пониски да се компетитивни, и Интел ќе извади графички со компетитивни цени.

    Никој нема да дојде да стави графичка блиску до колку кошта производство, маркетинг, рисрч и девелопмент и се тоа комбинирано.

    Коа има овци ќе си стрижат. А кога би престанале да им се продаваат графичките со прескапи цени, ќе видите како ќе спуштат цени.

    Ете ви ги интел за пример - овие high end desktop platform XEON десктоп платформата (HEDP) како бе скинаа цени НА ПОЛА од тоа шо им беа прошлата генерација? Факт е дека имале превисоки маргини ама луѓето плаќале и им се можело.

    Разликата е шо таму немаа конкуренција уопште и сеа коа излезе дупло подбра понуда од АМД а за исти или помалце пари, они ги прилагодија цените да одговараат на перформансите кои ги нудат споредено со конкуренцијата...

    Како и да е да не должам пак премногу - цениве се високи, така шо до таму иде што принудуваат вакво размислување:

    Па ако играм само игрици на машината, ми се исплати да си купам конзола по цената на една графичка

    И ова е фактички точна реченица. Нема шо да пробувате да ја негирате. Е сеа дали лично на некој тоа не му ги задоволува потребите, или е под импресија дека со графичката (плус уше толку пари за други компоненти) нема да има никаков frame dip у никоја игра - океј.

    Предности на PC vs. Конзола, и недостатоци исто стално ќе има. Ама коа збориме за однос цена/перформанси - многу се у предност сеа у моментов конзолите (ако е само за игри играње).
     
    TheMarshal, vlavot, esquimaux и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    564
    937
    16 Јануари 2016
    Машко
    Тоа е се во ред како што викаш. Во ниеден момент ја не ги правдам цените на новиве графички, ја претераа. Но смешно ми паѓа кога ги читам рандом глупите споредби со конзоли. Ако сакаш да склопиш пц со перформанси на конзола сеуште можеш за нешто повисока цена (во странство дури и за иста најверојатно). Хај енд пц гејминг од секогаш бил за ентузијасти наменет. Тоа дека мидрејнџ графичка кошта колку една конзола е вистина, но таа графичка е далеку помоќна од тоа што вие правите да изгледа. Да не спомнам што има мал милион мидрејнџ графички од лански генерации за фракција од цената на најновите и пак имаат подобри перформанси од конзолните.

    Edit: Пред 5 години титан икс беше врвот на графичките, тешко дека 600 долари беше у тоа време ако уопште ја најдеше кај нас.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,023
    6,847
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Forza Horizon 4, Forza Motosport 7. Каде каде изгледаат помазно дури и на One S одошто на PC. За One X да не збориме.

    Губат игри фрејмови и на мидренџ графички. Borderlands 3 на пример и Exodus, чисто да не си во заблуда.

    и да не заборавиме кои срања ги прави Denuvo на ПЦ.
     
    На toshex и vlavot им се допаѓа ова.
  15. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,986
    4,694
    8 Април 2011
    Машко
    Со муабетов со цениве дали нвидиа се свесни и која им е стратегијата. Вака гледано амд продажбата цвета поради конзолите а со овие цени на нвидиа голем дел од гејмерите ке одат на амд графички за гејминг пц а и доста добар дел ке се префрлат на конзоли а што е најинтересно кој пат и да го одбереш е во корист на амд. Нема веке захтевни игри за кој ти треба хај енд графичка а и да има се многу малку. Денес ништо повеќе од gtx1660 do rtx2060 s i rx 580 do rx 5700 која е 23к не треба дури за 2к резолуција. Помина времето кога за метро 2033 ми требаше gtx 580 koja bese najbrzata graficka vo toa vreme ili amd 6970 за некој 35 до 40 фпс со оверклок nа макс. Денес со rtx 2060 на новата metro exodus со dx12 на макс сетинг вадам над 90фпс во просек на 1080p. Што значи и на 1440p нема проблем да има.
    Нвидиа треба драстично да ги намалат цените со 550$ за хај енд моделот и околу 300$ за мид енд моделот. Во спротивно амд ке доминира на пазарот. Истото ги најде и кај процесорите кај интел па сега продаваат i9 x299кој кошта 1000$ а предходникот копташе 2000 $. Не гледам иднина за нвидиа ако продолжат по овие стапки.
     
    На PC_GAMER му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    639
    897
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Па не би рекол дека 5700 и 2060 се доволни. Да, за 1080п 144хз, но уклучи метро на 2060ка на 1440п и 144хз, а поновиве игри се повеќе текстури бараат. Еј па и гтх 760 беше доволна за 1080п па веќе не е. Игрите напредуваат.
    1080п 144хз = рх 5700, гтх1660 супер, ртх2060
    1440п 144хз = рх 5700хт, ртх 2070, 2070 супер.
    4к 60хз+ = р7, 2080, 2080ти.
    Резолуцијата со тек на годините останува иста 1080п 1440п 4к, но деталите и текстурите се зголемуваат од година на година. Тоа што денес е доволно за 1080п утре не е.

    Цените се високи, претерано високи. Но за да го добиеш максимумот на одредена графичка од 600 евра плус, ти треба и соодветен монитор кој и не е така ефтин. Според мене мониторите имаат полуди цени од графичките. 100 евра графичка = 100 евра монитор.
    Пример, добри 1440п 144хз монитори се движат од 500-600 евра па нагоре, па зошто тогаш графичкиот процесор што треба да ги обработи текстурите за тој монитор да биде 200 евра? Еве и да биде 2080ти 500 евра, што ќе ми е кога треба да дадам уште толку за монитор за да и го искористам потенцијалот. Ех и 200 евра да биде, нема да видам некоја разлика на мојов 1080п144хз од сегашнава картица.

    Ти имаш помалце кадарен монитор и затоа и не ја гледаш потребата од висока класа на графички.
     
    На PC_GAMER и ТАТА_МАТА им се допаѓа ова.
  17. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    834
    2,143
    12 oктомври 2014
    Машко
    Не ти го разбирам постов најискрено.
    Од една страна ја воспеваш 2060ката која ја поседуваш,од друга,уште бубрег што немаш понудено низ форумов за да купиш појака карта.
    Нелогичности еден тон...
     
    Последна промена: 3 Декември 2019
  18. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,986
    4,694
    8 Април 2011
    Машко
    Мешаш ентузијазам со практичност?А што неморално јас нудам за појака графичка? Ако кеш за тебе е бубрег тоа е друга работа. Нелогичностите се кај тебе изгледа пошто постираш нешто што везе нема со темава.И за еден ит форум делуваш навредливо со твојот пост, јас нема да ти вратам со навреди , не ме личи за член од 2011 год.
    Во право си за 144 хрз но просек од 60 фпс се и те како доволни за флуиден гејмплеј. Муабетот околу цениве ми е нереален од аспект пример dx12 ги зголеми перформансите во игрите а потег на нвидиа е пошто сега графичкиве се побрзи во однос на ланските во тоа време ајде да ги продаваме поскапо! Тоа е една од причините а има многу. Не се оправдува тоа, како што кажав најмоќната амд 7970 кошташе околу 500 еври исто и gtx 680 тоа се супер цени за нас. Е сега ако нешто како dx12, драјвер и сл ги подобри перформансите тоа е плус, има повеке да се купуваат графички и не ке мора да форсираат скапи производствени процеси и да не удираар со цени во глава.И друго што напоменав како нечогичност е разлики во цени досега невидени за ист модел на графичка но нереферентен и премиум дизајн. Имаш rtx 2080ti za 1200$ a имаш и за 1700$ некоја evga wrf sc о сл. Порано разликата од 7970 реф до 7970 матрикс беше 3 до 4к денари и исто беше и за сите хај енд модели. Можда не се согласувате сите со моето мислење но јас така гледам од аспект на купувач. Постарите членови знаат дека и по 3x6970 , pa 3x 7970 имам користено на rog плочи и најскапите мејнстрим процесори но не секој може да си приушти толкав луксуз посебно не денес каде цените скокнаа до врв.
     
  19. kirems

    kirems
    Intern

    44
    23
    28 Април 2015
    Машко
    Постои друг експлоит на пс4 , освен џеил брејк на 5.05 фирмверот?
     
  20. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,286
    2,597
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Не. 5.05 е последен firmware со HEN/exploit.
     

Сподели

Вчитување...