1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Луди цени за gpu

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од dejan_str, 9 oктомври 2019 во 04:25.

  1. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,858
    4,580
    8 Април 2011
    Машко
    Што е ова се цениве за графички карти? До пре 2 или 3 год да речеме гтх 980 оли амф 290 и сл цените ај што беа пониски тику немаше варијации на цени пример rtx 2060 има за 22к некоја кастам low profile a има и до 27к со фенси кулери и слично. Од најевтината ртх 2070 до најскапата кај нас на лагер има 7к разлика што е сулудо! Порано хај енд амд 7970 кошташе 23к за реф 23,5 к за direct cuper 2 i 25к за матрикс. Ова денес е катастрофа! Истата графичка 5 до 7к поскапа поради пофобар vrm i ladenje? Страшно особено разликите во цените на сет најевтина rtx 2060 i 2070 се ненормално големи а вршат 99% иста работа. Ако ова темпо продолжи дефинитивно amd може со стабилни цени на нереферентните 5700 и 5700x ке земат голем дел од пазарот. Вакви збунувачки цени се во сет, незнам дали и другите фирми го имаст истиот проблем. Ако вака продолжат многу од нас драстично ке намалат со копување графички од сет и др фирми и ке нсбавуваат од странство, тоа сигурно јад ке го применувам ако купувам на ново. Во сет начекав некоја 2060 супер за 30к плус што е сулудо. До кога со ова лудило ке се справуваме?
    Жи нефостига времето кога најмоќната карта беше 30-35k oдносно околи 500 евра :(
     
    На ARMac и MasteR_#0 им се допаѓа ова.
  2. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,179
    3,159
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Kaj bese stvarno za seto toa vreme ?
     
    На Peceto и bicikle им се допаѓа ова.
  3. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,724
    11,691
    23 Јануари 2008
    Манга
    Од секогаш имало разлики во цените меѓу елементарните и хај-енд моделите. За разлика од порано сега има и поскапи хај-енд графички картички во однос на некогаш, делумно поради тоа што сега се релативно помоќни од некогаш и поскапи за производство, но исто така и поради тоа што парите вредат помалку - т.е. девалвираат.
     
  4. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    987
    1,512
    13 Јануари 2014
    Машко
    Истата таа (RTX 2060 Super 8GB, ASUS Strix) во странство е околу $520 (па нагоре), што е 30к. Мислам дека грешката ти е што ја мешаш со RTX 2060 (кои ги има и од 21-22к локално), а не е истата графичка. Океј си е цената споредено со цените надвор.
     
  5. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    557
    910
    16 Јануари 2016
    Машко
    Мене ми недостига времето кога паркинг низ центар беше бесплатно, родео 35 денари и 7ца помалце од 100...:(
     
    На barneymk, BandiT mkd, Gaston и уште 17 други им се допаѓа ова.
  6. tomi

    tomi
    Guru

    9,893
    9,125
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    последниот бран на копачи кој беше лани мислам кога цената беше висока, е од тогас се отиде у неповрад.... Според мене цените се повисоки од поради затоа што "демек" фабриките за производство на GPU имале проблем со снабдување на мемориски чипови за истите и уште некои мозе други делови кој ги ставаат се поскапени поради големиот број на побарувачка, па поради тоа и цените се високи, сега пошто цената е ниска и нема ново компонирани копачи цените ги држат сеуште високи за да не искочи дека криптото ја игра главната улога колку да биде цената на GPU-ата во светот

    у принцип дојде време криптото да диктира цена на Harware пазарот, купуваш скапо коа нема, продаваш за без пари коа ке сватиш дека нема ќар од тоа што си решил да го праиш
     
    PC_GAMER, Speedster и на ТАТА_МАТА им се допаѓа ова.
  7. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    213
    157
    21 Мај 2017
    А која е причината за снемување на цел low end графички карти, освен што ги поскапеа другиве го тргнаа и low end-от.
    Не сите играме игри, а ни треба графичка што ќе ги подржува последните технологии на видео декодинг и слично со ниско тдп.
     
  8. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,179
    3,159
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Ne si se prilagodil. Igrase ti ko sto igraa drugite :) . Ja znaes onaa sto povisoki apetiti to pogolem zijan. Poentava so kriptovo e pocnuvas po poleka i so sitni sumi , pa zarabotkata ja vlozuvas pak i pak se dodeka edna den ne iskeshiras sve.
    Ti fakticki si igral ko sto diktiraa golemcite za grafiki 400e , pa pokraj tebe i uste mnogu zrtvi. Potoa stapija na scena takvite ko mene sto sjebaa cel pazar na rigovi i grafiki...
    Pardon samo jas sum bil na scenata sea gleam .
     
    На Arabian и igor_igor им се допаѓа ова.
  9. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,893
    6,511
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Една мидрејнџ графичка неможе да кошта колку една цела конзола ⚫ (точка)

    PC гејмингот стана искрено прескап, а од друга страна има и сегментација со ексклузиви на самата платформа. Ако продолжат вака ќе регресира како пред 10 години и ќе останат само офис и ентузијасти со длабок џеб.

    А таман го оправија со ефтини игри и поголема селекција, штета. Идеш у сет да земеш 2060 и си викаш, чекај бе за 22.000 денари во животот покорисни работи се зимаат. А да не збориме ако идеш со процесор, матична, рам, модерен монитор итн...

    Копачите нека си копаат, тие што крадат струја од бандера им се исплати, другите продаваат по огласи. Откако имам Xbox ретко палам веќе и стим. Имале полоша графика, помалце фрејма итн, точно ама освен за компететивни FPS игри (колку се 5-6) за другото и не е толку важно.
     
    На PC_GAMER, Astro, Speedster и уште 6 други им се допаѓа ова.
  10. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,858
    4,580
    8 Април 2011
    Машко
    Знам за 2060 с но види и обичните има до 27к начекав
     
  11. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    557
    910
    16 Јануари 2016
    Машко
    Ја откоа иам телефон ретко палам веќе и Xbox, муабетов...

    Мидрејнџ графичка од 2019 може да кошта колку една конзола од 2013. PC гејмингот од секогаш бил поскап зашто нуди поише опции/избор, PC-то само по себе има повеќе намени и се држи константно со времето за разлика од конзолите што ги рефрешираат на 5+ години можеби. Потсети ме уште еднаш како и колку се плаќа на конзола да играш онлајн? Колку коштаат игрите за конзоли? Предноста е далеку само од тоа околу фрејмови во FPS игри, како да играм дота/лол/стратегии? Со контролер? Безвезен ви е муабетов. Се е поскапено сегде, ситуацијата е дополнително таква каква што е ради криптовалутите тоа е факт. Исто не знам зашто не се нуди ништо модерно во ентри сегментот во моментов, но сигурен сум дека тоа следува наскоро.
     
  12. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,014
    4,032
    18 Септември 2013
    Машко
    Ова за цена на конзоли наспроти мидрејнџ графичка е ептен на место кажано.

    Едино кај нас шо се пиратираат игри па на PC можеш да си ги кракаш сите AAA титлови на скапата машина (можда така оправдуваат цена на гејминг компјутер некои, со тоа шо цената на игрите ја даваат у хардвер).
     
    На vlavot му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,893
    6,511
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Доталол или стратегии можеш да играш и на офис пц. Муабетот е што неможеш на него да играш metro exodus, а на конзола од 20.000 можеш.

    Колку се игрите? Иди погледни гејмпас и имај на ум дека не 10 него 2 евра месечно го плаќам (125 денари). Па после спореди дали е поскапо или не.
     
    Tomashevski.Aleksandar, Enigma, vlavot и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    557
    910
    16 Јануари 2016
    Машко
    Гејмпас кошта 10 евра месечно, ти како и колку го зимаш не знам. На крај краева 2 евра > 0 евра, колку за споредба нели... А тоа дека модерни стратегии/моби на офис пц, можеби со помалце 30 фпс со ниски сетинзи али читајќи те на темава ваљда си навикнат на ова. Мојата поента беше дека и пак се сведува на тоа дека треба да имаш бар офис пц покрај конзолата да играш вакви игри, за разлика од поседување на само PC vs конзола.
     
  15. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    557
    765
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Друже, година и пол играв Дота2 со и5 3570 од 2013та и рх 550 купена за 5000 денари во сет на 1080п ултра со 80 плус фрејмови. Ниедна е-спорт игра не ти бара мидрејнџ графика. Дури и со рајзен 2200г се игра на 60 плус ФПС.
    Цените на графичките општо забегаа до немајкаде. 200 евра беше мидрејнџ, сега е 400 евра. 1060, 960, 760, сите тие беа мидрејнџ графички кои коштаа околу 200 евра. Сега замениците им се 2060, 1660ти 2060 супер. Еј дури и 2070ка е правена на мидрејнџ die за разлика од 1070 и 1080 кои беа на повисок die design. Сега тоа се 2080 и 2080 ти. Што значи заменикот на 1060 е дури 2070. А цената?
     
    PC_GAMER, drifter и на toshex им се допаѓа ова.
  16. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,933
    2,857
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Ова шала настрана е така и јас некна забележав и не знам дали ние пц расата сме ненормални, еден ps4 pro i xbox one s, партали ги прави пц од тој ценовен ранг.
    Да ps4 pro прави апскенлинг на 2к, ама сепак 2к, ај склопи пц шо ќе тера 2к ааа игри за 20.000 денари.
    А за детали и графика, гледав споредба на јутјуб, занемарливо е, да коа беше пс3 имаше ама моментално, не се воочува разлика од хајенд 1500 еур пц споредба со 300 еур пс4 про конзола.

    Можеби ние имаме среќа пошо пиратерија користиме па играеме безпари, а да треба да купуваме, ни на сон пц. Само конзола.
    Да не трубам за ексклузивите на конзола шо ни на сон нема да ги играеме на пц.
    Исто и коа се пуштат нови ааа игри пола од времето багуваат, крашуваат со дропови на фрејмови на хајенд машини, додека на конзолите си возат глатко и мазно. Одаамна е даунтрејдот за гејминг на пц се повеќе се гејма на конзоли, а со ps5 мислам дека ептен ќе го утепа пц гејминг светот.


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anungunrama

    Anungunrama
    Intern

    29
    18
    5 Февруари 2019
    Машко
    Луди цени на gpu, тотално одговара насловов :D Уништен е пазарот со цените, мид-рејнџ е прескапо да земеш, да не збориме за највисоката класа. Мора да се направи баланс иначе заглавивме на лоу-енд или на старо :D
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  18. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    557
    910
    16 Јануари 2016
    Машко
    1060 кога искочи била 200 евра? 2070 е заменик на 1060? Не навлагам во подлабока дискусија, вртете си како ви одговара.
    Погоре влавот не ни сакам да го цитирам, крешови фрејм дропови даунтрејд (што и да значи ова) и слични небулози на PC додека во светот на конзолите 300 евра PS4 Pro, зелена трава, путер мазно па и ексклузиви како шлаг на тортата. Апскејлинг е сепак исто како фул резолуција, видов на Јутуб ;)
     
    На itstheigyg му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    557
    765
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    MSRP gtx 1060 3gb 199$
    MSRP gtx 1060 6gb 230$
    MSRP rtx 2060 359$
    MSRP gtx 1660ti 279$
    А ако малце пратиш графички ќе сфатиш дека хај енд нвидиа се паскал п104 дај, т.е 1080 1080ти и 1070. Мидрејнџ се п106 т.е 1060 3 5 и 6гб.
    На новата туринг архитектура ту104 се 2080 2080ти додека на послабото мидрејнџ дај се ту106, 2070 и 2060.
    Тоа што 2070ката требаше да биде 2060, нека не те буни. Чиста превара за да ги продаваат по повисока цена. Ама ако ти правдај ги, од нив лебот го вадиш
     
    Speedster, drifter и на Tomashevski.Aleksandar им се допаѓа ова.
  20. pecko95

    pecko95
    Gaining Experience

    89
    63
    5 Април 2018
    Машко
    Се ти е јасно чим една 1660ti е 19,500 денари....
     
    На Anungunrama и toshex им се допаѓа ова.
  21. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,266
    1,004
    2 Јануари 2012
    Машко
    Јас истиов муабет го почнав некој кога купи 2060ка кога излезе исто вака беше, како тоа било ок цена јака била графичката најдобра бенг 4 бак била моментално.
     
  22. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    879
    2,218
    12 oктомври 2014
    Машко
    Мене па ме чуди што се жалите баш сега коа има на пример 1060ка 6гб или 580ка 8гб за 7-8к денари половна и истата е доволно силна да бутка 1080п игри на 60 фрејма без никаков проблем.
    Тоа што ние сакаме да беснееме со 2060ка за истата намена,никој не ни е крив.
    Јбг,секој ќејф кошта.
    Цената на гејминг мониторите е таа што ја ебе работата според мене,картите си се ок.
     
    На StefAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  23. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,383
    1,512
    25 Март 2013
    Машко
    Порано најдобрата технологија за графички ја продаваа за 500 евра. Сега се продавa за 1300 евра (и тоа не ја рачунам Titan).

    Проблемот е што просечен корисник не истражува. Не гледа перформанси, фрејмови, колку рејтрејсингот функционира и дали навистина вреди. Одредува буџет и купува Nvidia што ќе понуди и толку, а Nvidia добро се погрижи дополнително да го збуни просечниот гејмер со блескаво рејтрејсинг демо и исклучително збунувачко именување на графичките (1060,1660, 1660ti,2060,2060 Super, 2060 Ti Super....)

    Добрата работа е што и други производители видоа што кеш лежи во графички и наредна година ќе има дури 4 играчи на пазарот за графички- Nvidia, AMD, Intel и Arm. Првите 3 потврдија дека ќе имаат рејтрејсинг.

    Колку многу плаќаме за хардвер дополнително ќе видиме кога ќе дојдат новите конзоли со 4к 120hz гејминг и најбрзото Nvme на пазарот за 500 евра.

    И како што и по други теми трубам морам и во оваа да напоменам дека од целата ситуација голем победник може да излезе Xbox. Подршка за маус и тастатура, windows 10 околина (ми мириса на пиратерија, бар во некаква форма), гејминг на 4к 120hz, се ќе оди мазно во наредни 7-8 години и со цена од 500 евра
     
    CBB_6, Tajson, Tomashevski.Aleksandar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  24. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,858
    4,580
    8 Април 2011
    Машко
    Никогаш нема да одкриеме што е то што ја е.е кокошката а не е петелот.
    Иначе вистина е дека денес графичкиве се помоќни во споредба со игрите сега и игрите пред 3 години. 2060ка е супер брза за 1080п а и за 2к но сега сакаме 144 херци па нагоре, гледаме видеа како 60 фпс е малку а пред 3 год 60 фпс веа репер за саглам гејминг и тоа е тоа, сепак големи варијации во цени за исти модели од други фирми или друг кастам пцв и сл а и општо превисоки цени за хај енд гпу . Мене искрено ми недостига времето кога амд 7970 купував за 23к денари а за 15к имаше екстра добри мид ренџ перформанс карти како амд 6850,6870, гтх 460,560 и слично.
     
    На Fredy му/ѝ се допаѓа ова.
  25. tomi

    tomi
    Guru

    9,893
    9,125
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Ех каква цифра е таа 2060 и во графичките а богами и во тјунерскиот свет на дизелаши :) баш би сакал да најдам сеа едно GTB2060vklr :)
     

Сподели

Вчитување...