1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Low budget таблет

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од prod1gy, 7 Септември 2015.

  1. prod1gy

    prod1gy
    Intern

    5
    0
    7 Септември 2015
    Машко
    ги прочитав темите за Acer и ainol таблетите. Ацерот го најдов истиот во сетек за 4500 ден а другиот неможам да го најдам и незнам колку пари е. Таблетот би го користел за факултетот (читање литература), во слободно време за сурфање на социјалните мрежи и нешто мултимедија (youtube, и некоја епизода од сериите што ги следам. Дали е добар ацерот или некој друг во тој ценовен ранк за моиве потреби? Ваш совет?
     
  2. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,598
    5,164
    20 Април 2007
    Машко
    За тоа што ти треба е добар.
    Разгледај и Lenovo, од тие ефтините имаше А 3000 мислам беше или А 3500...И тие имаат солидни екрани.
    Бидејќи за читање ке го користиш.
    Како и да е, за тие пари немаш подобар избор...
    Одлучи се за некој од овие два модела...
    Поздрав
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. prod1gy

    prod1gy
    Intern

    5
    0
    7 Септември 2015
    Машко
    Ќе разгледам и Леново што нудат. А колку беше AINOL-от?
     
  4. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,598
    5,164
    20 Април 2007
    Машко
    Искрено не се сеќавам....Многу ми поминаа низ раце. Тие што беа во тој ценовен ранг по мое лично мислење беа за класа или две полоши од Ацер-от или Леново-то.
     
  5. Piwcho

    Piwcho
    Gaining Experience

    387
    253
    13 Јули 2015
    Машко
    Кoлкaв плaнирaш дa земaш? Дaли е вoзмoжнo дa гo згoлемиш буџетoт?
     
  6. STEFF

    STEFF
    Unstoppable

    1,386
    2,161
    4 Јули 2013
    Леново а3500 користам и сум задоволен. Добар перформанс, 7-8 часа батерија зависно од користење, солиден екран.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,372
    3,086
    4 Септември 2008
    Исто види и Asus MemoPad.
     
  8. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    903
    1,550
    20 Јануари 2015
    Машко
    Ако ти дозволуваат можностите земи си некој бренд таблет(поскап) .
    Така јас пред година дена барав буџет таблет со голем екран ми беше прироритет (да гледа цртани малиот) па се одлучив за nextbook. Екранот е супер за видеа, ама процесорот е слаб, недоволно рам, често кочи се блокира, секца на најобични android игрици, дури и за сурфање не го бива.
    Па затоа мој совет, намали некој инч и дадади некоја иљадарка и земи нешто посаглам не земај кинеско ср*ње, едноставно разликата во цена не вредат нервите, независно што во моментот немаш потреба од некој посебни потреби.
     
  9. Piwcho

    Piwcho
    Gaining Experience

    387
    253
    13 Јули 2015
    Машко
    Незнaм кoгa се вaучерите зa студентите... Имa мнoгу штo ги прoдaвaaт... Вo стaрт нa 8к 20% пoпуст
     
  10. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,719
    2,015
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel, Java, JavaScript
    Пред година дена разгледував таблети и од кинеските (вклучувајки ги и Aionol) ништо не ме бендиса во ценовен ранг до 4 000 - 5 000. Паматам дека тачот не реагираше на добир онака убаво (мазно), екранот беше океј... да не должам на крај завршив со Asus Memopad од 6 000.

    Нешто поевтини а солидни беа Lenovo и Acer моделите од анхоч и сет кои коштаа околу 5 000 мкд, ама за 1 000ка разлика решив да земам нешто проверено.

    Инаку таблетот не го користам јас, го користи другарка и воопшто не се кае што додаде + 2 000ки за Memopad-от.

    Како за споредба нејзина другарка има кинез од 2 000 - 3 000 мкд и баш се погодија двете заедно со таблетите и на лчице место се виде дека разликата е ден и ноќ, од флуидност на анимации од реагирање на тач, дефомрации при гелдање под агол... Буквално во секој поглед.

    После тоа на скеој кој зима таблет му препорачувам MemoPad од 6 000 - 7 000мкд или Acer/Lenovo од 4 000 - 5 000 мкд ништо помалку и ништо повеке. Сосема доволни се за кежуал користење.
     
  11. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,372
    3,086
    4 Септември 2008
    MemoPad е 4500-5000, MemoPad HD е 6000-6500, разликата е во дисплејот.
     
  12. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,899
    2,476
    21 Јануари 2011
    Машко
    Во тој ценовен ранк нема ништо добро. Или купи си некоја друга играчка, на пример за читање kindle или собери поголем буџет, не фрлај пари за џабе.
     
    На goce03 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,704
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Аинол, Аинол, Аинол, Аино, Лаино, Лаино, Лаино, Лаино... Мое мислење. А гледам и на интернет е слично. Ама нејсе :)
     
    borcep, Oktar и на bogoevski им се допаѓа ова.
  14. Trixx

    Trixx
    Gaining Experience

    118
    128
    16 Јануари 2011
    За околу 5000 имаш Lenovo 3500 што е со HD екран и работи одлично за сите основни потреби. Или ако најдеш Memopad ама HD за таа цена исто може.
     
    На STEFF и Oktar им се допаѓа ова.
  15. prod1gy

    prod1gy
    Intern

    5
    0
    7 Септември 2015
    Машко
    ваучерите не важат за бруцоши. Инаку мене ми е само за да учам од него бидејки некои книги ми се електронска верзија и во слободно време сурфање и серии.. Моментално најмногу ми се свиѓа Acer iconia one b1-730.. Али за конечно ќе.видиме
     
  16. ljupce

    ljupce
    Gaining Experience

    117
    84
    8 ноември 2011
    Машко
    добар виц дека ке учиш на таблет ;)
     
    На borcep и goranzoran им се допаѓа ова.
  17. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,899
    2,476
    21 Јануари 2011
    Машко
    Земи испечати ги, очи ќе ти испаднат на таблет ако читаш(Освен на Kindle, кај се што се чита исто ко од книга)
     
    На ljupce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,884
    1,457
    10 Август 2010
    Машко
    Истото му го трубев на чат и јас на чет, но коментарите се залудни. Нека се изгори еднаш, следен пат ќе послуша добронамерни совети. :)
     
  19. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,704
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Проблемот со киндл и таблети од 7-8 инчи е што не ги бива за преглед на PDF документи... Ако се моби/епуб тогаш и ќе може некако, ама пдф е труба. Инаку се чита. Што подобра резолуција на таблетот, полесно е читањето. Додуша на крај и киндл си купив, ама па не читам пдфови и ми врши ептен работа...
     
  20. prod1gy

    prod1gy
    Intern

    5
    0
    7 Септември 2015
    Машко
    ќе може линк од asus memopad hd за кој конкретно мислите?

    ps заборавив да наведам дека конкретно се работи за учење анатомија кај што нема баш многу за читање.
     
    Последна промена: 8 Септември 2015
  21. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,372
    3,086
    4 Септември 2008
  22. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,704
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Точно тоа. PDF е фиксиран формат плус имаш многу слики и само десет инчен таблет те крпи. MOBI/EPUB не се фиксирани и се прилагодуваат на големината на екранот и затоа они може на 7-8 инча, па и на телефони и било каде.
    Значи - терај со 10 инчен со што поголема резолуција (за да не болат очи) и добар си. Постои и Kindle DX со голем екран, ама веќе не се произведува.
    Дај примероци од документите што сакаш да ги читаш? Ќе ги пробам на киндл пејпервајт плус на нексус 7 (2013) и ќе ти кажам. Може и да сликам/снимам да видиш како изгледа крајниот резултат.
     
    Последна промена: 8 Септември 2015
  23. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    962
    391
    17 Јуни 2008
    Го нема овој на залиха, цената е превисока... Јас земав пред 8-9 месеци понова верзија од овој, за горе-доле истите пари.
     
  24. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,372
    3,086
    4 Септември 2008
    Ти си го земал овој со Интел процесор и е доста поевтин, ама според спецификациите тој другиот има IPS дисплеј со повисока резолуција, а овој TN со пониска.
    http://setec.mk/index.php?route=product/product&keyword=memo p&product_id=40384

    Тоа е некоја залиха останато изгледа веќе не го носат, го има во АМЦ за 6400 денари ама само во дуќанот во Охрид.
    http://amc.com.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=39664&i=15&l=MK&q=memo pad&SupplierArticleID=&Action=
     

Сподели

Вчитување...