• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Лошо искуство со Техномаркет

  • Ја почнал/а темата
  • #1

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,349
1,447
Имено во моментот не сум во МК и како и се поквари стариот телевизор на мајка ми која живее во еден од поголемите градови вон Скопје во урбана средина можеби околу 1 км оддалечена од продавницата на Техномаркет.

Разгледав онлајн што има продавници и од доста места каде можеше да се нарача онлајн и да достават до дома, пример Нептун, Галерија, Елипсо ... Нарачав од Техномаркет, иако имаа најштури опции за плаќање, само со картичка (немаше cash on delivery, фактура ...) и најлоша достава само до порта (Нептун ми носеле до дома, некогаш и без доплата ми монтирале), но клучна беше премисата дека нели Техномаркет и Анхоч се најдобри ИТ фирми во Македонија.

Како и да е после некој ден и свртеле од Техномаркет продавница на мајка ми да дојде да си го земе телевизорот. Мајка ми на 75 години, со сите хендикепи кои ги носи таа возраст и се разбира која нема автомобил да си го земе продуктот со вклучена достава од дуќан (?). Замолила жената комшии и и го донеле телевизорот.

Да знаев дека е така, ќе замолев некој од другарите да и го донесе, сум оставил толку зад себе, можеби некој од нив и ќе и дадеше постар телевизор да користи. Но не беше тоа поентата. Поентата беше да се плати и достави телевизор, како што пишуваше при купувањето. Не џабе мајсторите велат пари однапред не се алал.

Другпат од Нептун, Сетек, они барем имаат комбиња што гледам циркулираат во сообраќајот.
 

TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
2,699
4,577
TylerMkD's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 3700X
Motherboard
MSI B450 Tomahawk Max
Storage
Samsung 970 Pro NVMe 500GB + Samsung 850 Evo 120GB + EVO 860 250GB
PSU
Cooler Master Silent Pro M2 620W
RAM
Kingston HyperX Fury Black 2 x 16GB
Video card
Asus ROG Strix RTX 3080 O10G
Case
NZXT H500
Mouse
Razer Deathadder
Keyboard
Steelseries Apex M750
Audio
Sony WCH-700
Monitor
Dell U2414H
OS
Win 10 Pro
Не разбирам зашто немало достава? На сајт им стои дека е вклучена доставата, која е причината за ова?
 

Pane24

Unbeatable
31 октомври 2012
5,124
4,525
Ethermine
www.facebook.com
На мене секогаш ми доставувале до пред влезна врата од куќа. Али некако у последно време многу се вообразија со препакувани уреди во фолија иако тоа уште при самата нарачка беше наведено дека си сакам неотпакуван уред а не во фолија завиткан .
Зборам за бела техника..
IMG_20210727_100112.jpg
На фрижидер од 25.000 денари залепена со секундарно лепенкава. 2 недели никако да ја одлепам....
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,349
1,447
Немам врска во последно време се повеќе имам негативно искуство со „мајката и ќерката фирма“, а со други фирми пример Сетек за разлика од други што пишуваат тука сум немал лошо искуство (не е реклама, жива вистина). Исто со Нептун одлично искуство, еднаш бев запнал да земам рерна истиот ден (поради монтажата која беше во тек), ме пратија во склад на Качанички пат и со испратница ми дадоа на рака.

Ко што пиша Пане, претходно контактирав со нив, ми рекоа во градот има само 1 телевизор, кој веројатно е изложен, на сајтот во коментар допишав „молам нов и неотпакуван“. Можно е и тој изложениот да го дале, „easy money“, врати го во кутија и сврти телефон на бабичката да си го земе.
 

Pane24

Unbeatable
31 октомври 2012
5,124
4,525
Ethermine
www.facebook.com
Кај мене не е негативно искуство со техномаркет. Уредите се ок работат , немаат оштетувања ниту други неисправности. Само муабетов ми беше дека не се замараат ич да те третираат како муштерија и да го почитуваат твојот збор. Односно ич не му е гајле што си му оставил таму макар и 120.000 денари ниту пак му е важно дали ке му бидеш редовен муштерија или не.
Инаку за сервисирање на уредите да ти напоменам доколку има некој дефект и сеуште е под гаранција ке се окозеш да го најдеш сервисот официјален и самиот на твој трошок ке си го носеш до тој сервис.
Техномаркет се оградуваат од тоа и не е на нивни терет.
 

Goddzila

Intern
15 март 2018
24
23
но клучна беше премисата дека нели Техномаркет и Анхоч се најдобри ИТ фирми во Македонија.
А од каде тоа дека Техномаркет најдобра па уште и ИТ фирма? :)
Лично немам некое искуство со Техномаркет, ама никогаш не би се одлучил да купам од нив.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,349
1,447
А од каде тоа дека Техномаркет најдобра па уште и ИТ фирма? :)
Лично немам некое искуство со Техномаркет, ама никогаш не би се одлучил да купам од нив.
Помлад си, ако си средувал по дома и купувал телевизори, бела техника, воглавном се сведува на Техномаркет, Нептун и по некоја друга фирма. Може не се точно ИТ (иако имаат по нешто лагер), но генерално фирма за техника.
 

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,824
9,253
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
А од каде тоа дека Техномаркет најдобра па уште и ИТ фирма? :)
Лично немам некое искуство со Техномаркет, ама никогаш не би се одлучил да купам од нив.
техномаркет = анхоч + амаконет
 

Goddzila

Intern
15 март 2018
24
23
Помлад си, ако си средувал по дома и купувал телевизори, бела техника, воглавном се сведува на Техномаркет, Нептун и по некоја друга фирма. Може не се точно ИТ (иако имаат по нешто лагер), но генерално фирма за техника.
Релативно со младоста :) 90% од техниката што ја имам дома за жал или не, ми е купена од Нептун. Проверена фирма се, плаќања на рати без проблем, достава и монтажа и во случај на замена на производ не сум имал никакви проблеми.
 

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,824
9,253
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
можеби, во однос на дел од палетата на производи, но не и персонал.
Аха пошто во анхоч не се десило некомпетентност.

Иста фирма се. Луѓето вработени во техномаркет не се по дифолт класа подоле од оние во анхоч. Се работи за лош менаџмент.

Имав и јас пост со слична ситуација и веб нарачка од анхоч која вработениот не сакаше да ја достави до врата пошто ќе му го украделе точакот (!?) иако предходно беше напоменато и договорено нарачката да се достави до врата.
 

Banjifiko

Unbeatable
28 октомври 2008
3,306
4,580
Skopje
Banjifiko's setup  
Processor & Cooler
i7-4790/TT Contac 29
Motherboard
Gigabyte GA-Z97M-DS3H
Storage
SSD Samsung 840 Evo 120 GB + Toshiba DT01ACA300
PSU
CM 700 W Silent Pro
RAM
Kingston HyperX DDR3 1600MHz 24GB
Video card
Asus Strix GTX970
Case
TT Commander Blue LED
Mouse
A4 Bloody V7
Keyboard
Modecom MC-800W Volcano
Audio
Samson SR850 & JVC HAM55X
Monitor
Dell U2414h
OS
Windows 8.1
Нептун и Техномаркет имаат ист принцип на достава. Без пари до врата, 300 денари до дома, за инсталација зависи од уредот. Купувам бела техника и од двете места, и секогаш било така.
А во Сетек, да не е Асус не би ни влегол.
Инаку, сите три фирми имаат ист принцип на лажни попусти, што едно време ми сметаше, дури сум доаѓал во ситуација на вработени да им покажувам скриншотови дека производот бил поевтин пред Black Friday, но сватив дека тие не живеат од 1% како мене што следат пазар, испитуваат цени, читаат ривјуа и слично.

Не сакам да звучам малициозно, но имам впечаток дека 90% вакви глупоштини се случуваат надвор од Скопје...
 

Вајкинг

Practice makes perfect
9 јуни 2015
1,080
1,353
Скопје
Аха пошто во анхоч не се десило некомпетентност.

Иста фирма се. Луѓето вработени во техномаркет не се по дифолт класа подоле од оние во анхоч. Се работи за лош менаџмент.

Имав и јас пост со слична ситуација и веб нарачка од анхоч која вработениот не сакаше да ја достави до врата пошто ќе му го украделе точакот (!?) иако предходно беше напоменато и договорено нарачката да се достави до врата.
Не се иста фирма. Различен менаџмент, различен персонал. Вработен во салон во Анхоч (пример во ГТЦ) може да го видиш понекогаш во Ми-Да, Капитол, Веро итн итн, но НЕ и во Техномаркет. Истото важи и за вработените во Техномаркет. Критериумите за вработување во Техномаркет се различни (пониски) во однос на оние во Анхоч.
 

Mechanic

Gaining Experience
2 мај 2016
202
91
Мене ми се имаат испонашано и во Нептун и во Техномаркет за доставата. Е сега доброто е што никогаш не купувам на рати, и истиот продукт го најдов во помала продавница (локална), дури и поефтино + ми го донесоа и инсталираа во цената.

Од Нептун на мајка ми и бараа уште плус 600 денари за да го внесат фрижидерот (143х55х58 големина) од: портата до првиот кат во куќа, се на се 15 метри по рамно и 12 скали, јбг им платила жената (за оваа услуга нема фискална, кеш на рака за дистрибутерот).

Од Техномаркет пак за машина за перење, ни рекоа ќе ви ја искипираме пред порта и барајте си чаре (ни за пари не сакаа да ја внесат до дома), и наместо јас да се замарам да барам луѓе и да должам услуги си ја купив од друга локална продавница (со се внес до бањата ми излезе 800 денари поефтино).

Освен: ТВ, ИТ опрема и ептен ако нешто го има само кај поголемиве, инаку се купувам од помали продавнички кои имаат далеку подобра услуга кога станува збор за достава.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,349
1,447
Зошто кога и се јавиле на мајка ти по телефон и и кажале да си го земе, не почнала да писка?
„Ама како да си го земам, со достава е платено, не можам јас да доаѓам“?
Повозрасна жена, кротка по карактер, направила како што и кажале
 

TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
2,699
4,577
TylerMkD's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 3700X
Motherboard
MSI B450 Tomahawk Max
Storage
Samsung 970 Pro NVMe 500GB + Samsung 850 Evo 120GB + EVO 860 250GB
PSU
Cooler Master Silent Pro M2 620W
RAM
Kingston HyperX Fury Black 2 x 16GB
Video card
Asus ROG Strix RTX 3080 O10G
Case
NZXT H500
Mouse
Razer Deathadder
Keyboard
Steelseries Apex M750
Audio
Sony WCH-700
Monitor
Dell U2414H
OS
Win 10 Pro
Мене ми се имаат испонашано и во Нептун и во Техномаркет за доставата. Е сега доброто е што никогаш не купувам на рати, и истиот продукт го најдов во помала продавница (локална), дури и поефтино + ми го донесоа и инсталираа во цената.

Од Нептун на мајка ми и бараа уште плус 600 денари за да го внесат фрижидерот (143х55х58 големина) од: портата до првиот кат во куќа, се на се 15 метри по рамно и 12 скали, јбг им платила жената (за оваа услуга нема фискална, кеш на рака за дистрибутерот).

Од Техномаркет пак за машина за перење, ни рекоа ќе ви ја искипираме пред порта и барајте си чаре (ни за пари не сакаа да ја внесат до дома), и наместо јас да се замарам да барам луѓе и да должам услуги си ја купив од друга локална продавница (со се внес до бањата ми излезе 800 денари поефтино).

Освен: ТВ, ИТ опрема и ептен ако нешто го има само кај поголемиве, инаку се купувам од помали продавнички кои имаат далеку подобра услуга кога станува збор за достава.
Ова со достава на спрат е сосема ок. Замисли ситуација каде имаш спрат, па да се внесе внатре, па да се монтира итн итн. Кај Нептун си е транспарентно, можеш да платиш „Премиум“ достава со монтажа и решен е проблемот.
Барем ти е јасно однапред дека доставата е „до локација“, а до „домашна врата“ или „монтирано“ се доплаќа. Ако сакаш ок, ако не терај на друго место.
 

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,824
9,253
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Не се иста фирма. Различен менаџмент, различен персонал. Вработен во салон во Анхоч (пример во ГТЦ) може да го видиш понекогаш во Ми-Да, Капитол, Веро итн итн, но НЕ и во Техномаркет. Истото важи и за вработените во Техномаркет. Критериумите за вработување во Техномаркет се различни (пониски) во однос на оние во Анхоч.
Не збориме за вработени во салони, збориме за логистика. На анхоч логистиката е подеднакво лоша како и на техномаркет.

Сум имал случаи кога терале вработен од салон после работа (16:30 часот) да „помине“ од кај мене на паркинг да ми ја предаде нарачката. Да не плаќа паркинг не оди до зграда.

Сум имал случаи кога комбе доаѓало и сум морал на улица да го чекам за да не се бута по паркинзи.

Сум имал случаи кога праќале по карго и дечко (тој со точакот) вози хард диск во ранец.

НИКАДЕ на страната на анхоч сеуште не стои до каде се врши испораката.

Техномаркет се подеднакво лоши. Случајов на @bxxxn перфектен пример. Во Ѓ. Петров талентите го симнаа фрижидерот од камион, го оставија на косо пола на тротоар пола на улица, не сакаат ни да почекаат 5 мин. дедото да викне луѓе да му помогнат.

На рака плаќање неможе. Во право е @TylerMkD , нептун си плаќаш премиум, ти носат до дома, монтираат и ако сакаш стариот уред го носат со нив. Или ако сакаш го оставаат да го продадеш на старо купујем.
 

hipo

Practice makes perfect
27 јануари 2011
1,718
1,543
sistrum.mk
Било која бела техника ке се качи и на 22 спрат со другар ( голем фрижидер може да биде проблем ).
Ако сте купиле гарнитура за дневна или спална соба, ви ја оставаат надвор на улица и си заминуваат. Ни пари ни мито и корупција не помага. Сам ке се снаоѓаш, дали врне или сонце грее, твој проблем.

Позитивно искуство со локани препродавачи и јас сум имал. И достава до кај што треба, монтажа, презентација и нормално ракија, пиво, салата и бакшиш.
 

Mechanic

Gaining Experience
2 мај 2016
202
91
Ова со достава на спрат е сосема ок. Замисли ситуација каде имаш спрат, па да се внесе внатре, па да се монтира итн итн. Кај Нептун си е транспарентно, можеш да платиш „Премиум“ достава со монтажа и решен е проблемот.
Барем ти е јасно однапред дека доставата е „до локација“, а до „домашна врата“ или „монтирано“ се доплаќа. Ако сакаш ок, ако не терај на друго место.
Од кога почнале со „премиум достава“?
Мојава ситуација беше пред околу 3.5 години и никој во салонот не спомна дека има опција за „премиум достава“.

Знам дека имаат доплата на уреди со која во случај на дефект веднаш да ти менуваат нов и не го чекаш твојот уред од поправка (за греалка во бања доплатив некоја стотка плус зимава).
 

Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,366
1,495
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Премиум достава од Нептун има најмалку 4 години. Вклучува достава до дома и инсталација. Ја искористив неколку пати услугата се пројде во најдобар ред. Се исплатеше. Тоа беше главната причина зошто купував ствари од Нептун. Со другиве чекај до ваму ќе оставиме до таму, непријатни сцени и тн. Така и за кревет кога барав исклучиво со достава до дома и монтажа. Пријателите ги чувам за пиво, јадење, и зезање, не ги тестирам така. Не сум суров :)
 
Последна промена:

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,335
1,288
Скопје
Од кога почнале со „премиум достава“?
Мојава ситуација беше пред околу 3.5 години и никој во салонот не спомна дека има опција за „премиум достава“.

Знам дека имаат доплата на уреди со која во случај на дефект веднаш да ти менуваат нов и не го чекаш твојот уред од поправка (за греалка во бања доплатив некоја стотка плус зимава).
одамна е ова .. три нивоа имало секад, до врата, до дома внесување, и монтажа и паковање и сл да си расчистат сами.
порано со happy картица следуваа ако трошиш нели, над одредена сума пример добиваш гратис наредно ниво на испорака и сл.
 

Mechanic

Gaining Experience
2 мај 2016
202
91
одамна е ова .. три нивоа имало секад, до врата, до дома внесување, и монтажа и паковање и сл да си расчистат сами.
порано со happy картица следуваа ако трошиш нели, над одредена сума пример добиваш гратис наредно ниво на испорака и сл.
Треба вработените во салон да го напоменуваат ова.
Ми се допаѓа таков концепт, реално поминаа времињата кога ќе се јавиш по луѓе да ти помогнат за внесување, скоро сите се зафатени + монтерите/мајсторите се поретки од благородни метали :D
 

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,824
9,253
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Треба вработените во салон да го напоменуваат ова.
Ми се допаѓа таков концепт, реално поминаа времињата кога ќе се јавиш по луѓе да ти помогнат за внесување, скоро сите се зафатени + монтерите/мајсторите се поретки од благородни метали :D
Преклани зимав беко машина за перење од нептун, си платив достава+монтажа. Твоја задача е местото каде што ќе се монтира (на пр. машина за алишта) да биде исчистено и суво.

Дечките си монтираа, пробаа и ме прашаа дали сакам да ја однесат старата машина или ќе ја продавам во старо железо. И јас им реков да носат.

Се чисто, платено, фактурирано со фискална.
 

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,335
1,288
Скопје
Треба вработените во салон да го напоменуваат ова.
Ми се допаѓа таков концепт, реално поминаа времињата кога ќе се јавиш по луѓе да ти помогнат за внесување, скоро сите се зафатени + монтерите/мајсторите се поретки од благородни метали :D
да на каса не се баш секад у тек со ствари, пример кога имав комфорт добиено со членство, ако ја не им го потенцирав тоа они си го преќутуваа (или едноставно не го проверуваа у систем кога ја куцаа картицата).
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,062
Мислења
861,290
Членови
29,919
Најнов член
ile009
На врв Дно