Искрено не сум сеуште сигурен дали овде е местото за оваа тема, но не најдов соодветно па тука ја ставам, се надевам ќе паднат некои интересни размислувања.
Сакам да зборуваме за тоа колку и дали е во ред, целиот софтвер, оперативни системи, услужни програми и интернет прелистувачи да бидат локализирани. т.е. да ги работиме САМО на македонски јазик??
Да не се сфатиме погрешно уште на почеток, јас го почитувам македонскиот јазик, колку што е можно (а де не се збунат другите) користам македонски поими во многу ИТ области, но сепак сметам дека посебно младите корисници во никој случај не смеат да се потпрат само на македонските верзии. Ова го зборувам доколку ги има, свесен сум колку ги има и колку се локализирани. И на мене ми е мило кога ќе видам Датотека, Уреди, Измени и слични полиња во добропознат интерфејс кој досега сум го гледал на англиски но веднаш се соочувам со еден проблем и една дилема. Проблемот е што досега сум имал искуство со многу преведени софтвери и ретко кој поим е потполно идентичен кај сите. Ако некаде е Уреди, некаде е Измени, на трето место може да е Промена и сл, што само по себе ќе ги збуни оние кои прв пат седнуваат да ги работат. За разлика од стандардното Edit, File и сл на кои сме навикнати и кои се прифатени насекаде. Свесен сум дека треба време да се стандардизираат поимите, но сега за сега работата е таква како што е. Дилемата ми е дали на дете од 6-7 години кое прв пат седнува на компјутер веднаш да му се даде да работи на македонски Windows,. Искрено во наше време немаше скоро ништо на македонски па можеби затоа сметам дека од компјутериве научив англиски. Не е само тоа, ајде ќе рече човек и англиски се учи од прво одделение. Сепак ако некој научи да работи САМО на македонски, а глобализацијата е факт, тогаш мислам дека таа индивидуа ќе има проблем да работи во различна околина, надвор од дома. Заради тоа сметам дека треба да си го почитуваме јазикот, да се трудиме се да преведеме на македонски, но секогаш да има избор, т.е. паралелно да се учи и стандардната верзија. Тоа не мора да е случај кога се работи за постари луѓе или административци кои по сила на приликите се принудени на крај од својот работен век да учат англиски, компјутери или ќе ги отпуштат. За нив е идеална македонската верзија и мислам дека тие нема зошто да учат повеќе, кога реално нема да имаат корист од тоа. Зборот ми беше за дечкиве кои првпат се запознаваат со компјутерите.
Повелете луѓе, сакам мислења.