• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Лого. Што е тоа? Како до перфектно лого?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Gdsgn

Intern
23 септември 2007
97
21
Логото е како темелите на еден објект, доколку не се направи како што треба се' може да отиде во вода т.е. во неповрат. На темава ќе се дискутира за најразлични принципи и правила за да се добие перфектно лого.

Почетокот
Дефинитивно најтешката работа т.е. brainstormingот кога се креира лого. Пред се доколку се прави лого за странка најдобро е да се соберат што повеќе информации за самиот купец на логото. Со што се занимава па малце гуглање доколку има нешто слично на тоа што го работи, разгледување на производите кои планира да ги пушта во промет. Одкако ќе се разгледа се што треба време е да се фати моливот и листот затоа што од општа скица подобра работа нема, стара школа е башка.

Цртање
Значи се почнува како што кажав погоре со лист и молив т.е. со скицирање и планирање воедно на логото како ќе изгледа што ќе има во него. Нормално немора да се застане на само едно затоа што едно е ко ниедно. Во графиката има едно правило „НИКОГАШ НЕ Е ДОСТА„ така да колку повеќе идеи толку подобро.

Дигитализирање
Одкако ќе се направат скиците истите треба да се почне да се дигитализираат. Најважно од се логото се прави црно на бело и бело на црно, без никакви сенки градиенти бевели ембоуси и курчеви карики. Значи на почетокот е најдобро црно на бели или бело на црно, ако така изгледа одлично понатаму е веќе лесно.

ТИПОВИ НА ЛОГО
Логото во глобала се дели на два типа ИЛУСТРИРАНО и ТИПОГРАФСКО а исто така може и да биде комбинирано

Илустрирано
Кај илустрираното лого нормално нема текст туку некој симбол преку кој се изразува продуктот за кој се прави логото. Не постојат граници во тоа што ќе се користи, најважно е како што кажав погоре да е едноставно и лесно запамтливо за другите кои ќе го гледаат пример NIKE


Типографско
Како и самиот термин ни кажува дека ова лого е составено само до типографски елементи т.е. букви и бројки т.е. ФОНТ.
Фонт кој најмногу се користи за логоа е Helvetica кој е едноставно незаменлив. Може да се игра со типографските логоа т.е. да се земат како урнек одредени букви кои планираме да ги користиме и притоа да ги достилизираме пример IBM


Комбинирано
Сепак доколку илустрацијата или типографијата не објаснуваат најдобро што често се случува во последно време подобро е да се искомбинираат овие два типа како најдобар пример е логото на Adidas


доволно беше за вечерва мислам
 

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
Фино објаснување ! Значи ова се основните чекори за добивање на лого .
 

StarBuck

Intern
16 февруари 2008
1,295
48
Берлин
StarBuck's setup  
Processor & Cooler
Quad-Core Intel Xeon E5 3,7
Storage
256 GB SSD
RAM
12 GB DDR3-RAM
Video card
Dual AMD FirePro D300 GDDR5 4GB
Monitor
IPS
OS
Yosemite
Nice... Чекаме втор дел :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

Gdsgn

Intern
23 септември 2007
97
21
Вториот дел ќе биде вечер, сега сум на факс после на работа па да одморам малце.
Иначе вечер ќе пишам една поголема статиичка околу боите кои треба да се користат.


Ако сум жив и здрав нормално:)
 

Пеон

Intern
13 март 2008
75
1
Ако можеш повеќе да објасниш во која програма е најдобро да се изработи лого и зошто. Затоа што има разлика ако го правишво Corel Draw и во PS. Повеќето клиенти го бараат логото изработено во Corel Draw. Каква врска има тоа ?
So far so good...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

Gdsgn

Intern
23 септември 2007
97
21
Ако можеш повеќе да објасниш во која програма е најдобро да се изработи лого и зошто. Затоа што има разлика ако го правишво Corel Draw и во PS. Повеќето клиенти го бараат логото изработено во Corel Draw. Каква врска има тоа ?
So far so good...
Како прво да се извинам за тоа што го немав пишано вториот дел едноставно премногу работа ми се насобра и немав време само погледнував малце од малце што како се случува на форумов:)
Вечерва ми е полабава дека демек празник па ај да пишам збор два три :)


Пеон друже избирањето програма си е лично за себе, разликата е само во екстензијата која ја имаат корел фајловите (*.cdr) и илустратор фајловите (*.ai) а иначе таа клиентела со која се среќавам научила два три збора повеќе и се диви ко млад мајмун на дрво....ми се има случувано кога ми барале лого и сум го правел и кога сум им го носел така испечатено да го видат значи само preview издание ми имаат речено „А кај ти е корел фајлот да ни го дадеш?„ а јас им имам одговарано со прашање „А парите кај се за логото?„ нормално се насмевнував само онака ради реда иначе стварно го мислев тоа.

Лого се знае дека треба да е правено во vector-based software за да не пати при зголемување/намалување како класичниот пиксел.
Vector based програми имаш вака Xara Xtreme Illustration Software, Adobe Illustrator, Corel Draw, AutoCAD.....и други ама овие се најпознатите
Јас лично го користам Adobe Illustrator CS3 го имам целиот Design Premium пакет и сум задоволен...Не е битно кој софтвер го користиш и Adobeто и Corelот имаат опција save as... или export и одбираш екстензија:)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

Gdsgn

Intern
23 септември 2007
97
21
Корисни информации за креирање на лого.
Research
Секогаш кога би се правело едно лого треба пред се да се размисли околу дејноста на клиентелата што го има барањето. Уствари да се седне и еден добар дел од времето дадено за правење на логото да се искористи во пребарување(црпење) информации околу областа со која се занимава, информации за името т.е. буквално се’ што може да се употреби(имплементира).

Урнек
Добро е да се видат слични примери на квалитетно изведени логоа по интернет просторов. НЕ ДА СЕ УКРАДАТ И МОДИФИЦИРААТ туку едноставно да се добие инспирација за ново лого. Искрено моја инспирација се неколку добри дизајнери кои ги има на deviantart.

Презентација
Ако логото не го презентирате добро пред клиентот, логото можеби и нема да успее т.е. повеќе од сигурно на клиентот ќе му изгледа „онака„. Најдобро е да ги чувате сите можни скици што сте ги направиле, гридот како ви бил поставен, како течела обработката и модификацијата на логото до финалното, слика некоја што ве инспирирала и ред други работи. Приказната за настанокот на логото е ептен добра работа т.е. да го спомнете и истражувањето и слични работи....
 

^Predator

Intern
12 март 2008
293
18
Најбитно карактеристика за едно лого е да биде векторски цртано. Колку и да е убаво, ако начинот на изработка не е векторски, се си правел за џабе. Секако овде станува збор за лого со повеќе примени(фирмата сака да го стави на пенкало, но и на мајци, билборд...).
 
  • Ја почнал/а темата
  • #19

Gdsgn

Intern
23 септември 2007
97
21
Најбитно карактеристика за едно лого е да биде векторски цртано. Колку и да е убаво, ако начинот на изработка не е векторски, се си правел за џабе. Секако овде станува збор за лого со повеќе примени(фирмата сака да го стави на пенкало, но и на мајци, билборд...).
Тоа е веќе корпоративен идентитет. Е тука лежат парите:)
Освен логото како лого да се нафатиш и да направиш целосен корпоративен идентите на една компанија, ќе фуче:))
Летерхеди, картици, коверти, шољи за кафе, буквално се што може да се направи или уште поубаво доколку ви кажат што да направите ќе биде топ.
Еве едно што го правев одамна и е веќе пуштено да се шири:)
Лого+корпоративен(презентација) кое е припремано за моето портфолио:)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,580
Мислења
823,892
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно