1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија Logitech - G27 Racing Wheel

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од Fatal1ty_, 2 Април 2013.

  1. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,911
    26,282
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Logitech е на тронот кога е во прашање гејминот. Со G серијата уште од далечната 2006 години докажа дека може да направи опрема за играње со висок квалитет и одлични перформанси. Неколку години подоцна Logitech ја престави и освежената верзија на G25, а тоа е G27. Ова е воланче кое речиси да нема ниту еден недостаток. Најголемиот подарок на Logitech кога е во прашање тркачки симулации е токму Logitech G27 Racing Wheel. Ова е волан кој ветува многу и обезбедува добар квалитет, низа на нови карактеристики со екстремно издржливи метални компоненти и естетски делови обложени со кожа. Добивме шанса да го имаме на темелно тест возење и нашите импресии и оценки за него да ги споделиме со вас.

    [​IMG]

    Спецификации

    • Модел Logitech G27
    • Комбаталбиност Windows vista/7, PS2, PS3
    • Вибрации Да! Dual-motor force feedback
    • Брзини 6+1
    • Дополнителни копчиња 16+ D-pad
    • Ротирање на волан 900°
    • Домензии(на кутија) 45.5 x 34.3 x 31.5 cm
    • Тежина (во кутија) 8 Kg
    • Гаранција: 1 година
    • Цена 23590ден
    Пакување

    G27 се испорачува во картонска кутија на која преовладува зелената боја препознатлива за Logitech. Централно на предната страна има голема слика од воланот.

    [​IMG]

    Во долниот десен агол на предната страна се сместени главните карактеристики, а лево е ознаката G27.

    [​IMG]

    На двете бочни страни е сместена слика на која визуелно се прикажува како се прицврстува на биро.

    [​IMG]

    Во внатрешноста, освен трите главни делови нема ништо специјално: полнач, упатство за користење и CD со пропратен софтвер за рачно програмирање на копчињата.

    [​IMG]

    Дизајн

    Квалитетот на изработката и физичкиот изглед немаат апсолутно никаква мана, од избор на материјали до конечна изведба. Воланот е изработен од црна пластика која е дизајнирана во облик на автомобилска хауба. Предниот дел е со мрежичка која исто така наликува на маска од автомобил.

    [​IMG]

    Воланот е изработен од брусен алуминиум обложен со кожа, екстремно издржлив на удари. Кожата има текстура отпорна на пролизгување. Наликува на вистински волан.

    [​IMG]

    На металните краци кои го држат воланот има 6 копчиња кои дополнително се програмираат, како и две дополнителни рачки исто така изработени од метал.

    [​IMG]

    Во централниот дел се наоѓа логото на Logitech, а над него се наоѓа индикаторот од 10 LED во две бои кој покажуват максималeн број на вртежи. Овој детал потсетува како кај F1 автомобилите и е одличен детал на G27 воланот.

    [​IMG]

    На долната страна се наоѓаат конекторите за педалите и менувачот, напонскиот кабел како и USB кабелот за воланот преку кој се врши комуникацијата со компјутерот. Каблите се доволно големи и нема да имате проблем при поврзувањето.

    [​IMG]

    Менувачот е исто така изработен од црна пластика со сиви детали и кожа околу и на рачката за менувачот.
    [​IMG]

    Централно се поставени 8 програмабилни копчиња и џоистик, на кои, со помош на пропратниот софтвер, можете да си креирате различни профили за различни игри и на истите да им дадете различни команди, во зависност од играта.

    [​IMG]

    Рачката за менувачот е доста нежна, а можеби и преслаба за страсни возачи како мене. Лесно се управува со него и целосно тивок. Има 6 брзини + „рикверц“. На рака воопшто не делува како играчка, туку како вистинска менувач на скап автомобил.

    [​IMG]

    Дирекната комуникација со компјутерот се врши преку женски VGA приклучок кој се поврзува со воланот.

    [​IMG]

    Педалите се изработени од груба пластика со метални спортски педали кои имаат иноватен систем за притискање.

    [​IMG]

    Педалите се од брусен алуминиум со многу голема прецизнос и сличност до оригиналите. Висината на педалата за кочница и кумплунгот е повисока, што го прави користењето на педалите уште поудобно.

    [​IMG]

    Поврзувањето на педалите со воланот се врши преку машки VGA конектор. Направено е така за полесно инсталирање.

    [​IMG]

    Функционалност

    Освен што G27 не освои со неговиот екстра квалитет и изглед, не освои и со функционалноста. Во оваа играчка Logitech има вградено неколку иновативни моменти кои ја оправдуваат цената.

    Првата е Force feedback. Тоа значи дека G27 има два мотори за повратна сила, чии запчаници се изработени во спирален систем кој овозможува поголема ефиксност и помала бучава при голема брзина на вртење на моторите. Тоа резултира со помали повратни вибрации кои возењето го прават по приjатно. Eве за пример две видеа од кои може да се види разликата од обичен и спирален gear систем.

    Обичен

    View: http://www.youtube.com/watch?v=H1cfbv7iqsY

    Спирален

    View: http://www.youtube.com/watch?v=bvj7Q9Oj-B4


    G27 има дополнителни дипчиза за приспособување на позицијата на педалите за подобра ергономија. Сите G27 доаѓаат со ремени педали, кои се поставени во централната дупка. Ова е многу корисна карактеристика, бидејќи сите нозе се индивидуални и имаат различни големини.

    [​IMG]

    Притискањето на педалите се врши со помош на амортизери кои се со различен притисок за сите три педали и со различна длабочина.

    [​IMG]

    Како дополнително напојување потребно за двата мотори на воланот се користи адаптерот кој доаѓа со пакувањето.

    [​IMG]


    Тест возење

    [​IMG]

    Тест возењето е еден од најважните моменти за да заклучиме дали и колку некој производ вреди. Па така и овој волан го извозивме и споделивме импресии. Игра на која се тестираше беше WRC3, ја избравме токму оваа игра поради тоа што е доста реална и е она што ни треба за да донесеме заклучок.

    Сетинзите на играта беа наместени на масимум, а контролите на воланот прилагодувани мануелно. Конфигурирањето на копчињата на воланот се врши со помош на софтверот Logitech Profiler, преку кој се креира профил, за секоја игра одделно и истиот се зачувува. Местењето на командите одзема доста време доколку прв пат се сретнето со програмчето кое доста сложено. G27 доаѓа со софтвер верзија 5.05 и Cd со rFactor, компатибилен со PC, PS2 и PS3.

    [​IMG]

    Откако сe подготвивме и наместивме за возење, изигравми 2 часа под голема оптеретеност. Првите импресии се дека G27 е прецизен, тивок и одлично си ја извршува својата задача, но понапредните играчи на тркачки симулации ќе најдат неколку мани. Тоа се следниве:

    1. Премногу се меки повратните информации (вибрации) кога тркалата на автомобилот ќе се најде надвор од асфалтирана површина. Без разлика на колку нерамен пат се наоѓа, вибрациите минимално варираат што не ги доловува целосно условите на патот.
    2. Исто така, индикаторот за максимален број на вртежи не ги поддржува сите игри, што во нашиот случај на WRC3 не работеше.
    3. Многуте копчиња на самиот волан одземаат внимание при користење. Многу често доколку при трка сакате нешто да промените а притоа не погледнете кое копче го притискате може да притиснете погрешно копче.
    Позитивно искуство во секој случај, малиот број на недостатоци се потиснати од огромниот број на предности што ги има воланот. Eве еден краток gameplay:


    View: http://www.youtube.com/watch?v=JCop3GJM-og


    Заклучок

    Иако ова не е сосема нов производ, туку само освежена верзија на G25 воланот, Logitech успешно ги задоволуваат потребите на нивните корисници. Педалите се фантастични, воланот уметничко дело, а менувачот комбинација од двете. Инжинерите на Logitech внимателно ги следеле сите недостатоци на претходната верзија и се поправени во поновата G27 верзија. Треба да се горди на својот успех што го имаат на пазарот, а ние можеме само да им бидеме благодарни што ни овозможуваат целосно да уживаме во тркачките симулации и да се соживееме со нив.

    Позитивно

    • Современ-кул дизајн.
    • Двоен мотор со спирални запчаници кои овозможуваат подобра повратна сила.
    • Одлична трансмисија.
    • Добра ергономија на педалите.
    • Софтвер кој овозможува програмирање на копчињата на воланот во зависоност од игрите.
    Негативно

    • Не поддржува Xbox 360 што е разочарување.
    • Комплициран софтвер (за почетници).
    • Рачката на менувачот е нежна за страствените возачи.
    [​IMG]

    Благодарност до NIko компјутери кои ни го отстапија воланот на тест
     
    На tomi, prichina, skullmonkey и уште 27 други им се допаѓа ова.
  2. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,716
    30 Мај 2010
    Општо познато е дека сите Logitech волани се екстра, за разлика од останатата конкуренција.

    Јас го имам Logitech Momo Racing Wheel и сум презадоволен.
    Со исто толку добар квалитет е изработен, но нема мануелен менувач и кумплунг.
    Затоа пак и цената е далеку пониска.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,911
    26,282
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Сум имам прилика да го извозам и момото, и вожњата е ептен по реална со g27...што го кажува и самата цена нели?
     
  4. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,762
    4,277
    20 Февруари 2011
    Машко
    Super volance super review.


    Pa bogami sto se odnesuva do cenata so ovie pari ke si zemam kola ke si vozam na zivo xD
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,716
    30 Мај 2010
    Сепак оваа играчка е overpriced и би ја купил само ако имам 2 автомобила, вила на водно и стан во центар :)
     
    nvidia88, Fatal1ty_ и на DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  6. jumayli

    jumayli
    Баниран/a

    192
    111
    21 Март 2013
    Машко
    слободен уметник
    Секоја чест за рецензијата. Секој љубител на возачки симулации би ја посакал оваа играчка, но, цената е таа што е. :)

    P.S.-Продавам Zastava Jugo 45, со ForceFeedback и симулација на неравнини. Исто така содржи интегрирани звучници кои создаваат звук како да возите со 150км/ч а возите 50. Содржи интегрирана кука motion feedback. Цена - 23.500 ден.
     
  7. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,721
    13,090
    2 Август 2012
    Машко
    Свака част
    Дали се сеќаваш или можеш да кажеш дали педалите Windowsot ги гледа како една оска или 3 независни оски? (на пр. X, Y и ZY) > чукни едно joy.cpl
    Ова ми треба затоа што сакам да си направам педали за авион (rudder control) но педалите мораат да имаат две оски

    P.S
    Јас пак мислев дека нема заинтересирани за скап хардвер. За недела-две очекувам да го добијам Saitek X52 Pro HOTAS систем и, ако е се во ред, да манам една рецензија?
    Претходно имав „обичен“ X52 и двата заедно со Pro верзијата се вистинско технолошко чудо и се во самиот врв што се однесува до квалитет и прецизност во игра.
    Сале ќе разбере што кажувам..
    Двата модели користат безконтактан технологија односно hall магнетни сензори
     
  8. MachineGunMan

    MachineGunMan
    Баниран/a

    228
    125
    12 Јануари 2013
    Машко
    Ми се допаѓа рецензијата ама многу го тупите со тоа кутиите.
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,911
    26,282
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Нема збор дека цената е висока за наши услови, но на запад сите страствени играчи на тркачки симулации имаат по една ваква или слична играчка.
     
  10. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,721
    13,090
    2 Август 2012
    Машко
    Навистина! Ја разбирам воодушевеноста и ентузијазмот на рецензентите но навистина нема потреба од еден куп слики од амбалажата или ако веќе се ставаат слики нека бидат „три во едно“ слика. Опис на амбалажата навистина не е потребен.

    Сакам да кажам нешто во врска со квалитетот на скапите Logitech играчки-џојстици. За жал цената кај Logitech не асоцира на квалитет ..и не само што не асоцира туку да сум безобразен би рекол дека се со катастрофално лош квалитет но не сум безобразен и не велам така :)
    Еве еден пример. Logitech Flight System G940 е профи (што и да значи ова!) џојстик+педали+туража односно HOTAS систем за летање кој чини околу 670$(!) и користи вакви потенциометри
    throttlepot2.jpg
    во народот познати како crapots што ќе речи век на траење = 6 месеци во најдобар случај. Навистина безобразно од Logitech.
    Додека Saitek и останатите користат обични (кои ионака се евтини) и ако се добро заштитени од прашина траат многу подолго а исто така на критичните места користат, како што напишав, магнетни Hall сензори. За истата цена Saitek нуди Presure Sensitive џојстик кој нема покретни делови - исто како кај вистинските палици во воените авиони.
    saitek_potentiometer1.jpg
     
  11. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,361
    2,145
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Не друже ако го имаш сето тоа ќе купиш 3 вакви и ќе се собираш со другарите да се тркате на Нирбургринг, или син ти ќе го прави тоа. Иначе се исплати за сите пари, ја пред 4 години си го земав G25 и ден денес се подмочувам од радост кога ќе имам време да го извозам, (гасам телефони, светло, ставам слушалки до даска и шумахер не ми е равен :cool:).

    Најголема предност е тоа што нема да убиеш/осакатиш никој возејки брзо со југцето или со астрата ,,брат нова кола, лета, сама се вози, ако пишуе на кривина 60 астрава со 120 може да ја фати“ и оп ко штипјанчињава, греота. Сакам да кажам дека ќе се испуцаш дома, нема да ти треба јачање у вистински живот. Барем кај мене така се манифестира дружењето со воланчето.

    @FLEGMA не знам за системот за летање иако едно време сериозно мислев да го земам, ама G25-ката е rock solid, додуша не е многу возена ама и по 4 години е истата и функционира беспрекорно.
     
    На Revan и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  12. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,721
    13,090
    2 Август 2012
    Машко
    Си имал среќа (а и јас)
    Не постои човек што нема поплаки од овој систем. Сепак, ако е утеха „лесно“ се модифукува во смисла на ставање подобри потенциометри (рачката нема потенциометри) во туражата која пак има фабрички баг на фирмверот кој дава ератични движења - наместо линеарно тоа го прави во непредвидливи скокови.
     
  13. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,931
    2,781
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Гледам за цената правите муабет, ве молам погледнете ја реалната цена на воланов, за истиот модел станува збор, нели? На Амазон се наоѓа дури и поевтино.
     
    На jumayli му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,716
    30 Мај 2010
    @molec ми продаваа G25 за 8000 и сеуште мислев дека ми е скап, а камоли 25000.
     
  15. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,361
    2,145
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Секој си има право на мислење, те разбирам. Некој си цени тивко куќиште повеќе, некој рам со сијалички, некој кабли преслечени со плетен конец, секој си има слабости.


    Мојот волан го платив 200 евра пред 4 години (убаво памтам, цела тогашна плата ја фрлив, и бивша колешка од факс шо работи у Нико баш ми го продаде и ме реметеше демек не ти е срам вол толкав со воланчиња да си играш = НЕ! :geek: ) и не би го продал зашто уште ми причинува задоволство, ниту пак би зимал некој понов, поспецијален се додека овој е поддржан со драјвери и нормално функционира. Едноставно мене ми вреди за сите пари.

    А ценава што е наведена во рецензијава е стварно безобразна, не знам на што се должи и дали е актуелна.
     
  16. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,911
    26,282
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
  17. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,361
    2,145
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
  18. jumayli

    jumayli
    Баниран/a

    192
    111
    21 Март 2013
    Машко
    слободен уметник
  19. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,911
    26,282
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Шаблонот по кој ги правам рецензиите е тој, доколку имаш подобар повели пишувај.
    Тоа е...

    Јас само си пренесувам цените што они ги имаат дадено, доколку сметате дека е нешто ирелевантно обратете се кај нив.
     
  20. MachineGunMan

    MachineGunMan
    Баниран/a

    228
    125
    12 Јануари 2013
    Машко
    Па можеш малку да го видоизмениш шаблонот кај кутиите. Да беше видео рецензија океј, ама вака, баш ич не ми е гајле што има на кутијата. Како е спакувано океј, меѓутоа сликички... ехх....
     
  21. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,361
    2,145
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима


    Не мислев ништо лошо, супер си е рецензијата, темелна, прецизна со сите нишани. Си коментирам само за високата цена, ме мрзеше да отварам да барам цени, ама знам дека е прилично висока, сигурно им е нов модел па го јачаат, не знам, карикирам.
     
  22. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,716
    30 Мај 2010
    Баш напротив воопшто не станува збор за нов модел.

    Околу рецензиите и кутиите. Дајте да видиме нешто ваше ?
    И кога бараме коментари и критики не бараме од типот (го тупите). Ако го тупиме не ги читајте и крај.
     
    На Revan му/ѝ се допаѓа ова.
  23. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,721
    13,090
    2 Август 2012
    Машко
    Чудна работа со цениве. Ова е сајт за цени (споредба) во Аустија и се движи од 230 евра во Ditech.at до 393 евра. Меѓутоа за релевантни ги земам цените од продавници од каде шо може да се купи за кеш...значи не on-line.
    Кој не го мрзи да гледа бујрум. Всушност ова е прекрасна страна за споредба - со еден клик цените низ Аустрија (ажурирана страна)

    Иначе има две варијанти. Или овие од Нико го „примиле“ кога го набавиле или се малку збунети :D

    [edit]
    Де бе па ти. Не биди толку скокотлив. Она е добронамерна критика. Со душа чекаш да започне убавиот дел од рецензијата а ти сеуште си кај амбалажата.
    Нешто слично како оние оригиналните DVD изданија каде што има FBI и CIA предупредувања дека ќе лежиш 38 години робија и ќе му бидеш женска на некој црнец :D
     
  24. MachineGunMan

    MachineGunMan
    Баниран/a

    228
    125
    12 Јануари 2013
    Машко
    А што ако мојот начин на критики е од типот тупење? Можеби погрешно се изразив, во секој случај сликичките на кутијата се БЕЗпотребни. Критиката ја објаснувам во мојот втор коментар.
     
  25. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,731
    2,393
    14 Декември 2010
    Машко
    А што толку сметаат тие 2-3 реченици и 2-3 слики за кутијата? Сигурно си читал многу ривјуа на нет од странскиве портали, 99% го вметнуваат и тој дел, и не гледам зошто би сметало?

    Инаку одлично ривју како и секогаш :cool:
     
    На Revan и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Todor91
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    2,439
  2. Steff_Maja
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    892
Вчитување...

Сподели

Вчитување...